дома блог страница 1337

Важно соопштение од прилепските црковни храмови за престојните празници Св. Екатерина и Меркуриј

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СВ.ВМЧ-ЦИ ЕКАТЕРИНА И МЕРКУРИЈ oд прилепските црковни храмови

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ. За претстојната слава на СВ. ВМЧ-ЦИ. ЕКАТЕРИНА И МЕРКУРИЈ, во храмот Света Петка – Точила лепчиња ќе се креваат ВО ВТОРНИК (06.12.2022г.) во периодот од 9:00 – 11:00 часот, додека во храмот Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) лепчиња ќе се креваат претпладне од 7:30-11:00 и попладне од 16:00 – 17:00 ч.

-СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.30 часот.
-СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) – од 08.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот.
-СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.
-СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.
-На 09ти утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Честита слава на сите кои ги чествуваат СВ. ВМЧ-ЦИ. ЕКАТЕРИНА И МЕРКУРИЈ како закрилници на нивните домови т.е. домашна слава! Честит и вековит именденот на сите кои ги носат имињата на овие светители! Нека ни е за многу години и на помош.

Дpвокpaдци уништиле над 30 гpoбни плочи во прилепско Дабница, додека ги пycтошеле багремовите дрвја (Фото/Видео)

Преку 30 искршени надгробни плочи оставиле деновиве дрвокрадци на гробиштата во прилепското село Дабница, кои ги опустошиле багремовите дрвја.

Гробиштата во Дабница се наоѓаат во кругот на црквата Св. Никола, а пустошењето е трето во оваа година, велат жителите кои имаат свој имот во ова село.

Велат дека случајот повторно го пријавиле во полиција, но се сомневаат дека нешто ќе биде преземено

Повеќе погледнете во прилогот на Каролина Дурло за “АЛФА ТВ” на следниот ЛИНК:

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/575035457667791

На Британците им пyкна филмот: “На Албанците да им се забpaни да бараат азил”, вели британскиот министер за емиграција

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“, изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.

Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години.

Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо.

Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“.

Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија.

Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето.

Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.

Црковното раководство прави се’ за храмот да блеска, ама поединци уништyвaaт, кpaдат цвеќиња, саксии и фрлаат отпyшоци каде ќе стигнат (Фото галерија)

– Во вчерашната акција под диригентската палка на стручните лица од ДАР ДАМ ГРАДИНА се насадија десет садници Chamaecyparis lawsoniana ‘Ellwoodii’ (благодарност до донаторот на овие садници), потоа повеќе млади садници ФОТИНИЈА РЕД РОБИН и три садници Ginko biloba. Според планираното, ова е последно “пошумување” за есенва. Благодарност до сите кои помогнаа (преку донации, личен ангажман или на било кој начин) да се облагороди просторот околу храмот – напишаа од храмот Св. Петка на Фејсбук.

Црковното раководство во овој храм прави се’ во нивна можност храмот и паркот да изгледаат прекрасно и уредено, но за жал примитивизмот кај поединци никако да исчезне. Имено, во дворот на црквата дрвца се садеа и минатиот месец, кога се насадија повеќе видови садници: quercus rubra (црвен даб), magnolia grandiflora, salix integra и pendula (украсни врби), pon-pon, Thuja smaragd, Juniper blue arrow и повеќе садници на столбести разнобојни ружи, но за жал само неколку дена подоцна непознати сторители уништиле дел од дрвцата.

Од црковниот храм Св. Петка напишаа и дека се краделе цвеќиња и саксии од дворот, а поединци фрлале отпушоци насекаде низ дворо и гаселе во жардињерите со цвеќиња.

Прилеп беше рамноправен противник цели 45 минути, а потоа следуваше серија на Бутел

Eкипата на Бутел попладнево во Прилеп славеше над домашната екипа со 25:33 и се зацврсти на третото место на Суперлигашката табела.

Иако првиот дел и речиси половина од второто полувреме двете екипи беа речиси изедначени, Бутел успеа да направи серија во последните 15 минути и да стигне до висока разлика од 8 гола на крајот од натпреварот.

За прилепчани ова беше деветти пораз и остануваат на шестото место на табелата. Пред разигрувањето во плеј-аут сегментот, прилепчани наредната недела на гости ќе играат уште со Куманово.

ЛИНК ОД НАТПРЕВАРОТ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Натпревар кој мораше да се добие, но Победа не успеа: Скопје извлече бод во Прилеп

Фудбалерите на Победа попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, го одиграа последниот меч на свој терен оваа есенска полусезона како домаќини на составот на Скопје.

Беше ова дуел на двете последнопласирани екипи на табелата и директна пресметка за прволигашки живот. За црвено-белите свежи се уште беа непријатните сеќавања од првиот меч во Скопје, кој несреќно го загубија, иако заслужија да останат непоразени.

Едноставно за победашите на овој меч немаа избор и мораа да победат, но натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.

Се играше пред малку публика и со големо присуство на полицијата, а црвено-белите не успеаја да го срушат фенерџијата на табелата и да му се одлепат на 5 бода.

Сега ситуацијата на табелата останува непроменета. Скопје е последен со 10 бода, пред Победа и Академија Пандев со по 12.

Во следното коло Победа има тешко гостување кај Брегалница во Штип.

Османи: Наредните години ќе расчистиме со кopyпцијата

Наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа. Не се амбицирам, затоа што нема општество исчистено во целост од ова зло. Но, Северна Македонија мора и тој дел да го помине за навистина да биде пример држава не само во регионот, туку и пошироко. Сега ни е шансата за тоа, сега ни е фокусот таму, сега и нашите пријатели се фокусирани во тој дел, ајде да се здружиме сите и да кажеме стоп на корупцијата.

Ова е повикот од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешниот брифинг со новинарите, кои прашуваа на повеќе теми, но главно во фокусот беа прашањата за борбата против корупцијата.

– Наредните години, ќе бидат години на антикорупциска политка за државата станува уникатен модел. Тоа што го созддадовме во делот на мултиетничката демократија, како култура на односи, на дијалог, на решавање на конфликти и прашања, создадовме сериозен модел на оваа држава во регионот. Уште ни треба да имеме сериозна демократија и сериозни институции во борбата против корупцијата и ние ќе бидеме така што треба да бидеме, како што очекуваат нашите пријатели и како што очекуваат нашите граѓани, рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, државата ги реши егзистенцијалните прашања, внатрешно се консолидираше во однос на функционална мултиетничка демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите со соседите, рече тој, се етаблирараше меѓународно. Ова е, нагласи Османи, позитивен развој на државта и општеството, кога останатите прашања веќе се решени,

– Ова е заедничка определба помеѓу нас и САД за засилена антикорупциска борба. Државата и ние апсолутно ги поддржуваме тие ставови на САД и очекуваме сериозна поддршка. Еден од мотивите за почнување на стратешкито дијалог со САД беше нивно вклучување во атикорпциските полтики и овде. Сега веќе имаме два големи инструменти за следење на антикорупциските политики. Еден е скринингот и преговорите со ЕУ и САД преку стратешкиот дијалог и нивните инструменти, дали се тоа механизмите на внесување во црни листи или други јавни именувања или други начини на поддршка, појаснуваше министерот Османи.

На новинарско прашање каква конкретна помош очекуваат од САД во борбата против корупцијата, Османи повтори дека во рамки на стратешкиот дијалог САД досега дале 4,2 милиони евра само за поддршка антикорупциските политики. Очекуваат поддршка и во обука, но и искористување на конкретните механизми што ги имаат на располагање САД.

– Република Северна Македонија има сериозен проблем со корупцијата на сите нивоа, не само на политичко. На сите можни нивоа, во сите можни општествени сектори каде граѓаните бараат услуги од државата на било кое ниво. Овој фокус што го ставаме заеднички со нашите партнери САД и со ЕУ, е и резултат што големите прашања ги надминавме, кои не дефокусираа од оваа политика на борба против корупцијата, дециден е министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Hapко – бандите од Арачиново ќе бидат yaпceни кога ќе дојдеме на влacт, вели Мицкоски

Уште од првиот ден по промената на власта и преземањето на раководењето на институциите, вклучително и на МВР, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, овие лица и нарко банди од Арачиново, кои сите ги знааат, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како коментар на вчерашниот демант од МВР според кој во Арачиново немало случај на закани кон полицијата од страна на вооружени лица. Мицкоски повтори дека во партијата ги знаат тие „локални шерифи“.

„Точно знаеме кои се криминалците од Арачиниво кои пред неколку дена нападнаа и избркаа полицајци кои си ги извршуваа работните активности и ќе оставиме на институциите да си ја завршат својата работа, а првиот ден кога ние ќе ги превземеме институциите ќе видите точно за кои луѓе станува збор и тие луѓе ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Еве, јас ветувам, држете ме за збор. Точно знаеме кои се луѓето, кои возила ги возат, како изгледаат, со што се занимаваат, каде се движат и што прават. Првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе институциите и ќе го превземе Министерството за внатрешни работи, еве ви ветувам дека тие луѓе, лично, пред вас ќе бидат изведени и пред лицето на правдата”, истакна Мицкоски.

Синоќа апceње во два угостителски објекти во Битола: Пpoнajдена дpoга кај тројца битолчани

Изводоци од полицискиот билтен на МВР

-Денеска (04.12.2022) во 02.35 часот во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(35) и С.Р.(47), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

“Eкспрес.мк”: Aлијанса добива 3 министри, 2 заменици и 25 директори – еве во кои ресори

Алијанса за Албанците која срамежливо преговара за влез во владата добива челни позиции во три владини ресори, министерствата за правда, животна средина и здравство, тврдат партиски извори – објави “Експрес.мк”

Дополнително Таравари треба да добие и двајца заменици министри за транспорт и врски, и за култура.

Во игра се и 25 директорски места во разни државни Управи и агенции, меѓу кои:
МЕПСО, ПИОМ, АД Железници, Управа за матични книги, Агенција за странски инвестиции, директор на Инфективна клиника, директор на клиниката за офтамологија, директор на Управата за заштита на културното наследство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и директор на Државниот просветен инспекторат, директор на Агенција за млади и спорт, директор на Македонски шуми и други. Во дипломатијата на Алијанса И се нудат две амбасадорски места, од кои едното испразнетото место е Берлин.

Во институциите што би ги раководела и во други Алијанса ќе може да вработи стотици свои партиски членови.

Се преговара и за одредена позиција што Алијанса би ја добила и во МВР, како некое место на помошник министер и началник на некој сектор во вториот ешалон, тврдат добро информирани партиски извори.

Влезот на АА треба да се случи по конгресот закажан за 17 декември кога Таравари сака да расчисти со противниците за влез во владата кои тврдат дека партијата не смее да стане привезок на ДУИ.

Извор: “Експрес.мк”