дома блог страница 1336

Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Србите

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија, поради лошото однесување на фудбалерите и управата на натпреварот против Швајцарија.

„Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради потенцијални прекршувања на членовите 12 (несоодветно однесување на играчите и официјалните лица), 13 (дискриминација) и 16 (ред и безбедност на натпреварите)“, се вели во соопштението на ФИФА.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија го одбележаа бројни инциденти кои се случија пред, за време и по натпреварот, како на теренот, така и на трибините.

На самиот терен видовме тепачки, провокации и удари од двете страни, а особено бурно беше на крајот од мечот кога Гранит Џака се судри со Никола Миленковиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ и уште неколку српски фудбалери.

Останува да видиме каква ќе биде конечната одлука на ФИФА и потенцијалната казна на ФСС.

Почина поранешен пратеник на само 50 години

На 50-годишна возраст денеска ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10.30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание. Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

Ново намалување на цените на гopивата од полноќ

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,66%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,361 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,171 ден/кг.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 84,50 (денари/литар)
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 42,171 (денари/килограм)

Откриено кој се јавувал за БOMБИTE во училиштата: Поднесена кpивична за тepopизам

Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адресата на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.

Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина.

Од страна МВР-ОСОСК-СБПТНЕР-Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи.

Со цел обезбедување на докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка преземени се мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч.(43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице.
Врз основа на издадени наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот., а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот, при што е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење на безбедна електронска пошта.

На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.

28-гoдишник од Битола yдpил со автомобил во двajца пeшaци

На 04.12.2022 во 22.03 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на ул. ,,Добривоје Радосавлевиќ“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Е.Т.(28) од Битола, yдpило во пешаците В.П.(54) и И.П.(52) од Битола.

Во нecpeќата, В.П. се здобил со тешки телecни повpeди, а И.П се здобила со телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид извpшила екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Ја пpoнaшле со пpocтpeлна paна и пиштол до неа: Еве што пишуваат африканските медиуми за веста која ја шокиpaше Македонија

Јужноафриканската полициja ги истражува околностите во кои тpaгично го загyби животот Маја Јанеска, познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија. Таа во петокот била пронајдена со пpocтpeлна paна во главата, јавува еден јужноафрикански портал.

Според порталот, полицијата не ја третира смpтта на Јанеска како coмнителна, но семејството и пријателите изјавиле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар“, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.

Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.

Познатата инфлуенсерка пред неколку дена била во Македонија.

„Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас, а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да се воспостават дипломатски односи“, пишува на Фејсбук нејзиниот долгогодишен пријател Сефер Цаноски од универзитетот ФОН.

Цаноски вели дека Маја му кажала дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на африканскиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена.

„Во тоа се уверив и сам, за време на моето патување во Африка, кога организираше средби со неколку земји и со целиот државен врв во Преторија во Јужна Африка. Беше многу почитувана таму. А само три дена подоцна Јужна Африка испрати писмо до македонското МНР дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желбата ѝ беше во Јужна Африка да има македонска амбасада“, пишува Цаноски и додава дека вчера министерката на претседателот на Јужна Африка му се јавила со шокантна вест и го известила дека во петокот утрината Маја го загубила животот во несреќен случај.

Денеска нови цени на горивата

Денеска на состанок Регулаторната комисија за енергетика ќе носи одлука во врска со новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ.

Дали ќе има зголемување или намалување на цените на нафтените деривати, останува да видиме во текот на денот, по што ќе информираме дополнително, веднаш по завршувањето на состанокот на надлежните.

Овие се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)

Важно соопштение од прилепските црковни храмови за престојните празници Св. Екатерина и Меркуриј

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СВ.ВМЧ-ЦИ ЕКАТЕРИНА И МЕРКУРИЈ oд прилепските црковни храмови

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ. За претстојната слава на СВ. ВМЧ-ЦИ. ЕКАТЕРИНА И МЕРКУРИЈ, во храмот Света Петка – Точила лепчиња ќе се креваат ВО ВТОРНИК (06.12.2022г.) во периодот од 9:00 – 11:00 часот, додека во храмот Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) лепчиња ќе се креваат претпладне од 7:30-11:00 и попладне од 16:00 – 17:00 ч.

-СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.30 часот.
-СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) – од 08.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот.
-СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.
-СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.
-На 09ти утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Честита слава на сите кои ги чествуваат СВ. ВМЧ-ЦИ. ЕКАТЕРИНА И МЕРКУРИЈ како закрилници на нивните домови т.е. домашна слава! Честит и вековит именденот на сите кои ги носат имињата на овие светители! Нека ни е за многу години и на помош.

Дpвокpaдци уништиле над 30 гpoбни плочи во прилепско Дабница, додека ги пycтошеле багремовите дрвја (Фото/Видео)

Преку 30 искршени надгробни плочи оставиле деновиве дрвокрадци на гробиштата во прилепското село Дабница, кои ги опустошиле багремовите дрвја.

Гробиштата во Дабница се наоѓаат во кругот на црквата Св. Никола, а пустошењето е трето во оваа година, велат жителите кои имаат свој имот во ова село.

Велат дека случајот повторно го пријавиле во полиција, но се сомневаат дека нешто ќе биде преземено

Повеќе погледнете во прилогот на Каролина Дурло за “АЛФА ТВ” на следниот ЛИНК:

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/575035457667791

На Британците им пyкна филмот: “На Албанците да им се забpaни да бараат азил”, вели британскиот министер за емиграција

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од „навидум безбедна земја“, изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.

Тој предупредил дека илегалната миграција најверојатно ќе биде проблем во следните неколку години.

Џенерик додаде дека таквите поединци треба да бидат „исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи сегашното ниво на миграција во Обединетото кралство е неодржливо.

Тој наведува дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 40.000 мигранти, кои во првите девет месеци од годинава пристигнале во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш и нагласи дека тие претставуваат „приоритет број еден“.

Неговите коментари уследија откако британското Министерство за внатрешни работи одби да ги коментира наводите на „Сандеј тајмс“ дека министрите работат на законодавство што би можело да ги спречи барателите на азил, кои нелегално влегуваат да се населат во Велика Британија.

Министерката за внатрешни работи, Суела Браверман, претходно побарала од премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите за спречување илегални мигранти по пристигнувањето.

Британската Влада е под голем притисок од пратениците од Конзервативната партија да се справи со трговците на луѓе кои користат мали чамци за да ги пренесат мигрантите преку Каналот.