дома блог страница 989

Нова законска измена и нови главоболки за пушачите: Цигарите повторно ќе поскапат

Во 2024 година, од два до четири денари, ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи. Тоа се должи измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со измените се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.

Дополнително, во Предлог-законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалаци – пишува во образложението на законот изготвено од ресорното министерство.

Игор Џамбазов и Гуру Харе, Андријана Јаневска, Елена Велевска, диџеи – Кривогаштани се подготвува за првиот “Фестивал на пиперката”

По примерот на повеќе други општини, и малото Кривогаштани од оваа година ќе има свој фестивал. Градоначалникот на општината, Николче Мискоски го најави “Фестивалот на пиперката”, кој ќе се одржи на 27. август, а на истиот гостите и жителите од општината ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма.

-Ве очекуваме на ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА на 27ми август со почеток во 17 до 02 часот во општина Кривогаштани. За вас подготвивме:

-изложба на пиперки и производи од пиперка, примоција на производи од нашите произведувачи, изобилство и разновидност на производи

-Музичка програма – Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велеска, нашите локални изведувачи Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, а ќе има и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.

-Детска програма – детско катче за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци

-Локална Храна – промоција на извонредниот вкус на локалната храна од Кривогаштани

Зачувајте го датумот и придружете ни се заедно да ја славиме нашата култура и традиција – напиша Мискоски на ФБ.

Претрес во битолско: Кај 39-годишник пронајдено оружје и муниција

Вчера (18.08.2023) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола врз основа на Наредба за вршење на претрес на дом и други простории од Основен суд Битола, извршија претрес во дом и други простории во с. Олевени, битолско кај лицето П. К.(39).

При претресот пронајдени и одземени се 65 патрони ловна муниција , 6 парчиња боева муниција од различен калибар, 1 рамка за пиштол , 1 воздушна пушка калибар 5.5, 1 ловна пушка марка „CZ“ и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

За многу години, денеска е Преображение Господово: Листовите почнуваат да жолтеат, а водата станува постудена

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтBa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.

Во Прилеп одбележан 18. август – Денот на армијата на Република Македонија (Фото галерија)

Со воена свеченост денес во касарната „Мирче Ацев“, беше одбележан Денот на Aрмијата на Република Македонија-18 Aвгуст. На одбележувањето покрај градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески присуствуваа претставници од Сојузот на борци, јавните претпријатија и други јавни институции од градот со кои оваа единица има соработка.

Нашата Армија даде огромен придонес и помош за време на природните катастрофи, од кои беа погодени нашите партнерски земји – земјотресите во Турција, поплавите во Словенија, а застана и во поддршка на украинскиот народ. Највисоко признание за припадниците на Армијата не се ордените и медалите, туку довребата која во нив ја имаат македонските граѓани. Армијата е чувар на сè она што го држи македонското општество заедно, беше порачано денеска по повод 18 Август – Денот на Армијата.

Додека нашите пензионери се борат за трошки, во Србија Вучиќ најави зголемување на пензиите за 55%

Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат, највозрасните граѓани од Србија ќе добијат покачување на примањата од дури 55%.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави историско зголемување на пензиите веќе од октомври, а освен тоа најави и низа поволности преку т.н. пензионерски картички.

„Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници“, изјави Вучиќ.

Во меѓувреме македонските пензионери кои со недели протестираат, за недела во Скопје, најавуваат нов голем собир на кој ќе ги повторат своите барања – линеарно покачување од 3.500 денари за сите.

Хорор во прилепско: Син го запалил татко си по семејна расправија

На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко. Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.

51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп. Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

(ВИДЕО) Прилепските пензионери на 36 степени го блокираа кружниот тек кај “Солидност” – Порачаа дека нема да отстапат од своите барања

Со блокада на кружниот тек кај “Солидност”, пензионерите од Прилеп и денеска на 36 степени ги повторија своите барања, достоинствени месечни примања за достоинствен живот.

Ова е 11-ти ден како пензионерите од Прилеп се собираат и бараат линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари. Живеачката со 12.000 денари е речиси невозможна, особено денес кога цените на продуктите се речиси двојно покачени. Пензионерите од Прилеп порачуваат дека нема да отстапат и ќе продолжат да протестираат и во наредните денови.

По 11-ти пат Битола ќе биде обоена во бело: На “Бела ноќ” годинава доаѓаат “Нокаут” и Дејвид Моралес

И оваа година на Широк Сокак во Битола ќе се одржи традиционалната “Бела ноќ”.

Забавата која повторно ќе го обои градот на конзулите во бело се одржува по 11. пат, а годинава е закажана за 25. и 26. август.

На плоштадот “Гоце Делчев“ свој настап на 25. ќе имаат “Нокаут” и The Groove, a на 26. битолчани и сите гости ќе уживаат во сетот на еден од најдобрите диџеи, Дејвид Моралес.

Затоа резервирајте си навреме маса во некој од битолските локали и поминете одлично време со вашите блиски и пријатели.

Изграден асфалтен пат до преубавото светилиште во мариовското село Градешница (ФОТО)

Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски информира дека продолжуваат со реализација на проекти за доброто на жителите на Општина Новаци, а во насока на подобрување на патната инфраструктура, но и економски развој на мариовскиот крај како препознатлива дестинација која изобилува со богато културно, историско и природно наследство интересно за домашни и странски туристи.

„Со изградбата на овај пат ќе се овозможи непречено движење на локалното население, но и ќе се подобри атрактивноста на овај регион за привлекувањето на туристите. Изградбата на патот до манастирот Св. Илија Брен во село Градешница, Општина Новаци го реализираше во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку програмата за Регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа“ вели Стевановски.

Фото/www.itarpejo.org