дома блог страница 990

Kaj eдниот пронашле марихуана па ги уапсиле сите: Шестмина млади битолчани завршија во полициска станица

На 17.08.2023 во 20.40 часот на ул. „Никола Георгиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.О. (25), С.К.(34), Р.О.(19), Ќ.К.(21), А.Ј.(26) и Ф.Ф. (29), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Р.О. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Неколку улици од утрово во Прилеп немаат вода: Еве до кога ќе трае прекинот

Почитувани, сакаме да Ве информираме дека на ниво на град Прилеп се случија повеќе дефекти поради што водоснабдувањето на ден 18.08.2023 (петок) ќе биде нарушено поради хаварија на главен довод – информираат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

– Собирна – Извори
– ул. Октомвриска (кружен тек кај Стерна)
– ул. Леце Котески
– ул. Спиро Црне
– ул. Братство и единство
– ул. Ѓорѓи Димитров

Николоски: Денес сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат НЕ за уставните измени!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку статус на Фејсбук денеска пишува дека денес сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат НЕ за уставните измени.

„НЕ за уставни измени!

Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет.

Македонија е реализација на желбите за независна држава на вековните копнежи и борби на Македонците!

Затоа ниедна наметната власт, ниедна сила и притисок не може да не натераат да се избришеме!

ВМРО-ДПМНЕ е заштитникот на Македонскиот народ. Затоа денес СИТЕ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат НЕ за уставни измени!

Ден за историја! Да живее Македонија!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Се чекаа редици за лимонада и колачи: Најслаткиот штанд кој досега сте го виделе – дечиња ги израдуваа прилепчани во паркот кај судот (ФОТО)

Воспитувачите во центарот за деца Royal Kids House од Прилеп, освен знаење од различни области, постојано ги учат најмалите на добрите животни навики и морални вредности, а тоа се: правење добри дела, хуманост и ширење радост и среќа.

Една таква убава активност имаа деновиве во паркот кај судот, каде дечињата со нивните наставнички го поставија досега најубавиот штанд кој сте го виделе.

Се продаваа лимонада и колачи по симбилична цена, а детските насмевки и љубов ги примамија сите минувачи.

-Добрите дела се повеќе од неопходни за денешното брзо живеење. Добрите дела не исполнуваат и инспирираат на секој чекор. Споделувањето љубов и внимание ги прави сите во околината среќни, а нас самите уште посреќни. Довербата и зачетокот кон градење подобро човештво и подобри луѓе започнува од мали нозе. Денес ја разбудивме хуманоста и им дадовме пример на децата. Моралните вредности пред се – напишаа од Royal Kids House на нивната Фејсубк страна.

Внимавајте што пишувате на социјалните мрежи: Прилепчанец заработи кривична пријава за коментар на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(56) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на објава на еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со недолична содржина со кој ширел говор на омраза – информираат од МВР.

После анкетата на Маркукуле, од МВР се сетија да излезат на терен: Денеска казнети 19 возачи на моторцикли

Во текот на денешниот ден (17.08.2023) во период од 15.00-20.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 19 возачи.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.

Маркукуле преку својата ФБ фан страна пред 2 дена спроведе анкета со прашање: Дали полицијата треба да патролира во секое маало и да го санкционира дивеењето со моторцикли низ улиците, особено во доцните вечер часови, кога се создава огромна бука, пред се од малолетници на веспи? Голем број граѓани го изразија својот револт и побараа полицијата да ги засили контролите.

https://www.facebook.com/photo?fbid=691808259642897&set=a.559920129498378

Расчинет поп ги крштевал и венчавал нашинците во Италија – МПЦ вели дека сите што ги крстил остануваат некрстени, а венчаните се невенчани

Македонските православните верници во Италија кои се крстени или венчани од струмичкиот свештеник Боро Милчев се изманипулирани, информираат од МПЦ-ОА. Тие потсетуваат дека свештеникот бил расчинет уште во 2021 година, а дека во меѓувреме пред Македонците во Италија се претставувал дека е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот Архиепископ.

Ги информираме излажаните верници да го контактираат единствениот канонски свештеник на МПЦ – ОА во Пјаченца, отец Климент Мишањ, или пак, во епархиите на МПЦ – ОА во нашата татковина од каде што потекнуваат, да се крстат и венчаат во Православната Црква, оти не може во име на Црквата да прави ништо оној што отпаднал и е надвор од Црквата, како што е Боро Милчев. А, што се однесува до оние што свесно го креираат тоа расколничко дувло и го потпомагаат овој расколник, по соодветниот допис од Европската православна епархија на МПЦ – ОА, во нашата Црква ќе бидат третирани исто како и расчинетиот Боро Милчев, сѐ додека не се покајат и вратат во послушание кон МПЦ – ОА.

МПЦ уште еднаш ја објави одлуката и решението за расчинување на Милчев потенцирајќи дека се што направил тој во меѓувреме нема легитимност од Црквата односно децата што ги крстел остануваат некрстени, а венчаните остануваат невенчани.

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВ ПЕКОЛ – еве какво време не очекува за време на викендот и следната недела!

Под влијание на топла воздушна маса, во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени, соопшти УХМР.

Утринските температури ќе бидаат во интервал од 13 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 39 степени.

Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот. Во недела и понеделник особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Пронашле дрва, ама не и сторители: Полицијата пронајде 8 кубици огревно дрво кај Плетвар и Ропотово

На 16.08.2023 околу 17.00 часот и во 18.20 часот, по преземени мерки и активности, во близина на с.Плетвар и во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и Полициското одделение Ропотово пронашле осум кубни метри бесправно исеченo огревно дрво.

Дрвото било предадено на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

Ни доаѓа еден од осумте најголеми празници: Од овој ден листовите почнуваат да жолтеат, а водата станува постудена

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтBa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.