ЕФЦ со нови старт-пакети за компаниите: Целосна логистика без инвестиции во сопствен магацин и персонал

Како да се води успешен онлајн бизнис без инвестиции во сопствен магацин, дополнителен персонал и организација на целокупниот процес на испорака? Ова беше една од темите на медиумскиот појадок што го организираше ЕФЦ – Еко Фулфилмент Центар, на 18 ноември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На средбата со претставниците на медиумите, Лео Гешовски, сопственик на ЕФЦ, и Иван Димишковски, раководител во компанијата, го претставија концептот на работа, логистичките решенија и визијата за развој на современите фулфилмент услуги, со посебен акцент на новите старт-пакети наменети за малите, средните и растечките бизниси.

Во фокусот беше сè позначајната улога на логистиката во електронската трговија, особено во периоди на зголемен обем на нарачки како Black Friday, кога брзината на обработка, точната евиденција на залихите и навремената испорака се клучни за задоволството на купувачите.

ЕФЦ најавува интегрирано решение за е-трговците – од складирање и онлајн управување со залихите, до пакување и испорака во Македонија и низ Балканот.

„Не ви се исплати да земате магацин под кирија – ние ви нудиме сè на едно место“

„Зошто компаниите да инвестираат во сопствен магацин, вработени и логистика, кога сето тоа можат да го добијат како една комплетна услуга?“ Ова беше една од клучните пораки на медиумскиот појадок.

„Нашата порака до компаниите е едноставна: не ви се исплати да земате магацин под кирија, да инвестирате во опрема, персонал и дополнителни логистички процеси. Ние ви нудиме комплетен пакет – магацински простор, дигитализирано управување со производите, обработка на онлајн нарачките, пакување и организирана достава. Вие фокусирајте се на продажбата, а логистиката препуштете ни ја нам“, истакна Лео Гешовски, сопственик на ЕФЦ.

Според Гешовски, целта е да им се овозможи на компаниите да започнат или да го прошират својот бизнис без големи почетни инвестиции во сопствена логистичка инфраструктура.

Дигитална контрола врз секој производ и секоја нарачка

Една од главните предности на решението што го нуди ЕФЦ е дигитализираното управување со целиот процес.

Компаниите можат онлајн да имаат преглед на залихите за секој артикл, бројот на примени и обработени нарачки, како и статусот на нивната подготовка и испорака.

„Денес, за еден онлајн бизнис не е доволно само да има добра веб-продавница. Потребно е во секој момент да знае колку производи има на залиха, колку нарачки се примени, кои се подготвени за испорака и каде се наоѓа секоја пратка. Токму затоа нашиот процес е дигитализиран и организиран така што компаниите добиваат контрола и прегледност, без самите да управуваат со магацинските операции“, посочи Иван Димишковски, раководител во ЕФЦ.

Испорака следниот ден – не само во Македонија, туку и низ Балканот

ЕФЦ посебно го истакна регионалниот потенцијал на својата логистичка мрежа, преку партнерства за достава на пратки на балканските пазари.

„Нашата предност е што не застануваме само на складирањето и пакувањето. Имаме партнери за достава следниот ден, а соработуваме и со партнери низ Балканот. На компаниите сакаме да им овозможиме од едно место да ја организираат продажбата и логистиката за повеќе пазари. Сметаме дека во моментов ваква целосна комбинација на услуги не ја нуди ниту еден друг оператор на пазарот“, нагласи Лео Гешовски.

Black Friday – вистински тест за е-трговијата

На медиумскиот појадок беше потенцирано дека Black Friday не е предизвик само за продажните тимови, туку и за целиот логистички синџир.

Зголемениот број нарачки бара брза обработка, прецизна евиденција на залихите, навремено пакување и сигурна достава.

„Купувачот не го интересира колку нарачки има една компанија или колку е оптоварен нејзиниот магацин. Тој очекува производот што го нарачал да пристигне навреме. Затоа логистиката мора да биде подготвена пред да започне продажниот бран“, истакна Иван Димишковски.

ЕФЦ – логистички партнер за раст на бизнисите

Со новите старт-пакети, ЕФЦ има цел да ја направи професионалната логистика подостапна за малите, средните и растечките компании, особено за оние што работат во електронската трговија.

Наместо фиксни трошоци за магацин, организација на персонал и управување со испораките, компаниите добиваат можност да користат интегрирана фулфилмент услуга приспособена на нивните деловни потреби.

Пораката на ЕФЦ е едноставна: „Вие продавајте. Ние складираме, пакуваме и доставуваме – во Македонија и низ Балканот.“

Повеќе информации за услугите и можностите што ги нуди ЕФЦ:

ЕФЦ – Еко Фулфилмент Центар

Телефон: 070 288 816
Е-пошта: [email protected]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.