Прекрасен настан кој подели многу радост и насмевки: ООУ “Климент Охридски” oрганизираше новогодишен пазар (ВИДЕО)

ООУ “Климент Охридски” веќе подолг период важи за пример образовна институција во Прилеп, и е вистински репер за тоа како треба да функционира едно училиште, а во деновите пред празниците “климентовци” се пофалија и со совршен новогодишен амбиент.

Во ова прекрасно новогодишно шаренило, учениците и нивните ментори организираа новогодишен пазар на кој се продаваа нивни креации, а пазарот привлече голем интерес кај родителите, бабите, дедовците…

-Еден од поубавите хаоси во светот е хаосот направен во дневната соба на Божиќ. Божиќ не е толку многу околу отварањето на подароците колку отварањето на срцето што да подариш и што да ти подарат. Со таа цел денес ние го направивме предновогодишниот пазар во нашето училиште и го направивме хаосот на светот. И…Сакајте го онај кој ви подарува, повеќе од подарокот – напишаа од училиштето на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.