Шарено, разиграно и весело! Дворот на ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп претесен да ги собере сите купувачи на Новогодишниот базар (Фото галерија)

Училиштата и училишните дворови деновиве во Прилеп како никогаш досега весели, исполнети со многу љубов, детски џагор и прекрасно шаренило од новогодишни украси и креации, кои ги изработија учениците и нивните наставници.

Речиси секое училиште организира новогодишни базари, а така беше и денеска во дворот на ООУ “Гоце Делчев”, каде школскиот двор беше претесен да ги собере сите дечиња, родители, баби, дедовци…

Една преубава новогодишна слика и детски насмевки кои пленат и полнат душа!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.