Дојдете на платото кај Градскиот Саат! Во сабота бесплатни новогодишни пакетчиња за сите дечиња во Прилеп

Во сабота бесплатни новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои ќе дојдат кај Градскиот Саат во Прилеп

-Почитувани мои сограѓани, драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во сабота 30.12.2023 со почеток од 11:00 часот на платото околу Градскиот саат, заедно во една пријатна атмосфера во рамките на Новогодишниот базар.

Заедно со општествено одговорната компанија КАМ, кловнот Лили и Дедо Мраз, ќе доделиме новогодишни пакетчиња за сите дечиња и сигурен сум дека во една магична, новогодишна атмосфера ќе измамиме насмевки кај нашите најмили!

Оваа година за новогодишната ноќ, за дочекот на новата 2024 година ќе имаме огномет во центарот на градот а додека средствата планирани за изведувачи и било каков организиран дочек ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели!

Празничните мигови носат светлост во секој дом, хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.