дома блог страница 733

Кој ги труе прилепчани? Има ли институции да постапат? (ФОТО)

Кабли, гуми и разноразен друг отпад се гори на потегот кај Дабница во Прилеп, за пуст бакар… и така со години. Црни облаци од чад уште рано наутро се креваат над градот под Марковите Кули, прилепчани си дишат саѓи, а проблемот не е ниту на повидок да се реши.

Дали некогаш ќе се најде маж и институција да го реши овој проблем?!

Уживајте во топлото време, а за семејниот ручек ќе се погрижат во “МАНЏА БАР” – Eве што има на менито денеска!

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Јанија со телешко
☑️ Бегова тава
☑️ Свинска мучкалица
☑️ Свинско печено
☑️ Подварок со свинско > 11 час
☑️ Ребро во фурна BBQ > 11 час
☑️ Свинска коленица >11 час
☑️ Сарма
☑️ Мусака
☑️ Ловечка > 10 час
☑️ Пилешко со 4 сирење
☑️ Пилешко во карбонара
☑️ Криспи стек
☑️ Похован стек
☑️ Стек на скара
☑️ Копан на скара без коска
☑️ Ориз,компир,пире
☑️ Салата

Примија 45 голови! Одбраната без Велески е како биено сирење

Ракометарите на РК Прилеп го забележаа и вториот пораз на гостувањето кај Алкалоид. Избраниците на Божидар Мојсов беа буквално прегазени од екипата предводена од Кире Лазаров. Крајниот резултат на семафорот 45:23 или лесен тренинг за тимот од Автокоманда.

Алкалоид големата победа ја најави уште во првиот дел, кој избраниците на Лазаров го добија со 23:13, па наредните 30 минути беа само рутина.

Најефикасен во победничката екипа беше Никола Костоски со седум погодоци, по пет постигнаа Мартин Серафимов, Игор Ѓорѓиев и Франциско Оливеира.

Кај Прилеп прво име беше кружниот напаѓач Томислав Квастек со четири реализации во мрежата на домашниот тим.

Она што можеше да се забележи и во овој дуел кај прилепчани, како и во претходниот против Охрид, е дека во одбраната недостасува столб како Филип Велески. Не дека некој од вљубениците во ракометот очекува чуда против екипи како Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар, но порази од 20 и повеќе голови разлика се срамни и недозволиви.

Девојките од “АВАНТГАРД” се вратија со грст медали и признанија од Сараево: Нашите грации заслужуваат поголемо внимание од надлежните! (ФОТО)

Прилепските грации од клубот за естетска гимнастика “АВАНТГАРД”, блеснаа на силниот Меѓународен турнир во оваа дисциплина на гимнастиката “СЕВАЉА МУЈИЌ”, кој минатиот викенд се одржа во спортската сала “Амел Бецковиќ” во Сараево.

Девојките ги освоија следните награди:

Анастасија Нешкоска – сребро со реквизит лента и бронза со топка

Марија Тошеска: два сребрени медали со обрач и топка

Јована Везенкоска: петто место без реквизит и сребро со топка

Илина Кузманоска: две четврти места без реквизит и со чуњеви

Јана Димоска: прво место без реквизит и осмо со обрач

Галена Ацеска: сребро со обрач

Мелани Ристеска: сребро без реквизит

Нашите гимнастичарки по којзнае кој пат покажаа дека овој спорт може да биде во самиот врв во Македонија, дека имаме капацитет и таленти, но за жал ни недостасуваат услови. Токму тоа и ги мачи во клубот, каде тренерот Александра Стојаноска прави надчовечки напори за овие деца да растат и да се развиваат во врвни македонски спортисти.

Надлежните сепак треба час поскоро да изнајдат начин и да го помогнат клубот, пред се со неопходни реквизити, а потоа и со пристојни услови за одржување тренинзи. Она што во моментов им е најнеопходно е нова теписон подлога наменета за оваа дисциплина. Овие деца заслужуваат, овие деца се наши амбасадори!

ОБЈАВЕНИ И ДОНАТОРСКИТЕ БРОЕВИ: Донирајте! Малиот Никодим од Прилеп во понеделник мора да замине на операција во Истанбул!

-Се викам Сандра мајка на Никодим кој има 3,5 години. Јас и мојот сопруг немавме 8 години деца и имавме голема голгота во животот. И конечно пред 3,5 години бевме најсреќните родители на светот затоа што на свет ни дојде НАШИОТ ДАР ОД БОГА ова прекрасно момче најубаво на цел свет кој се вика Никодим. За нас немаше поголема среќа од тоа затоа што конечно после 8 години станавме родители, ни се исполни најголемата желба на светот го имаме Никодим – стои во пораката на социјалните мрежи која во текот на вчерашниот ден ја трогна цела Македонија, а каде се бара помош за малиот Никодим од Прилеп, детенце кое итно треба да се оперира и чиј живот мораме сите заедно да го спасиме.

-Кога мислевме дека среќата е целосно на наша страна уживавме во сите моменти со Никодим, Никодим почна да се жали на ретки главоболки и повремено повраќање. Ние како родители мислевме дека е мало дете од 3 и пол години и му се присторува, но приметивме дека кога стои почнуваат да му се тресат рацете и нозете. Едноставно видовме промена кај нашето дете за неколку дена. ВЕДНАШ се обративме кај невролог кој по кажаните симптоми веднаш не испрати на Магнетна резонанса која ја направивме и од резултатот кој го добивме сме тотално во ШОК.

Докторот ни кажа дека нашиот Никодин има ИНФИЛТРАТИВНА ТУМУРСКА МАСА СО ДИМЕНЗИИ ОКОЛУ 52x46x43 и има изразен хифроцефалус.
Ние како родители сме во ШОК што му се случува на нашиот Никодим и се уште неможеме да веруваме дека нашето мало детенце кое има само 3,5 години има ТУМУР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ВЕДНАШ ПОД ИТНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОПЕРИРА. НАШЕТО ДЕТЕ МОРА ПОД ИТНО ДА ЗАМИНЕ ВО Р.ТУРЦИЈА НА ОПЕРАЦИЈА НА ГЛАВАТА.

Ние како родители не сме моќни финансиски да ги платиме тие операции за нашето дете кое мораме да си го спасиме НАШИОТ ДАР ОД БОГА НАШИОТ НИКОДИМ. Затоа ве замолуваме сите вас познати и непознати да ни помогнете да си го спасиме нашето мало дете, НАШИОТ 3,5 годишен НИКОДИМ. ВЕ МОЛИМЕ КОЈ КОЛКУ МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ, ДА СПОДЕЛИТЕ МНОГУ ЌЕ НИ ПОМОГНЕТЕ Секој кој би бил на наше место би молел за помош, ПОМОГНЕТЕ НИ, НЕ НЕ ОСТАВАЈТЕ САМИ ВО ОВАА БИТКА КОЈА ЗА НАС Е ПРЕТЕШКА ДОНИРАЈТЕ, СПОДЕЛЕТЕ СЕ РАБОТИ ЗА ЖИВОТОТ НА НАШИОТ НИКОДИМ – пишува мајката на Никодим.

Од денеска активни се и донаторските телефонски броеви на А1 и ТЕЛЕКОМ. ДОНИРАЈТЕ, затоа што Никодим во понеделник мора да замине на операција во Истанбул! Ајде заедно да му овозможиме среќно, здраво и безгрижно детство на ова мало ангелче!

Нашинците од странство се’ уште можат да донираат на линкот од платформата во продолжение: https://pavelandreev.org/mk/campaign/spasete-go-zivotot-na-nikodim?fbclid=IwY2xjawFiJ1xleHRuA2FlbQIxMQABHQkMRV7FrkVwzIGpdXg7IW7OwWAB0posQEid0Gq6Kl0Dza1bf4XTg4ApVg_aem_sV1ukdHcKBHJi6XvdJVSPQ

Петра Лукароска се обрати до членовите на СДС Прилеп – ќе ги вратела на победнички патеки

Со Решение на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, за в.д. претседателка на ОО на СДСМ Прилеп е именувана Петра Лукароска, информираа во текот на вчерашниот ден од опозициската партија, а денеска новата претседателка, преку социјалните мрежи се обрати до членството.

Нејзинот ФБ статус во целост го пренесуваме во продолжение:

-Да се биде на чело на една од најголемите Општински организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, е огромна чест и привилегија.
Низ годините и децениите наназад, ОО на СДСМ Прилеп изнедрила голем број државни и партиски функционери кои важеле за значајни чинители во општественото живеење. Заради сите нив, заради огромниот број членови, симпатизери и поддржувачи на социјалдемократската идеја, како новоименувана претседателка на Општинската организација имам обврска, заедно со вас, да го вложам сето свое знаење во насока на враќање на партијата на победничките патеки.

Мојата визија е обединета и силна Општинска организација преку промовирање на социјалдемократските начела и вредности, отворање на вратите за секој приврзаник на идејата за силен СДСМ, пристап до секој партиски член, активист и симпатизер во секое маало и секое село во општина Прилеп.

Му благодарам на укажаната доверба на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, ви благодарам на сите вас за искажаната поддршка и искрените желби за успешно извршување на партиската функција.

Заедно до победнички СДСМ!

Владиката Петар и за Крстовден со верниот прилепски народ! Света Божествена литургија во храмот Св. Благовештение (ФОТО)

Неговото Високопреосвештенство, Aрхиерејот господин Петар, во сослужение на свештенството од храмот Св.Благовештение-Стара црква, денеска на големиот празник Крстовден, чиноначалствуваше со Света Божествена литургија.

-На светата литургија, нашиот митрополит ги произведе во чин протоереј ставрофор(крстоносец) и ги одликува со носење на граден крст, архиерејскиот намесник на Прилепското архиерејско намесништво Влатко Ристески и старешината на храмот Свето Благовештение Илчо Смилески, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА, а по барање на нашиот надлежен митрополит, за одредени достигнувања во добробитот на нашата света црква. На многаја лета владико – информираат од храмот.

Нека ни е за многу години празникот и вечно да стоиме под спасоносниот крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

Браво за наставниците, браво за учениците! Детската недела во октомври ќе се одбележи со голема хуманитарна акција во ООУ “Блаже Конески” Прилеп

Учениците од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп, со помош на своите наставниците организираат хуманитарна акција насловена како „Малку е многу“, а по повод Детската недела во месец октомври.

​По повод Детската недела во месец октомври, ние учениците со помош на нашите наставници ќе организираме низа на активности:

– приредба со музички настапи, при приемот на првачињата во Детската организација;
– работилница за хаику поезија под раководство на родител, хаику творец;
– спортски игри;
– креативни работилници;
– дебата;
– ликовни работилници;
– работилница за негување на македонските ора,… и уште многу нешта.

​Акцентот е ставен на ученичка иницијатива за организирање и реализација на хуманитарна акција „Малку е многу“ со цел вклученост на поголем број лица со донации според можностите. На овој начин се воспоставува соработка помеѓу училиштето бизнис секторот, локалната заедница, родителите и самите деца.
​
„ Малку е многу “ биди и ти дел од акцијата, ве чекаме.

Сите граѓани ќе можат да донираат: облека, обувки, училишен прибор, храна, средства за хигиена и стари книги за деца, а донациите ќе се собираат на 8.октомври во училиштето.

Младо момче од Прилеп фатено на дело – Крадел во куќа

На 27.09.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(22) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај него била пронајдени одземените предмeти и биле вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Филмот “ЈОРГОВАНИ” во вторник во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 1 октомври 2024/ вторник/ од 19.30 ч. во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Јорговани„. Влезници на билетарницата од киното понеделник и вторник од 10 до 12.00 ч. и еден час пред проекцијата на филмот.

Податоци за филмот

Во хаотичниот свет на балканската филмска индустрија, каде што се судираат его со его, актерите Катарина и Игор се наоѓаат себеси заплеткани во мрежа од сомнителни врски и нестабилни личности.

• Актери:Иван Босиљчиќ, Слобода Мичаловиќ, Јана Бјелица, Павле Чемерикиќ..
• Режисер: Синиша Цветиќ
• Продуцент : Зоран Јанковиќ
• Жанр:драма/ комедија
• Јазик:српски/ превод македонски
• Технологија:2D