дома блог страница 732

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

После долго боледување, денеска на Велики Четврток, почина таткото на Тоше Проески, Никола. Веста на социјалните мрежи ја сподели неговата ќерка, Дора Проеска.

-Светол патот, татко мој – напиша таа.

Нека почива во мир и сочувство до семејството!

Денеска е Велики четврток: Еве каква симболика има бојадисувањето на црвени јајца

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници.

За тоа сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со поздравот Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Тешка сообраќајка на ул. “11-ти Октомври” во Прилеп: Автомобил удри во малолетничка на велосипед

На 30.04.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Патриотско “Жабино маало”, крена јарбол со македонско шеснаесеткрако сонце во Прилеп (ВИДЕО)

На иницијатива на прилепчанецот Видан Николоски и Урбаната заедница “Жабино маало”, денес во паркот во оваа населба, веднаш до параклисот посветен на Св.Никола, беше подигнат јарбол со шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш.

-Патриотизмот, традицијата и единството на луѓето од оваа населба секогаш биле на највисоко ниво! Браво за париотско Жабино маало – напиша на ФБ, поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, кој беше дел од оваа иницијатива и го овековечи кревањето на јарболот и знамето.

Секоја чест! Младиот пијанист Алексеј Белевски од Битола, освои златен медал на натпревар во Њујорк

Алексеј Белевски – петтоодделенец од класата по пијано на проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски, при Државното музичко училиште во Битола, е добитник на прва награда и златен медал на Интернационалниот натпревар за млади музичари во Њујорк, САД.

Во силна конкуренција на учесници од 16 држави ширум светот, оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Carnegie Hall во Њујорк.

-Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и љубовта која му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој – му порачаа на младиот пијанист од Државното музичко училиште на Алексеј.

Повеќе нема главоболки и празен џеб: Во “Електро Елементи” Прилеп ќе најдете се’ од електро материјали и ЛЕД осветлување по најниски цени (Фото галерија)

Неодамна Прилеп доби нов продажен салон за електро материјали и лед осветлување. Лоциран на улица “Кеј 1-ви Мај”, во непосредна близина на Основното училиште “Кочо Рацин”, во правец кон старата автобуска станица, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ” е местото каде ќе најдете буквално сe’ од електро материјали и лед расвета по најниски цени во градот.

На едно место ќе најдете широк избор на електро производи од реномирани производители, со врвен квалитет и различни дизајни, но и високо квалификуван, услужен и љубезен персонал, кои се подготвени да излезат во пресрет на сите ваши барања и потреби.

Токму затоа “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ” за кратко време успеа да се наметне кај потрошувачите и да стекне доверба.

Нудат се’ од програмите на VIKO и PANASONIC, за кои се овластени дистрибутери, а застапници се и за ЕТI осигурувачи. Покрај тоа во нивниот продажен салон ќе најдете секакви видови на подземни и воздушни кабли, а особено интерес предизвикува широкиот избор на ЛЕД светилки – и тоа од модерни LED светила, кои штедат енергија и нудат прекрасна осветленост, до класични дизајни кои никогаш не излегуваат од мода.

Секако тука е секогаш расположениот пријателски тим на вработени кои ќе ви помогнат да го изберете најдоброто решение за вашиот ентериер и екстериер.

Покрај широкиот избор на електро материјали, за кој можете да се уверите од фотографиите во прилог, “ЕЛЕКТРО МАТЕРИЈАЛИ” ви стојат на располагање и за изведба на секаков вид електрични инсталации, а вршат и техничка документација за приклучоци во ЕВН.

Сe’ на се, oва е единствениот дуќан од ваков тип во Прилеп кој ќе ги задоволи сите ваши потреби, а притоа и ќе заштедите.

Посетете ги и уверете се и самите!

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Министерството за правда известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Палевски е во екстрадициски притвор во Турција, каде беше приведен од тамошните власти по распишана потерница.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

Максим Димитриевски денеска ги соопшти условите на Движењето ЗНАМ За наша Македонија за формирање на идна влада на Македонија

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска одржа прес конференција на која ги соопшти ставовите на партијата во однос на
идните коалиции.

Тој пред медиумите рече:

„Изминатите денови слушам различни пораки од двата табора. Едните велат дека ЗНАМ бил создаден по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ за да го ослаби СДСМ, дека гласот даден за ЗНАМ е глас даден за ВМРО и слично.

Другиот табор вели дека наводно коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е веќе договорена работа и дека очекуваат став од ЗНАМ во врска со вториот круг на претседателските избори. Уверен сум дека и двете пораки имаат за цел да го намалат изборниот резултат на ЗНАМ на парламентарните избори.

Јас целиот мој живот сум борец! Кажано со спортски речник, никогаш не пласирам удари под појас, ниту правам нешто тајно. Не прифаќам да разговарам зад завесите и преку емисари, кои во овој период зачестено не контактираат индиректно или директно. Затоа, денес, онака како ме познавате, отворено и јавно, јасно и гласно ќе ги изнесам своите ставови, моите лични ставови и ставовите на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Официјалниот став на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е следниот: Врвен државн приоритет на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е на овие избори да се избере Претседател на Македонија, затоа влеговме во оваа борба и учествувавме на претседателските избори, како и да се оневозможи институционалната блокада и политичка криза.

Ги повикувам јавно сите граѓани, масовно, во што поголем број, на осми, да излезат на гласање, да гласаат и за претседателските кандидати, но и за парламентарните состави и тоа да го сторат по лично и сопствено убедување.

Почнувам со порака до чесните членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Почитувани,

Срцето ме боли кога ве гледам вака исплашени од раководството на мојата поранешна политичка партија како ве држи во заложништво и како сте
гневни на сите нив, а молчите.Да ви кажам искрено, гневен сум и јас! Сметам дека е етички исправно, да направам обид заедно да ги спасиме
АСНОМските и Крушевските леви вредности и принципи. Затоа денеска на раководството на СДСМ му се обраќам директно и му ги соопштувам
кумулативните услови на ЗНАМ за разговор за евентуална можна соработка.

Прво, во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплет неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати, и истите ќе ги
преземат сите кандидати коишто следуваата на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно, ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашното ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и суштински со пример, да покажат дека ја примиле вистински пораката на граѓаните и постапиле веднаш по истата.

Сакам да бидам јасен, овие услови не се за понижување, туку за одговорност на ова раководство на СДСМ, кое овие потези требаше да ги
повлече многу одамна. Нашите работни групи се подготвени за разговори за евентуална соработка со некое преодно, техничко ново раководство на СДСМ, кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на досегашните нивни политики за најважните национални прашања, но и целосна одговорност на сите поединци без исклучок по законот и без можност за каква било амнестија.

Доколку ова не се случи, никој од раководството на СДСМ нема никакво право да му се обраќа на ЗНАМ, бидејќи ќе потврдат дека нивната цел е
само да се докопаат до пратеничките мандати и имунитетот којшто го нудат мандатите и дека никогаш не воделе сметка, ниту за интересите на
Македонија и граѓаните, ниту за чесните членови и симпатизери и поддржувачи на партијата. Ние од ЗНАМ нема да се вртиме назад, туку ќе гледаме во иднината на Македонија, што е и нашиот основен приоритет.

Во оваа прилика сакам да упатам порака и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Со вашите програмски определби дека не прифаќате уставни измени под бугарски диктат и не прифаќате соработка со ДУИ по ниту една цена, се согласуваме.

Тоа се наши ставови, први излеговме со тој став и ќе стоиме на тоа. Поради досегашната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста се наметнува една
дилема која на ЗНАМ многу му е важно да биде расчистена во целост пред воопшто нашите работни групи, доколку седнат да разговараат, да
разговораат за можна идна соработка.

Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер
Зоран Заев, преку неговите фикс кандидати за пратеници, како што е Венко Филипче и други, за обезбедување на 2/3 мнозинство во идниот собраниски состав, што доколку навистина постои, имплицира дека селективната правда ќе ја имаме и во идната Влада, како што беше и до сега.

Во спротивно доколку немате таков став, најдобро е самите да си продолжите и јавно да соработувате, а ние ќе продолжиме заедно со
народот. Ова се условите на ЗНАМ за почеток на разговори за евентуална соработка со едните или другите. Ние сме транспарентни и ќе бидеме транспарентни во целост. Никогаш нема да сториме нешто со што ќе ја изневериме довербата на граѓаните и интересите на Македонија“.

Запрашан дали ќе побараат од граѓаните да гласаат за позицијата или опозицијата, Димитриевски одговори:

„Јас реков уште во текот на кампањата како претседателски канадидат, дека гласачите кандидатите, ниту партиите не ги носат во џеб.
Тоа е законско и уставно право на секој гласач, да се произнесе легитмно на демократски тајни избори за кого ќе гласа. По однос на
гласањето, веќе реков дека секој гласач во Македонија може да гласа според мене, по сопствено убедување, така како што е запишано во
Уставот и во законот“.

На прашањето доколку би можел кој партнер од двата блока во македонскиот кампус би го преферирал, имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е
поизвесно дека ќе ја формира владата, дали би се определил за власт или за опозиција, претседателот на ЗНАМ, Димитриевски рече:

„Ние од ЗНАМ нашиот избор за коалиција веќе го направивме. Тоа се граѓаните на Македонија, тоа го кажавме пред избори, тоа го потврдуваме
и денеска. Нам од ЗНАМ не ни се битни личните или партиските интереси, туку првенствено граѓанските интереси и да бидам уште подиректен на вашето прашање, сакам да потврдам дека во јули 2022 година, јас лично го кажав својот став за актуелниот претседател Пендаровски и јавно се извинив на јавноста и дека имав направено грешка со мојата поддршка тогаш за него“.

Чук, чук…ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски

Јавното обвинителство објави дека е поднесено барање за обезбедување мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО.

Извор: Фактор

Две прилепчанки дел од основчкиот одбор на канцеларијата на Обединета Македонска Дијаспора во Шведска (ФОТО)

Со огромна чест и задоволство ве известуваме дека на 19.04.2024 год. се собра одборот за формирање на првата организација на ОМД во Шведска и во Европската Унија. Оваа канцеларија со седиште во Малмо, ќе има за цел да ги претставува правата на Македонците во Шведска и Скандинавија, како и ги канализира и навигира проектите на македонските веќе постоечки организации во Шведска и истите ги спојува со матичната држава Македонија – информираат од Обединета Македонска Дијаспора.

Основачкиот одбор на оваа организација се состои од 6 члена на чело со:

Мирјана Наумоска
Антонијо Трпевски
Габриела Јакимова
Трајче Цветановски
Александра Гарбеска
Пеце Релушковски

Инаку Александра Гарбеска и Габриела Јакимова се нашинки од Прилеп кои живеат и работат во оваа скандинавска земја.

Оваа организација, како и останатите ќе се заснова на членство и донации на сите кои се од Македонија или имаат македонско потекло или се пријатели на Македонија.

“Ми претставува огромна среќа и задоволство што за неполна една година успеавме да ги пронајдеме и се споиме со луѓе кои ја препознаа визијата и мисијата на ОМД и креиравме организација во која сите луѓе ќе имаат можност да придонесат за својата татковина Македонија. Ова е еден од најпрофесионалните тимови кои ќе им подаде рака на сите македонци и македонски организации во Шведска со цел гласот на многубројната македонска заедница биде достојно претставен” рече Гордан Јорданов, Директор на ОМД за Македонија и Европа.
“Исполнет сум со радост и гордост, за отварањето на новата организација на ОМД во Шведска, знаејќи го длабокото влијание што оваа организација ќе го има врз Македонската заедница во Шведска, низ Скандинавија и низ целата Европска Унија. Заедно, ќе ги зајакнеме нашите врски , ќе го зачуваме нашето наследство и ќе го отвориме патот за посветла иднина на нашата македонска младина “
. рече Стојан Николов, Потпретседател за глобални операции на ОМД.

“Како Македонка и човек кој ги претставува интересите на Македонија насекаде низ Скандинавија, ова е огромна чест и задоволство за мене и сите основачки членови на организацијата, да ја донесеме и шириме глобалната мисија на ОМД токму во Шведска, земја во која македонската заедница има долга историја и континуитет. Заедно ќе ги отвориме вратите на сите македонци да ги прикажат своите квалитети и придонесат во поврзувањето на културите на двете држави”, рече Ко-основачот и Претседател на ОМД Шведска, Мирјана Наумоска.