дома блог страница 727

Величенствен настан во Прилеп: Плоштадот никогаш поубаво обоен во црвено-жолта боја – Се наѕира голема ПОБЕДА! (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија”, вечерва со завршен митинг во Прилеп ја завршуваат кампањата за вториот круг претседателски избори и за парламентарните избори.

На плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, се собрани илјадници граѓани, кои најавуваат дека партијата и на овие избори ќе забележи голема победа во градот под Марковите Кули.

Пред граѓаните свое обраќање ќе имаат кандидатите за пратеници, носителот на изборната единица 4, Александар Николоски и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Владиката Петар утре на Светол Вторник – Трет ден Велигден, ќе богослужи света архиерејска литургија во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп

Почитувани прилепчани, браќа и сестри во Христа!

Со радост ве известуваме дека на ден 07.05.2024 година Светол Вторник, во храмот „Св.св Кирил и Методиј ( ПАРАКЛИС) со почеток во 07:30 часот ќе се богослужи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува епархискиот архиереј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

Ве покануваме возљубени, та сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос и поучувајќи се од нашиот Свет Владика, заедно да воскликнеме со најрадосниот глас ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!

Нема пиедестал каде не се искачи! Младиот велосипедист од Прилеп, Константин Костоски, сребрен на “Големата награда на Чачак” во Србија (ФОТО)

Во саботата во Чачак, Србија, се одржа велосипедската трка “Големата награда на Чачак 2024”, на која учество зедоја најдобрите двајца велисипедисти од Прилеп, членови на Велосипедскиот клуб “ИЛИНДЕН”.

Во силна конкуренција на кадети, Константин Костоски го освои второто место, додека Андреј Маџоски заврши во првите 10 во конкуренција на јуниори.

Ова е уште еден доказ дека прилепскиот вело клуб “Илинден” е во самиот врв и е вистински спортски репрезент на цела Македонија.

Честитки за нашите велосипедисти и желби за уште поголеми успеси во новата сезона.

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Митрополитот на Повардарската епархија Агатангел во своето Велигденско послание порача до верниците дека е потребна одговорност кон себе, кон општеството, да се потпраме на вредностите на православието оти важно е какво општество и каква држава ќе изградиме.

-Мораме да бидеме одговорни како за себе, така и за општеството и околината што нè опкружува. Не смееме да потонеме во самодоволност и сув индивидуализам. Човекот не е створен да биде сам и осамен во светот. Не смееме да бидеме небрежни за својот ближен, за страдањето на братот, за животната средина во која ги раснеме нашите деца…Важно е за човекот да живее во мир и благосостојба, важно е какво општество и каква држава ќе изградиме. Тоа не се прашања што не треба да нè засегаат. Добро е да знаеме кои сме, што сме и од каде сме. Од Христа сме откупени, скапо сме платени преку Неговата сечесна крв. Он, преку Своето славно Воскресение, преку Својата неизмерна љубов, ни го подари највисокото достоинство. Не смееме на Неговата татковска грижа да одговориме со незаинтересираност и самодоволно повлекување. На Бога со камен не треба да фрламе, раката што дава не треба да ја сечиме – така нè учеле и воспитувале нашите предци, вели владиката Агатангел во посланието објавено на веб страницата на Повардарската епархија.

Според него, иако човекот денес живее во изобилство, понесреќен е и попотиштен од кога и да е во неговата долга историја

-Македонскиот народ илјадници години непрестајно на Бога благодарност и пофални песни Му вознесувал. Знаел нашиот мудар народ дека секоја тиранија е привремена, дека секое зло е краткотрајно. Денес, пак, злото, покрај тоа што си го зачувало својот вообичаен облик, има и некакво друго, поинакво лице. За жал, во тешка состојба сме доведени. Денес, иако човекот живее во изобилство, сепак е понесреќен и попотиштен од кога и да е во неговата долга историја. Денешниот човек е збунет и дезориентиран. Тој како да не ја препознава вредноста, како да не знае што е нормално, а што застрането, потенцира митрополитот Повардарски Агатангел.

Сега, како генерација, додава тој, мораме да застанеме на патот на оваа демонска наезда, оти ако тоа час поскоро не го сториме, духовно ќе се разориме себе си одвнатре и дури тогаш ќе станеме морално плитки и исушени.

-Затоа, македонскиот народ нема друг избор освен да се ослони на Бога, да се потпре на Неговиот спасоносен столб, кој го држи и покрепува секое човечко здание. Само така и на тој начин ќе опстоиме. Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат претворени во роба за трговија. Тоа е срамно и неправедно, а уште помалку морално. Ова важи како за македонскиот народ и држава, така и за Црквата, порача митрополитот Повардарски Агатангел.

Потенцира дека мнозина подло ќе се обидат да ни го омаловажат и искривоколчат секој наш успех и достигнување. Но, вели, имајте секогаш предвид дека со Христос победуваме, он ги штити и запазува праведните, оти Самиот Тој е правда и вистина. Христос е живата радост која го исполнува секое осамено и повредено срце.

-Од изворот на Воскресението Христово постојано и непрестајно да се напиваме. И ние еден ден ќе Воскреснеме во новиот живот исполнет со вечното. Нека ја штити и закрилува Господ нашата татковина Македонија и нашата Света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Македонскиот православен народ нека создава дела за вечно паметење. Блажен е овој народ што го срамат и прогонат, и што говорат против него секакви лоши зборови и лаги – заради Христа! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата, порача Митрполитот Повардарски Агатангел.

Утрово на прв ден Воскресение Христово – Велигден, се служеше Златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а со литургијата во храмот „Св. Кирил и Методиј“ чиноначалствува митрополитот Повардарски Агатангел.

Најрадосната вест за Христовото Воскресние синоќа на полноќ беше објавена низ сите православни храмови на Повардарската Епархија. Во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес со литургијата чиноначелствуваше митрополитот Повардарски Агатангел, а литургии посветени на воскресението на Хириста се одржаа и во трите градски цркви – „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“ (Св. Спас) и „Св. Јован Крстител“.

Николоски од Прилеп: Очекувам во 4-тата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот во 20:30 часот и заеднички да ја затвориме досега најуспешната кампања за ВМРО-ДПМНЕ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна носителот во изборната единица 4, Александар Николоски.

„Не случајно тоа го правиме во Прилеп. Затоа што Прилеп е од огромно значење за сите нас, и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот. Градот инфраструктурно ќе се врзе со реална изградба на експресниот пат Прилеп – Градско, а не со монтирани видеа со вештачка интелигенција. Ќе се изгради и автопат од Прилеп до Битола и Меџитлија, пругата ќе стане многу побрза и многу покористена помеѓу Прилеп, Битола и Солун. Ќе доаѓаат и странски инвестиции, ќе се стимулираат домашните. И многу битно ќе има одговорност за сите што прават криминал и во Прилеп, и во Македонија“, вели Николоски.

Тој додава дека кампањата помина за нас исклучително успешно. Очекуваме масовна референдумска излезност во среда на осми мај. И ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат. Потребна е најголема излезност досега за најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за Христијан Мицкоски премиер, за Гордана Силјановска Давкова претседател на Македонија и за Влада која што нема никој да ја уценува.

„Затоа посакуваме 61 пратеник, а ќе си дозволам еве првпат пред медиумите да кажам што очекувам во 4-тата изборна единица, досега во кампањата тоа не го кажувам експлицитно и очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои најмногу пратеници досега и најмногу гласови досега, а тоа е зависно и од малце среќа и од Донтовата формула да имаме помеѓу 13 – 14 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ“, вели Николоски.

Витаминка ви ги претставува, нивното височество преливи и сосови, дружина која одговара со секој вид храна (Видео)

Дали веќе сте ги пробале?!

Царството на вкусови, нејзиното височество ВИТАМИНКА од Прилеп, ви ги претставува новите производи од линијата сосови и преливи.

Неодоливи вкусови кои одлично се вклопуваат со секој вид храна, ваше е само да го одберете омилениот вкус и целосно да уживате.

Сос од чедар, бургер сос, сладок скара сос, сос од мајонез и сенф, прелив за цезар, прелив со мед и сенф, фета прелив и прелив илјада острови – ова е дружината без која отсега нема да може да постои ниту еден фрижидер.

За секоја салата, сендвич, бургер, сирење, пилешко, тестенини. Твојот пат кон повкусен и сочен оброк. Помфритот, хамбургерот, начосот, скарата, палачинките, такото сега можат да бидат уште повкусни!

Пронајдете ги во маркетите уште денеска! Уживајте со ВИТАМИНКА!

Тасев: Во среда ќе се одржи аудиција на која лошите глумци ќе ја завршат актерската кариерата

Колумнистот на Скопско Ехо Никола Тасев очекува во среда на денот на парламентарните избори и вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе кажат стоп за лошата глума на власта.

,,Власта за 7 години изрежира тежок филм, во кој, тие беа глумци со главни улоги, а на нас, народот, ни дадоа улоги на статисти. Што жанр беше филмот? Во поголемиот дел хорор, а кога беа сцените само со глумците имаше и баханалии, крими стори, ама и комедија…

Туку, ќе ве вратам 8 години назад, кога се местеше сцената СДСМ да ја преземе главната улога на македонската сцена… Сценаристите, претежно странци, го напишаа заплетот. Режисерот, исто така од странство, главната улога му ја додели на глумецот, кој многу добро знае да одглуми подлажнување со ставање раче на срце. Тој пак, среќен за дадената улога одржуваше „проби“ секој ден, за да ја држи публиката во кондиција и секоја прес – конференција, на која обзнануваше прислушкувани разговори ја завршуваше со реченицата: „Ова зло никогаш да не се повтори“.
И бидна успешна премиерата.

Публиката очекуваше дека по режимскиот театар ќе дојде време за поарни сцени, дека рачето само на срце ќе стои, а не по државните каси дека ќе е. И во првата година громогласно аплаудираше, ама како одминуваа годините се виде дека глумецот сосе другите „уфилмани“ актери не успеаја интересот за претставата да трае, напротив тотално се изгуби. Премногу ги запоставија статистите. Па режисерот и сценаристите донесоа нов глумец. Не беше познат, ама се очекување дека тој, како некогаш популарниот филмски детектив – Коџак, ќе носи правда, ќе лови криминалци, ама… Главните глумци добиваа се повеќе свирежи и пцовки”, пишува во колумната Никола Тасев кој најавува нова аудиција во која многу глумци ќе ја завршат кариерата.

,,На 8 мај во Македонија повторно ќе има аудиција. Овојпат сценариото го пишуваат македонските граѓани. И режисерот е домашен! Народот ќе ја има главната улога…

Во среда сите треба да ја повториме реченицата на неуспешниот глумец:

„Ова зло никогаш да не се повтори“ и сегашните главни актери да ги тргнеме од сцената. Оти неопходно е Македонија да добие нови луѓе на главните места. Оти не се трпи веќе – сегашнава претстава – филм, одамна стана негледлива. И штетна по државата и по граѓаните.

Затоа, главните улоги треба да се пододелат на скромни луѓе со високи морални, лични и професионални квалитети, чесни, патриоти, кои нема да се плашат од правдата и од вистината, да знаат да носат одлуки, но и да слушаат. Да бидат опкружени со многу паметни и докажани луѓе, а не со неспособни партиски апаратчици, чиј поглед на свет е само до партиските ровови.

Всушност на Македонија веќе не и требаат глумци! Не и требаат и филмови некој да и прави. Потребна е реалност и вистинско делување за подобро утре.

Новите главни ликови во Македонија мора да разбираат што е татковина, патриотизам, традиција, верба и историја и нема да ги менуваат како да се чорапи. Мора да веруваат во државата и својот народ, а не само да ги интересираат народните пари и цел ден да размислуваат како нив да ги потрошат кај свои роднини, пријатели и партиски спонзори за невидливи проекти. Доста ни е со ликови – глумци, кои размислуваат само како да „купат ден” и да ја зачуваат власта, а државата и народот им се споредни. Не ни требаат таквите што наутро ветуваат едно, напладне се
заколнуваат во друго, а навечер прават сосема нешто трето. Стоп за оние кои се будат како Македонци, напладне веќе националното не им е важно, навечер други прашуваат што да бидат, а си легнуваат како граѓани од „нашата земја“.

Ни треба главни ликови, кои нема туѓите размислувања, опасни по државата, да ги прифатат како свои, понижувајќи го својот народ. И сето тоа да ни глумат дека е за доброто на Македонија!

Аудицијата е пред нас, ние, народот, одлучуваме! Масовно да излеземе на избори и да ја дадеме нашата оценка. Оти лоши глумци – не можат да направат добра претстава”, пишува Тасев за Скопско Ехо.

Двајца прилепчани фатени со торба полна марихуана и автоматска пушка

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Низ песна учат историја и развиваат љубов и почит кон македонскиот идентитет: Прекрасна изведба на песната “Послушајте патриоти” од прилепските гимназијалци Софија и Кирил (ВИДЕО)

Во контекст на наставата по историја, а во функција на развивањето на свеста за македонскиот национален идентитет и всадувањето на љубов и почит кон македонската култура, учениците во прилепската гимназија “Мирче Ацев” низ песна на часовите ја учат историјата.

Во продолжение уживајте во прекрасната изведба на песната “Послушајте патриоти” од страна на учениците Софија Настоска и Кирил Младеноски.

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот Стефан Лазаров…

-Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров! Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва ( сега пред 15 мин ) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…

Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!

П.с за утре имам голем, обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесам со себе кај Лазаров!!! Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате!!!

П.с-2 Кичеец веќе има искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства, ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!

Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров! – напиша Јовановски на ФБ.