дома блог страница 703

Три дена го тепале, допиpaле и навpeдувале: Ученик доживеал тешко врсничко нacилcтво!

Ученик од Скопје доживеал тешко врсничко насилство за време на екскурзија во Охрид. Неговите соученици три дена го злоставувале – го тепале, го допирале по телото и го навредувале.

За случајот да биде уште потрагичен, ученикот и претходно бил малтретиран од истите насилници.

Насилството врз детето се случило пред три недели, а неговиот татко го пријавил во полиција вчера.

„На 28.10.2024 во 16 часот во СВР Скопје, Е.Ш.(61) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 7 до 9.10.2024 година, додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран. Според пријавеното и претходно бил малтретиран од истите соученици“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бране стана фронтмен на ВМРО-ДПМНЕ кој ги обелоденува сите криминали (ВИДЕО)

СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до нив, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денес презентираше фрапантни докази за милионски криминал во МЕПСО, за кој очекува ЈО да отвори случај.

-МЕПСО под водство на Зуди Енуз, од фронтот на ДУИ, а поставен од СДС, на 26.06.2024 година склучил договор со албанската фирма Шанси Инвест за набавка на уред за корекција на напонски профил на 400kV во трансформаторска станица Дуброво во висина од 576 милиони денари, односно близу 10 милиони евра. Буџетот за уредот за корекција во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година изнесува 2.8 милиони евра, истиот уред во договорот склучен со Албанската Шанси Инвест изнесува 5.864 милиони евра. Тоа се цели 3 милиони евра повеќе од предвиденото. Дополнителнк загрижува фактот што Албанската Шанси Инвест на овој тендер учествува со Далековод АД Загреб, фирма за производство на таквиот вид на опрема, која се јавува како поголем партнер во конзорциумот, посочи тој.

Петрушевски вели дека се поставува прашањето: Која е улогата на Албанската фирма кога опремата доаѓа и е произведена и може да биде монтирана од фирмата производител?

-Дали Албанската Шанси инвест е тампон фирма за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното? Каде завршиле 3 милиони евра разлика? Го повикуваме ЈО веднаш да отвори случај и да реагира, посочува пратеникот.

Настан кој долго ќе се памети! Универзитетот СКОПЈЕ на гламурозен начин ги промовираше најновите дипломирани студенти и магистри (ФОТО)

Во присуство на академскиот кадар, министри, градоначалници, претставници од бизнис заедницата и медиумите се одржа гламурозно свечено доделување на дипломи на шеснаесеттата генерација дипломирани студенти и четиринаесеттата генерација магистри на Универзитетот Скопје што се одржа во Националната опера и балет.

Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски во својот емотивен говор на дипломците и магистрите им порача дека семејството е татковина на љубовта – токму такво големо семејство е Универзитет Скопје, со дипломците, магистрите, нивните родители и сите присутни гости.

„Бидете светилници, освојтете ги и осветлете ги светот и Македонија со надеж, мудрост, знаење и добрина. Вие сте иднината, оние кои можат да донесат нова енергија, нови идеи и промени кои ќе ги унапредат сите нас“ им порача Ректорот Миленковски на овогодинешните магистри и дипломци.

Тој особено им се заблагодари на своите колеги и пријатели што несебично придонесуваат кон развојот на науката, високообразовната дејност и економијата. На проф. д-р Слободан Ивановиќ, редовен професор во трајно звање, му беше доделено почесното звањето Professor Emeritus, на проф. д-р Јове Кекеновски му беше доделена почесна титула Professor Honoris Causa, а на г-н Феми Косовали почесна титула Doctor Honoris Causa.

Свечената промоција стартуваше со балетот „Simply the best“ во кореографија на Олга Панго, чија изведба низ музика и игра ги доловија сите важни мигови во образованието на една личност. Бура од емоции предизвика и изведбата на дел од групата Меморија.

На свечената промоција во МОБ беа прогласени и студентите на генерација. Најдобрите дипломци и магистри се заблагодарија на академскиот кадар, нивната посветеност и професионалност. Универзитет Скопје кој е бренд во високото образование, создава кадри кои веќе се етаблирани на менаџерски позиции во реномирани компании.

Повеќе фотографии од настанот погледнете ТУКА

Соопштение до верниците од прилепските црковни храмови за престојната Митровденска задушница

По повод претстојната Митровденска задушница, се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Петка и храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС):

– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07:00 часот

– Вечерна богослужба, петок и сабота од 16:00 часот.

Блудците ќе се пеат веднаш по завршувањето на богослужбата. Упокој ги Боже Твоите слуги, и насели ги нивните души таму каде што почиваат праведниците. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно.

Општина Долнени доби претставник во Бордот на директори на Тутунски Комбинат – Еве за кого станува збор!

На веб страната на Македонска берза и официјално се објавени биографиите на предлог членовите за Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп.

Aлександар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталоска и Александар Кузманоски се луѓето кои ќе седнат во директорските фотељи, а од нив еден ќе биде и Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.

Биографиите на идните директори можете да ги погледнете на следниот линк: https://seinet.com.mk/document/70103

Интересно е и тоа што меѓу овие имиња се најде и поранешен функционер од општина Долнени. Станува збор за Сашко Велјаноски, поранешен директор на Јавното комунално претпријатие во Долнени, кој потекнува од населеното место Ропотово.

Добро е што од оваа помалку секогаш заборавена општина, произлезе кадар кој ќе извршува високоодговорна функција. Во биографијата на Велајноски стои следното:

Дизелот поскапува за половина денар, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 % во однос на одлуката од 21.10.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,360 ден/кг и сега ќе изнесува 43,933 ден/кг.

Од 29.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,933 (денари/килограм)

ЕКСКЛУЗИВНО: Еве ги биографиите на новите директори во Тутунски Комбинат

Aлександар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталоска и Александар Кузманоски се официјалните имиња за предлог членови на Одбор на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп.

На порталот на Македонската берза се објавени и нивните кратки биографии, па граѓаните можат подетално да се запознаат со новото раководство на комбинатот, луѓе од кои ќе произлезе и идниот Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.

Биографиите на идните директори можете да ги погледнете на следниот линк: https://seinet.com.mk/document/70103

Kривична за двајца прилепчани кои се заканувале на вработена во угостителски објект

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.К.(54) и Т.В. (38), двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 19.10.2024 во угостителски објект во Прилеп пријавените упатувале закани по живот на вработена во објектот и на нејзиното семејство – информираат од МВР.

40 прилепчани гласале на бугарските избори вчера во Прилеп – вкупно 327 низ цела Македонија

Најмногу гласови освои ГЕРБ на Бојко Борисов – 109, кој беше и победник на изборите со 24,46% гласови. За реформистичката партија Продолжуваме со промената, гласаа 53 луѓе, додека ултранационалистичката Преродба доби 48 гласови.

Вкупно 327 бугарски државјани во Македонија го искористиле правото на глас на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми од 2020 година. До затворањето на избирачките места, 158 луѓе гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.

На претходните избори во јуни, 340 Бугари гласале во Македонија.

22 години бренд на Прилеп! “МАТАДОР” добитник на 3-то ноемвриска плакета за УСПЕШНА И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА!

Од мал бизнис до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила. Во изминатите 22 години постоење оваа компанија стана препознатлив бренд на Прилеп и број еден дестинација кога во прашање е набавката на резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија…

И не само тоа, компанијата низ годините во безброј случаи покажа општествена одговорност со каква ретко кој може да се пофали. Често тоа било без “фанфари”, тивко, со желба да се помогне секаде каде имало потреба. Од хуманитарни настани, до спорт, култура, медиуми…компанијата помагала секогаш и секаде.

Таков е Игор Стеванов, сопственикот на компанијата, за кого зборот на муштериите е закон и токму затоа ужива огромна доверба во општествената средина каде живее и работи. За него велат дека ќе излезе во пресрет на се’ и не само тоа, туку успева да ги мотивира и своите бизнис партнери, па често и заеднички пружаат помош во сите општествени сфери.

Ваквиот поглед на бизнисот го искачува Матадор на нивото на најпросперитетните компании во земјава.

Токму општествената одговорност на компанијата оваа година беше препозната и од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на општина Прилеп, која одлучи “МАТАДОР” да биде награден со Третоноемвриска плакета по повод Денот на ослободувањето на Прилеп.

За МАТАДОР сигурни сме дека оваа награда ќе биде само мотив за уште поголема успешност во иднина, а се надеваме дека тоа ќе биде и поттик за сите останати компании во нашиот град, дел од својот профит секогаш да го насочуваат назад кон заедницата.