дома блог страница 702

За чудото кое минатата година се случи на празникот Св. Пантелејмон, во истоимениот манастир кај мариовско Полчиште (ВИДЕО)

Сместен на една од најубавите панорамски локации во Мариово, на врвот Панделе во близина на село Полчиште, манастирот Св. Пантелејмон во изминатите години прераснува во едно прекрасно светилиште кое го посетуваат стотици верници.

Иако до самиот манастир не води пристапен пат, управата изминатите години прави вистински чуда да донесе до местото разно-разни градежни материјали и постојано да го осовременува ова прекрасно место.

И денеска за патронот на манастирот, Св. Пантелејмон, традиционално таму е весело и разиграно, а голем број иселеници од ова село во градовите ширум Македонија и во странство, се таму и уживаат во убавото време и недопрената природа. Во очекување на фотографии и видео материјал од денешното празнување на празникот, се потсетуваме на едно мало чудо кое се случи минатата година.

Во Прилеп и прилепско постои обичај да се направи аукција, кога разни дарови кои верниците ги оставаат во манастирот се продаваат, а со цел да се соберат што повеќе средства и истите да се вложат во некој неопходен зафат за манастирот.

Минатата година за Св. Пантелејмон, две тегли мед, кои ги оставил некој неименуван пчелар, биле продадени по неверојатни 55.000 денари, или за околу 2.000 евра.

За мештаните и верниците кои на празникот го посетија манастирот ова беше чудо. Тие веруваа дека самиот светец ги натерал наддавачите на аукцијата толку многу да ја кренат цената.

Аукцијата и дел од празничната атмосфера можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

Да им посакаме да имаат ваква богата аукција и оваа година, за што повеќе да се разубавува ова свето место и што повеќе луѓе во иднина да го посетуваат и уживаат во недопрената мариовска природа.

Кривична за пироман од Прилеп: Неколку пати во еден месец предизвикувал пожари

Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик.

Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија. Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ – Македонски Брод.

При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата.

Денеска е Св. Пантелејмон, заштитник на болните и на патниците и ден кога си заминуваат штрковите

Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин. Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, денеска е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

Наставниците ќе добијат 12 отсто покачување на плата

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.

-Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата, рече Јаневска.

Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

Легендата Велески капитенската лента ја замени со место во ВИП ложата

Ракометарите на РК Прилеп ги стартуваа подготовките за претстојната сезона 2024/25 на чело со тренерот Божидар Мојсов и стручниот штаб на клубот.

Среќен почеток и успешен пласман за оваа сезона им посака и градоначалникот Борче Јовчески кој исто така присуствуваше на првиот тренинг.

-Мотивирани, полни со елан и ентузијазам стартуваме и оваа сезона со амбиции за добра позиција во Супер лигата. Подготовките во наредниот период ќе се одвиваат во рамките на нашиот град – велат од клубот.

Покрај неколкуте засилувања и продолжувањето на договорите со клучни играчи од ростерот, новина е и тоа што клубот има нов спортски директор.

Таа позиција ја презема доскорешниот капитен на клубот, Филип Велески. Велески важеше за столб на одбраната и предводник на тимот, а кариерата ја заврши на крајот од изминатата сезона.

Клубот го освои првото место во плеј-аут разигрувањето и со тоа обезбеди опстанок во Супер лигата, а погодоците на капитенот често беа клучни за победа.

Сензација на Олимпијадата, македонската теквондистка Рељиќ ja победи двократната олимписка шампионка

Конечно радост за Македонија на Олимпијадата. Младата Милјана Релиќ приреди големо изненадување и тоа на деби настапот на Олимписките игри.

Девојката која е родена 2003 година во категоријата до 57 килограми се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија и успеа да забележи победа со 2-1 во рунди за пласман во следната рунда!

Инаку, Џонс е искусна теквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Таа е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019 година, а од Европските првенства има три златни медали.

Најхрарата баба во Македонија, која му упадна на Заев во прес, конечно дочека да добие канализација (ФОТО/ВИДЕО)

Баба Перса конечно доби канализација, и си го гушна градоначалникот

Баба Перса од Горно Маало во Волково стана позната по тоа што пред пет години упадна на прес конференцијата на Зоран Заев и тогашниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски и ги разобличи нивните лаги пред новинарите за „наводно“ поставената канилизацијата во Волково.

Тогаш Заев и Наумовски без тронка срам, пред камерите, новинарите и присутните објаснуваа дека пола била завршена, малку бил згрешен проектот и дека за брзо време поставувањето на канализација ќе продолжи и ќе биде поставена.

После цели пет години од лагите на Заев и Наумовски, улицата „35“ на баба Перса во Горно Маало во населбата Волково конечно доби канализација, а нејзината радост и задоволство ги сподели со актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

На 12 години ocтанал cиpaк, животот му помина во apгатyвање, зaгинa нa пaт за Kapпалак

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак, и оттогаш бил постојано со својот дедо.

Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје.

Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото.

Пред неколку години неговиот дедо кажа дека уште од 15 години работел како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување.

-Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели:„Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“. Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”. Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму два пати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму – го убија на пат кај Карпалак. Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето, вели дедо му Тренко. Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели:Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска – велеше неговиот дедо.

3a здравje и cпaceние! Денecка во храмот Пapaклис во Прилеп поклонете се пред моштите на Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон и принесете петтолебие

-Благочестиви христијани, ве покануваме на 08.08.2024г. (четврток), на вечерна богослужба и акатист во 17:00 ч., и 09.08.2024 г., петок во 07:00 ч., на Светата Божествена Литургија во храмот Св. Кирил и Методиј Прилеп – (ПАРАКЛИС), торжествено да го прославиме патронот и заштитникот на нашата татковина Македонија и нашиот македонски народ, светиот Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон, богобојазливо да се поклониме и помолиме на нивните мошти кои престојуваат во нашиот храм и да измолиме мир, здравје и благосостојба за нашите семејства и нашиот град – стои во поканата од храмот до верниците.

МОШТИТЕ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ЗА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕКУ ЦЕЛИОТ ДЕН НА 08.08.2024 (четврток) и 09.08.2024 петок.

Храмот е отворен секој ден со работно време од 06:00 ч., до 18:00 ч.

Тешка сообраќајка кај прилепско Обршани: Малолетник заврши со тешки повреди

На 06.08.2024 во 11.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај с.Обршани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(25) од с. Пашино Рувци, прилепско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Обршани.

Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.