дома блог страница 689

ЗНАМ откри кои ќе бидат новите министри за правда и администрација

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација.

Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а потпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.

Најдобрата самоуслужна автоперална во Прилеп ве очекува да ги разладите вашите автомобили (ВИДЕО)

Најсовремената самоуслужна автоперална во Прилеп, GALA WASH e повторно со вас! Лоцирана покрај Градската река, на улица “Кеј 1-ви Мај”, GALA WASH е местото каде можете да му пружите најдобра нега на вашето возило, и сето тоа без чекање, сами, а сега и по најниски цени во целиот град.

Цената на еден жетон е само 25 денари, а со тоа добивате 90секунди. Само тука вашето возило можете да го перете со топла вода (55 Степени помешана со шампон), а ако сакате вашиот миленик на четири тркала навистина да заблеска, тогаш на располагање ви е и опцијата за нанесување восок со ладен воден млаз.

Покрај тоа GALA WASH нуди и можност за плакнење на возилото без бришење, со дестилирана вода, а откако добро ќе го светнете возилото однадвор, редно е да се упатите на следната станица, односно добро да ја исчистите внатрешноста. За 1 жетон од 25денари добивате 180 секудни за користење на правосмукалка.

Она што мора да се потенцира е тоа дека автопералната користи исклучиво докажан бренд на хемиски средства, односно од реномираниот белгиски производител NERTA.

На вас останува после дождливото време, да ги посетите и да се уверите во пишаниот збор одблиску.

Малолетник со тешки телесни повреди донесен во прилепската болница, откако паднал од моторцикл

-На 13.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 18.00 часот во с.Тополчани, прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп.

Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

„Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица – најдобра претстава, седум награди за „Иванов“ на МНТ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување на претставата во целина, на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Наградите на македонските јазик на денешната прес-конференцијата ги соопшти меѓународното жири во состав Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател, Марина Катниќ Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ, членови. Струмичката претстава доби уште две награди – и тоа за главна машка улога за Васил Михаил за улогата на Силјан и за женска епизодна за Анкица Бенинова за улогата на Сања.

Претставата „Иванов“ од Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, а продукција на Македонскиот народен театар од Скопје освои дури седум награди. Тоа се:

-Награда за рекламен материјал – Зоран Кардула
-Награда за кореографија и сценски движења – Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан
-Награда за сценографија – Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска
-Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ – Ѓорѓи Јолевски за улогата на Лебедев
-Награда за главна женска улога – Дарја Ризова за улогата на Саша
-Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ – Григор Јовановски за улогата на Љвов
-Награда за режија – Зоја Бузалковска

Ова се останатите награди на фестивалот.

-Награда за музика – Ристо Вртев за „Дупло дно“ на Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
-Награда за костимографија – Симон Мачабели и Раде Василев за „Едвард Втори“ на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
-Награда за современа сценска драматизација и адаптација – „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци – Скопје.
-Награда за современ драмски текст не се доделува.
-Награда за млада актерка – Јована Миладинова за Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“- Театар „Јордан Хаџи Контантинов – Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.

Жирито додели и специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од Народен театар Битола.

-Сакаме да искажеме задоволство поради можноста да видиме разновидни театарски поетики и жанрови што покажува богатство на продукцијата на современиот театар во Македонија. Посебно сакаме да го нагласиме големиот број на актерски креации на сите генерации актерки и актери. Значајна вредност на фестивалот е инспиративниот театарски амбиент, каде клучен придонес даде публиката. Се заблагодаруваме на целата организација која ни овозможи ваков театарски настан, а посебно тука ги истакнуваме волонтерките и волонтерите – рече актерката Варја Ѓукиќ.

Марина Миливојевиќ-Маѓарев истакна дека претставата „Црна дупка“ има хармоничен однос кон сите елементи на претставата – сценографијата одговара на стилот на претставата, глумата е усогласена со стилот, режисерската е јасна, но не е наметлива, и тоа што е значајно што актерите беа многу професионални и не им влијаеа техничките проблеми што ги имаа. Тие многу одлучно ја водеа својата претстава. Тие покажаа дека ја сакаат својата претстава. И многу е важно да се посочи дека играа дело според авторот во фокус.
Наградите ќе им бидат врачени вечерва на свечена церемонија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 19.30 часот, а во чест на наградените ќе настапат Добрила и Дориан дуо. Вечерва ќе биде соопштена и наградата од публика, што се воведе годинава, по пауза од повеќе години.

Владата на заминување ги поздрави граѓаните – повисока цена на струјата?

Цената на струјата во државава ќе биде повисока. Одлуката била донесена вчера попладне на затворена владина седница. Владата во заминување одлучила државните електрани произведената електрична енергија да ја продаваат поскапо на универзалниот снабдувач, објави ТВ24.

Актуелната цена засега изнесува 57 евра за мегават час, а според информации на ТВ24 цената на ЕСМ по која ќе ја продава на универзалниот снабдувач ќе биде неколку евра повисока од досегашната. Тоа значи дека понудената намалена маржа кога ја даде претходно ЕВН нема да влијае за да се намали цената за домаќинствата и малите потрошувачи.

За ситуацијата да биде поделикатна, информациите на ТВ24 велат дека ЕСМ нема да го покрива целокупното количество на електрична енергија, туку на тендерот ќе понуди само 85 отсто од потребите за домаќинствата, останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од друга компанија.

Претходно, сите очекувања како и владините најави беа дека цената на струјата ќе се намалува, бидејќи на светските берзи има тренд на пад на цената на електричната енергија.

36 поранешни пратеници ќе добиваат околу 2.000 евра, пари од државата

Вкупно 36 пратеници од претходниот собраниски состав побарале и добиле апанажа откако денеска собраниската Комисија за избори и именувања, со еден глас против, донесе решението за добивање на апанажа на уште седум пратеници што од власта што од опозицијата. Сите тие во следните шест месеци до една година, месечно ќе добиваат по околу две илјади евра, колку што изнесува една пратеничка плата – објави “МКД.МК”.

Апанажа побарале и добиле и сите владини функционери кои не станаа пратеници.

Пари од државниот буџет побарале и тројца вработени во кабинетот на сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, но собраниската Комисија за избори и именувања ги одби нивните барања со образложение дека тоа се функционери кои не се избрани од Собранието.

На денешната собраниска комисија беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов кои ќе добијат по две просечни плати.

Комисијата го усвои и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на членот Арбен Исаку.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски денеска ги потпиша и решенијата за плата на новите пратеници, на координатори на пратенички групи, на избрани претседатели на работни тела, на новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешна претседателка на судот, Добрила Кацарска.

ИЗВОР: MKД.МК

Лена е најмладиот пекар: Со само 9 години ги прави највкусните буреци и бели пецива (ВИДЕО)

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објавено е видео за најмладата мајсторка на бурек во Србија, а веројатно и во регионот, деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, која почнала да прави печива на петгодишна возраст.

Родителите на деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, во Србија, се сопственици на локална пекара, а таа од мала почнала да поминува време со нив во кујна.

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ е објавено видео за малечката Лена која почнала да прави печива на петгодишна возраст.

Овој занает го научила од својот татко, а во видеото ги покажала своите вештини. Јутјуберот што го снимил на крајот имал можност да го проба бурекот што го направила.

„Ова ни е семејна традиција и тие учат по малку со мене“, вели нејзиниот татко во видеото додека покажува како го прават тестото заедно.

Стоејќи на стол за да стигне до работната плоча, Лена вели дека на осум години научила да прави пити, а на пет мали печива.

„Самата Лена покажа интерес да го научи овој занает, а јас сум тука да ѝ помогнам да научи да биде вистински мајстор за бурек и сѐ да прави со рака, а не со машина“, вели нејзиниот татко во видеото.

Во видеото се гледа како тие подготвуваат различни печива, од мини лепчиња за хот-дог до бурек, а вештите раце на ова мало девојче се синхронизираат со движењата на нејзиниот татко додека таа ја подготвува храната рамо до рамо со него.

Видеата од кулинарските вештини на Лена ги преплавија социјалните мрежи, а ова мало девојче предизвика воодушевување во целиот регион.

Важно известување! Водата од овие чешми во прилепско не одговара за употреба!

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – ј.ч сред село – водоводна мрежа , л.в.с Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа , Плетвар -крај патна Че -водоводна мрежа и л.в.с. Беловодица – двор- водоводна мрежа не одговара за употреба.

Во Битола поставен камен темелник за изградба на нов противпожарен дом

Откако заврши расчистувањето на теренот на стариот и руиниран магацински простор во старата касарна, денес на оваа локација беше поставен камен темелникот на новиот противпожарен дом.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски и претставници на Советот на општината, извршија увид на почетокот на изградбата на новиот објект, кој е од големо значење покрај за општина Битола и за околните општини Новаци и Могила.

Новиот објект на површина од 1600 квдратни метри се очекува до карабина да биде завршен до крајот на календарската година.

Koнцерти, претстави, изложби, филмски проекции… – Од 17 јуни до 16 август во Кавадарци се одржува “Стрит Фест”

Општина Кавадарци и ова лето го организира Кавадаречки стрит фест, кој ќе вклучи културно-музички случувања низ целиот град од 17 јуни до 16 август.

Во првата недела на фестивалот е предвидена заедничка програма со општина Ковин, Република Србија – или недела на македонско – српска култура.

-Во понеделник на самото отварање очекуваме присуство и на амбасадорката на Република Србија во Македонија г-ѓа Невена Јовановиќ, велат од општина Кавадарци.

Во првата недела од фестивалските случувања предвидени се поетски и театарски настани, а најголем интерес привлекува театарската претстава “Не се клади на енглези”.