дома блог страница 681

АИРЛИЈА! Нема повеќе одење Грција! Заврши изградбата на “ЛИДЛ” во Битола (ФОТО)

Заврши изградбата на маркетот “ЛИДЛ” во Битола.

Ова е прв завршен објект на познатиот германски синџир на маркети, а според најавите ќе следува изградба на маркети и во Кичево, Штип и Тетово.

Во меѓувреме компанијата веќе започна со изградба на објектот во Скопје, а во Кавадарци веќе се направени подготвителни активности за почеток на градба.

Објектот на “ЛИДЛ” во Битола се наоѓа на самиот влез од страната на Прилеп, на Дулие, а засега нема информација кога истиот ќе стартува со работа.

УБАВИНА! 10 новороденчиња во прилепската болница – Оддлението за гинекологија работи со полн капацитет! (ФОТО)

Пријатен и убав ден Ви посакуваат најмалите пациенти сместени на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

-Овие неколку фотографии се само потврда дека нашето одделение работи со полн капацитет! Во моментов на нашето одделение водиме грижа за 10 новороденчиња. Ним и на нивните најблиски им посакуваме само убавини – информираат од прилепската болница “Борка Талески”

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“, имаше светска премиера на престижниот филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажуваше на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.

Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА) и БАФТА. Билетите за првата проекција на „Мала шега“ беа целосно распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет.

Приказната за тинејџерската љубов и стравот од иднината, која е инспирана од истоимениот расказ „Мала шега“ од Антон Павлович Чехов наиде на огромен интерес од публиката:

„Прекрасна адаптација на познатата приказна на Чехов, режисерот завршил маестрална работа“, „Филмот не трогна и ни го доближи начинот на кој функционира македонското општество, се чувствуваме како да сме таму“, беа дел од коментарите на публиката.

По проекцијата, во дискусијата со публиката се вклучи и Mакедонка која пред 20-тина години се преселила во Данска:

„Филмот точно и реалистично го претстави она што се случува во Македонија, ми доаѓа да се расплачам бидејќи и јас го поминав истото. Посебно ми е драго што ваков филм доби прилика да се емитува во Данска.“

Краткометражниот филм „Мала шега“ кој раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура е во режија на Трифун Ситниковски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Кинематографер на филмот е Сергеј Сарчевски, дизајнер на продукцијата е Александра Петкова. Композитор е Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски.

Режисерот Ситниковски вели дека најголемиот страв бил дали публиката од Данска ќе успее да се поврзе со приказната и да ја разбере:

„Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна и предизвиците на главните ликови“, вели Ситниковски.

Ситниковски е млад режисер кој работи во филмската индустрија повеќе од десет години и има снимено повеќе од десетина кратки играни филмови и документарни филмови, а моментално работи како режисер на истражувачкиот документарен серијал „Редакција“ во копродукција на Истражувачка репортерска лабораторија и Македонскиот јавен сервис.

Овој филм е воедно и прва продукциска работа на ИРЛ на играна фиктивна содржина како дел од напорите на формирање на продукцијата Стори Лаб која ќе работи на филмови од јавниот интерес.

Крводарителска акција во чест на Д-р Лилјана Зероска – основач на трансфузиолошката служба во Прилеп

На 12.09.2024 (четврток), во трансфузиолошката служба во болницата во Прилеп ќе се одржи крводарителска акција во чест на Д-р Лилјана Зероска.

Др. Лилјана Зероска беше основач на трансфузиолошката служба во Прилеп, а веќе четири години не е меѓу нас.

Минатата година на крводарителската акција свој придонес дадоја 30-тина крводарители

Купишта ѓубре, пелени, кучиња расфрлаат се наоколу…Потребно ли е поредовно собирање на отпадот во Прилеп? (ФОТО)

Полни контејнери, депонии на сите страни, води ли ЈКП Kомуналец Прилеп доволно грижа за чистотата во градот? Фотографиите се испратени од граѓани кои бараат собирањето на сметот да биде почесто.

Точно е дека комуналците работат по програма за собирање на сметот, но точно е и тоа дека во ова модерно време отпад има се повеќе. Речиси и да нема повеќе производ без амбалажа, а со тоа кантите за отпадоци и контејнерите се полнат побрзо.

Проблем прават и застарените и дотраени камиони за одлагање на сметот, кои често зад себе оставаат цели реки флуиди од отпадот, а низ градот се шири неподнослива миризба.

Дополнително глутниците кучиња скитници кои ги има во секој дел од градот, го расфрлаат ѓубрето, а сликата потоа е грозна и не доликува на модерен град во 21 век.

Првите две фотографии се од улица “Tризла”

А наредните се од градинката “Гоце Делчев”, каде пак улицата “Ѓорѓи Сугаре” не е ниту пристапна, а богами ниту соодветна за одлагање отпад од контејнери.

Купишта пелени и разно ѓубре се собира во купови веќе две недели, а жителите од оваа улица се дават во непријатна миризба.

Бензините од денеска со нови пониски цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 % во однос на одлуката од 26.8.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,390 ден/кг и сега ќе изнесува 44,780 ден/кг.

Од 3.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,780 (денари/килограм)

Прилеп и утрово избира ПАПА!

Кабли, гуми и разноразен друг отпад се гори на потегот кај Дабница во Прилеп, за пуст бакар… и така со години. Црни облаци од чад уште рано наутро се креваат над градот под Марковите Кули, прилепчани си дишат саѓи, а проблемот не е ниту на повидок да се реши.

Maркукуле партнер со граѓаните и бизнис секторот: Воведуваме рубрика “ОГЛАСИ” – Купи, продај, најди квалификувани работници!

На барање на нашите читатели и стопанственици во општина Прилеп, Маркукуле воведува рубрика ОГЛАСИ. Целта е да се излезе во пресрет на граѓаните, но и на бизнис секторот кој е во постојана потрага по квалификуван работен кадар.

Нашиот медиум ќе стои на располагање за објавување на огласи за:

-ПРОДАВАЊЕ НА РАЗНИ ДВИЖНИ И НЕДВИЖНИ СТВАРИ

-ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПРОСТОР

-ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Вашите огласи испраќајте ни ги на е-mail адресата [email protected] или во порака на нашите Фејсбук фан страни.

Тука сме да помогнеме! Побарајте не’ да се договориме! Ваш портал и ваш партнер!

Бозоски ги поздрави идните првачиња во прилепските училишта (ФОТО)

Училишното ѕвонче звонеше за 245 илјади основци и средношколци кои денеска повторно се враќаат во училишните клупи. И околу 18 илјади првачиња денеска за прв пат влегоа во училиште. Возбудени и со големи очекувања од новата средина.

Основните училишта во Прилеп широко ги отворија вратите за првачињата и со пригодни програми и говори им посакаа добредојде на најмалите ученици.

Во отсуство на градоначалникот Јовчески, добредојде на првачињата на првиот училишен ден им посака заменик градоначалникот, Диме Бозоски.

Годинава учениците ја почнуваат учебната година со учебници за сите одделенија, освен за странските јазици.

Нека им е среќна и бериќетна годината!

Важно известување до граѓаните од општина Прилеп – во наредните два дена ќе се прска против комарци на овие локации и населени места

На 3 и 4 септември во периодот од 7 до 13 часот на територијата на општина Прилеп, екипа од Центарот за јавно здравје Прилеп ќе ja спроведе третата фаза на ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени места каде што има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, мочуришта, делови по течението на Градска река, делови од Дабнички канал, Селечка река, Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езера, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места: Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот ден, информираат од Центар за јавно здравје Прилеп.