дома блог страница 679

Утре во центарот на Прилеп! Адреналинско уживање кое не смее да се пропушти!

Утре, недела (20.10.) со почеток од 11часот, на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред “Палма шоп”, ќе се одржи авто слалом трка. Ова натпреварување ќе се одржи по четврти пат, а оваа година има пријавено над 30 возачи.

Настанот ќе започне од 09 часот со брифинг со возачите и технички преглед на возилата, по што ќе следува официјалниот старт на трката.

Официјални правила:
Основни и задолжитени правила за сите возачи:

1. Технички исправно возило:
– волан (систем за управување)
– кочници (ножна кочница)
– сигурносен појас
– прицврстен акумулатор
– функционално и правилно прицврстено возачко седиште

2. За возачите:
– заштитна кацига
– облека по долги ракави(тркачки комбилизон, тренерки, јакна, блуза со долг ракав) ваш избор

3. За време на возењето задолжително затворени прозорци

КАЗНЕНИ ПОЕНИ (ПЕНАЛИ):
– Турнат чун 2 сек.
– Промаршена врата/капија 5 сек.
ГЛАВНО ИМФО ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ:
-Секој возач ќе биде задолжително Алкотестиран од страна на службено лице ако на алкотестот се докажи резултат поголем од 0,5 промили возачот ќе биде дисквалификуван и нема да има дозвоча да вози
ПС. не следат никакви парични казни доколку некој од возачите е во алкохолизирана состојба

За пријава за возење: 076/403-057

ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП добитник на награда од престижната манифестација “Бизнис Лидер”

Се одржа првото издание на гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“. Врз основа на строго определени критериуми, вчеравечер, беа наградени лидерите на најуспешните македонски компании за 2023 година од повеќе индустриски гранки кои покажаа исклучителни достигнувања во секојдневното деловно работење и придонесоа за економскиот раст и развој на Македонија. ​

Престижната церемонија на доделување награди ја отвори основачот на проектот „Бизнис Лидер“ и извршен директор на Евентика ДОО Скопје, Владимир Ристевски, кој поздравувајќи ги гостите, истакна дека реализацијата на овој настан е само почеток на проектот кој ќе помогне во развојот и зајакнувањето на македонската деловна клима. „Оваа вечер не е само кулминација на нашата работа во последните година дена, туку е првиот чекор кон почнување на еден проект кој ќе ги обедини бизнисите во Македонија, кој ќе почне партнерски да делува со сите чинители кои се борат за подобра иднина на македонската деловна заедница.“, изјави Владимир Ристевски, организатор на настанот.

На церемонијата се обрати и Огнен Огненоски, извршен директор на компанијата Таргет Груп ДОО Скопје и основач на платформата „Бизнис Мрежа“, кои како аналитички партнери на проектот „Бизнис Лидер“ ги подготвија сите анализи и критериуми врз основа на кои ќе бидат наградени најуспешните компании во земјава. „Денес, со гордост ги објавуваме резултатите од нашите анализи. Изборот на најуспешните бизнис лидери од Македонија не беше лесен, но имаше една заедничка нишка — страст, посветеност и желба за напредок. Вашата работа не само што ја подобрува економијата, туку и ја инспирира новата генерација да сонува за големи работи.“ , истакна Огнен Огненоски, извршен директор на компанијата Таргет Груп ДОО Скопје.

Во оваа прилика до присутните гости се обрати и Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, главен партнер на проектот Бизнис Лидер, кој во своето обраќање истакна дека Халкбанк е сериозен, стабилен и лојален партнер на стопанството и поддржувач и двигател на бизнис секторот во Македонија. „Фактот дека соработуваме со многу од 100-те компании што вечерва ќе бидат наградени е уште еден доказ за нашата посветеност да поддржуваме успешни бизнис приказни. Тие компании не се само лидери на пазарот, тие се визионери кои го водат патот напред и ние сме горди што сме дел од нивниот успех.“, изјави Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Овогодинешните добитници на наградата „Бизнис Лидер“ се: Алкалоид АД Скопје во категоријата „Производство на фармацевтски производи и препарати“, Д-р Пановски АД Скопје и Зегин ДОО Скопје во категоријата „Трговија на големо со фармацевтски производи“, Зегин Фарм и Моја аптека во категоријата „Аптеки“, Млекара АД Битола во категоријата „Производство на млечни производи“, Пивара АД Скопје во категоријата „Производство на пијалаци“, Кам маркет и Веропулос во категоријата „Маркети“, Порше Македонија во категоријата „Трговија на големо со моторни возила“, Макпетрол во категоријата „Трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници“, Фершпед АД Скопје во категоријата „Придружни дејности во превозот“, Дени интернационал во категоријата „Товарен патен транспорт“, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и Експанда во категоријата „Трговија на големо со производи од тутун“, Макстил во категоријата „Производство на метали“, Аксапта Мастерс во категоријата „Компјутерско програмирање“, Атлантиц Гранд и Фриготерм Трејд во категоријата „Трговија на големо со кафе, чај и зачини“, Алма-М иАтлантик Трејд во категоријата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер“, ДХЛ експрес Македонија и Еко Логистик во категоријата „Поштенски и курирски услуги“, Комфи ангел и Адиент сеатинг во категоријата „Производство на текстил“.

Награди „Бизнис лидер“ добија и најбрзо растечките компании Мој Дилер и Леаком Марисон во категоријата „Компании – газели“, стартапите Бокси и Ховитцер во категоријата „Стартап на годината“ и компанијата која се истакнува со иновација во областа на финансирање на потрошувачка – финансиски инвеститор ЕОС МАТРИКС. Добитник на наградата „Бизнис лидер – жена“ е г-ѓата Марија Дуковска Павловска – генерален директор на компанијата Макстил АД Скопје, а награда за особен придонес кон бизнис заедницата во развојот на образованието и јакнење на човечките ресурси му беше врачена на проф. д-р Предраг Трпевски, декан на Економски факултет Скопје.

Елитата на македонската бизнис заедница имаше ексклузивна можност да го проследи инспиративниот говор на најпродаваниот автор на бизнис книги и главен извршен директор на IBEM Group, светски познатиот Geoff Hudson Searle, кој во своето излагање ги сподели своите искуства во менаџирање на меѓународни бизниси од различни индустрии, перспективи за подобрување на бизнисот и постигнување подобри резултати.

Церемонијата на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“ беше затворена со двочасовното спектакуларно кабаре шоу кое ги воодушеви присутните со неверојатните динамични перформанси на врвните танчери од Белград.

Мајстори многу, учени, доучени, но ретко кој е “ачик” занаетчија – Среќа па Прилеп ги има “Мигови Пласт”, луѓе кои креираат совршенство во домот (ФОТО)

Во овие времиња кога секој знае се’ и секој втор станува мајстор, многу е тешко да се направи вистинскиот избор, а и кога ќе најдете старски кажано “ачик” мајстор, ретко кога ќе го погодите и квалитетот на материјалите. Новиот начин на живеење и новите трендови наметнаа и нови материјали, па така веќе одамна се исфрлени од употреба старите завеси, а потребата од ролетни и комарници во домовите стана неопходна.

Во Прилеп конкуренцијата за изработка на ролетни, комарници и зебра завеси е голема, но ретко кој ќе ви го понуди токму тоа што ви треба и ретко каде ќе добиете совршенство во домот, а истовремено ќе добиете и нормални цени.

Во Старата прилепска чаршија, во уличката кај бочварите, се наоѓа дуќанот на “Мигови Пласт”, докажани мајстори во својот занает кои можат да се пофалат со перфекција во својата работа и беспрекорна грижа за потребите на своите муштерии.

Во “Мигови Пласт” ќе најдете секаков вид ПВЦ и алуминиумски ролетни, гаражни врати, комарници и секаков вид дезени на зебра завеси.

Досега креирале мало совршенство од стотици и стотици домови и деловни објекти, а нивното семејство на задоволни муштерии од ден во ден се зголемува.

Материјалите кои ги користат се елегантни, практични и лесни за одржување, а најважно од се’ и супер квалитетни.

Во зависност од вашиот вкус, во “Мигови Пласт” ќе најдете и венецијански завеси, како и елегантни вертикални зебра завеси. Ваше е само да изберете дезен кој најдобро одговара во вашиот дом или деловен простор, а потоа да се јавите на телефонскиот број: 078/340-608, или да ги посетите во уличката кај бочварите и да се уверите во богатата понуда.

Станете и вие дел од ова големо семејство! Одберете ги вистинските мајстори и создадете од вашиот дом рамек дело во кое ќе уживате.

За многу години! Денеска се празнува Св. апостол Тома

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител.

Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите.

Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот.

Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

Стерјовска Локвенец: 900.000 денари награда за пожарникарите и 90.000 денари за малиот Никодим (ВИДЕО)

Претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стрејовска Локвенец, на денешната прес конференција за медиумите информираше за најновите одлуки на Советот на вчерашната 50-та по ред седница.

Меѓу останатите одлуки, Советот вчера гласаше и за доделување на парична награда за пожарникарите од ТППЕ Прилеп, кои летово пожртвувано се бореа со огнените јазици.

Советниците одлучија на пожарникарите да им биде доделена награда во висина од 900.000 денари. Покрај тоа Советот одлучи да додели и 90.000 денари помош за 3,5 годишниот Никодим Мидоски, детето кое се бори со тумор на мозокот и ги обедини сите хумани граѓани во Македонија.

“Четири јавачи на апокалипсата” (ВИДЕО)

Несовесни граѓани и понатаму ги оставаат нивните домашни животни (коњи, магариња, кобили…) да пасат и шетаат слободно низ градот, што предизвикува опсасност за безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Проблемот не е од сега, а постапката за пријавување на домашни животни по улиците е следна:

Граѓаните најпрво треба да се обратат во Инспекторатот при Локалната самоуправа, а по издадденото Решение од нивна страна, ЈКП Комуналец Прилеп треба да ги залови животните.

Се чини дека комуналците никако не можат да стават крај на оваа појава, што покрај кучињата скитници во градот е неубава слика за градот во 21 век и го враќа Прилеп еден век наназад.

Награди за животно дело по повод 3-ти Ноември за Владиката Петар и уметникот Жарко Башески (ВИДЕО)

Денес на пресконференција одржана од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, беше презентирана Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Наградата за животно дело-Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:

–Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар- огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникоѕ на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа;

–Жарко Башески-македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп;

Наградата за животно дело-Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:

–Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар- огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникоѕ на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа;

–Жарко Башески-македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп;

Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделуваат на:   

  • Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;
  • ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;
  • Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп- општествено одговорна компанија;
  • Ликовна колонија-Дрен–повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
  • МАТАДОР– успешна и општествено одговорна компанија;
  • Научен институт за тутун-научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
  • Мариовско-Мегленски средби-за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
  • ФК Братство Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
  • Центар за развој и едукација Прилеп-за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
  • Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј– за негување на традициите и донации за најмладите во спортот

  Награди – дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

  • Марјан Јованоски-солист, првенец во македонска опера и балет;
  • Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
  • Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
  • Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
  • Ивана Атанасоска–светска олимпијада по геонауки;
  • Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
  • Елена Ртоска–за особен придонес во развивање на екстремните спортови;
  • Никола Павлески– младински првак во шах;

Со донација од германската компанија “ВИК” започнаа да се реновираат игралишта во Прилеп (ФОТО)

Со донација од германската компанија “ВИК” започна реновирање на две игралишта во Прилеп. Станува збор за спортското игралиште во паркот во населбата “РИД” и игралиштата во “Паркот на револуцијата”.

Донацијата за реновирање на спортски игралишта и паркови од оваа странска фабрика, која успешно функционира во Технолошко-индустриската зона “Алинци”, беше примена на вчерашната 50-та седница на Советот на општина Прилеп.

Еден убав гест кој треба да го следат и останатите странски инвеститори кои работат и профитираат во општина Прилеп.

УЈП со важно соопштение до сите даночни обврзници!

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.

До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.

Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки. Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето [email protected]. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.

За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200.

Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски.

Прифатени 270 проекти! Од државата кон општините ќе бидат насочени 21 милијарда денари за реализација на истите

Повеќе од 270 проекти од речиси сите општини кои конкурирале на повикот за помош на единиците на локалната самоуправа се потврдени на владина седница неделава, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите за време на посетата на Општина Брвеница, Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.

-Потврдени се повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Очекувам следната недела договорите да бидат потпишани и да почне спроведувањето на оваа историска реализација на проекти за кои ќе се вложат повеќе од 4 милијарди денари. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата воедно апелираше општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, кои не добија пари за ниеден проект со кој аплицирале, да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти.

-Општина Струмица не доби средства затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и во тек со избран изведувач. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои ќе можеме да ги финансираме. Средства не се доделени за Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна е-маил адреса и затоа го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници. Имаме некомплетна документација поднесена и од Општина Сарај, очекувам до 15 ноември тоа да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во населеното место Ласкарци и еден водовод. Градот Скопје конкурираше со некомплетни проекти, бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиената на улиците. Од Владата веќе имаат пренесени 600 милиони денари кои се на сметката на градот за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, но две години ништо не е направено. Очекувам во следниот период таму да се подобрат инвестициките перформански, нагласи премиерот Мицкоски.

Од Град Скопје во пишаната реакција наведуваат дека одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицирал градот Скопје уште еднаш ја потврдува, како што стои, очекуваното секташко однесување на премиерот Мицкоски кое е насочено кон пресметки со неистомислениците.

-Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од било која потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократски ни лидерски капацитет. Спротивно на ветувањата дека од средствата од унгарскиот кредит ќе се финансираат проекти во сите општини, без разлика на политичката определба на раководствата на локалните самоуправи, со вчерашната одлука се потврди за неточна. Единствено се потврди очекуваното секташко однесување на Мицкоски кое е насочено кон пресметки со неистомислениците и за кој државата, граѓаните и нивните потреби се очигледно на последно место, се наведува во реакцијата на Град Скопје.

Воедно, од Град Скопје потсетуваат дека согласно објавениот јавен повик на Владата за поддршка на општините, доставиле над 20 проекти со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.

Реакција на својата официјална фејсбук страница објави и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

-Средствата кои ни се кратат нам како струмичани се околу 140.000.000 денари. Истите тие пари директно од џебот на секоја струмичанка и струмичанец од градот и од секое наше село ќе бидат користени да се враќа унгарскиот кредит. Ќе бидеме задоволни доколку истиот износ од 140 милиони денари се насочи за научни истражувања во МАНУ, нека имаат зголемен буџет, нови лаборатории, барем да ја ублажиме неправдата, стои во објвата на фејсбук профилот на градоначланикот Костадинов.

Вкупно 80 општини со 357 проекти аплицирале на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините ширум земјава со пари од државниот Буџет обезбедени преку унгарскиот кредит. Доминантен дел од проектите се за области како изградба, подобрување и реконструкција на водоводни мрежи, канализациски системи, на патна инфраструктура, набавка на транспортни средства и др.