дома блог страница 678

На прилепчанец му се насмевна среќата: Му го украле автомобилот во Струга, полицијата го пронајде во Скопје

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“.

Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје – информираат од МВР.

Meси продолжува да испишува историја! Хет-трик за само 11 минути (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами го потврдија првото место на табелата на Источната конференција на МЛС лигата, откако во последното коло од натпреварувањето пред плеј-офот ја совладаа Њу Ингланд Револушн (6:2). Натпреварот го одбележа маестралната игра на Лионел Меси.

Аргентинецот влезе во игра во 58. минута и од 78. до 89. минута успеа да постигне хет-трик. Тоа му е второ во последните пет дена, откако неодамна постигна гол за репрезентацијата во победата над Боливија.

Њу Ингланд водеше со 2:0 на натпреварот, бидејќи Лука Лангони погоди во втората минута, а потоа и Дилан Бореро.

Сепак, на крајот од првото полувреме Луис Суарез постигна два гола и го доведе својот тим до израмнување – 2:2.

Интер поведе со голот на Бенџамин Кремачи, а потоа Меси со хет трик стави точка на натпреварот.

Меси оваа сезона го предводеше Интер Мајами до рекорден број на бодови за клубот – 74. Покрај тоа, сезонава забележа 20 гола и 10 асистенции на 19 одиграни натпревари.

Интер Мајами како првопласирана го прескокнува првото коло од плејофот, а во осминафиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Атланта и Монтреал.

За жалење сме! Полицаец пишал казна за погрешно паркирање, па бил претепан

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.

На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Нешто не штима во РК Прилеп! Без желба за победа, нема бодови

Eкипата на ГРК Тиквеш триумфираше вечерва во Прилеп и забележа важни бодови, во борбата за позиција која води во плеј-офф разигрувањето во Супер лигата.

Ова беше натпревар да се биде или не и за двете екипи. За прилепчани беше натпревар кој мораше да се добие, особено ако се има во предвид дека Тиквеш им е главен конкурент за позиција во горниот дел од табелата, а второ бидејќи натпреварите на домашен терен мораат да носат бодови.

Сепак, нешто не штима во редовите на избраниците од Божидар Мојсов, па и вечерашниот натпревар го завршија со наведнати глави. Крајниот резултат на семафорот беше 28:32. Она што особено загрижува е тоа дека РК Прилеп беше во негатива во текот на целиот натпревар и не успеа ниту да се доближи за да направи пресврт.

За прилепчани ова е петти пораз сезонава, а на своето конто имаат само две победи и еден нерешен резултат.

Преку претставата “Маѓепсан круг”, средношколците од Прилеп го кренаа гласот против трговијата со деца за принудени детски бракови (Фото галерија)

Во преполнетата сала на домот на културата „Марко Цепенков„ со преставата „Маѓепсан круг„ во изведба на „Слободно театарче„ од дрмската секција при СОУ “Ѓорче Петров„ – Прилеп, средношколците од Прилеп го кренаа гласот против трговијата со деца за принудени детски бракови.

Настанот се одржа по повод одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, а на него присуствуваа и преставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

„Активностите и резултатите од акцијата за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија на Европската Унија„ и Советот на Европа и помагаат на Владата да се усогласи со препораките утврдени во мониторинг извештаите за спроведувањето на Конвенцијата за дејствување против трговија со луѓе од Северна Македонија, подготвена од Групата експерти за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА). Во својот трет мониторинг извештај за Северна Македонија од 2023 година, ГРЕТА забележува дека повеќето деца идентификувани како потенцијални жртви на трговија со луѓе … биле деца од ромската заедница подложена на принудно питачење, принуден брак или сексуална експлоатација“– при своето обрјаќање рече Олег СОЛДАТОВ, шеф на програмската канцеларија на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.

Преставата е дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓеѓсаниот круг“ кој ја спроведуваа локалниот медиум Радио Пела и влклучува радио драмата и театарската претстава насловени „Маѓепсан круг“ кои содржат четири приказни за борба против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе.

Ристовски: Спортот е алатка која гради вистински вредности на почитување, инклузивност и заедништво

Спортот е алатка која гради вистински вредности на почитување, инклузивност и заедништво, порача денеска министерот за спорт, Борко Ристовски за време на отворањето на Меѓународниот турнир во фудбал и пливање за лица со Даунов синдром и лесна попреченост, што се одржува во Скопје.

На турнирот што го организира Сојузот на спортски федерации на Македонија во соработка со Министерството за спорт настапуваат 45 учесници од екипите од Македонија, Србија и од Бугарија.

-Овој настан не е само спортска манифестација, туку вистинско сведоштво за силата и за упорноста без разлика на предизвиците со кои се соочуваме. Како министер за спорт, сакам да истакнам дека Министерството за спорт со гордост стои зад овој настан. Нашата поддршка не е само финансиска, туку и длабоко морална и општествена. Веруваме дека сите луѓе, заслужуваат еднакви можности за учество во спортот, рече Ристовски.

Тој истакна дека Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи.

-Секој од вас тука е победник, зашто вашето учество на овој турнир е победа за вас, за вашите семејства, и за нашето општество во борбата и заложбата за еднаквост и инклузивност. Ќе продолжиме да поддржуваме вакви иницијативи, затоа што веруваме во вас, веруваме во вашите способности и во вашата волја, рече Ристовски во обраќањето до учесниците и организаторите на турнирот.

Во рамките на денешните активности, Ристовски присуствува и на Отворениот ден на Специјална Олимпијада Македонија, настан на кој ја нагласи важноста на спортот во градењето на инклузивно општество. Министерот за спорт денеска ќе ги поздрави и младите ватерполисти учесници на Меѓународниот ватерполо турнир „Скопје 2024“ што се одржува на базенот во СЦ „Борис Трајковски“.

Општина Битола доби пари за 30 проекти oд Владата – Еве што се’ ќе се гради!

Општина Битола, доби поддршка од Владата во висина од 230 000 000 за 16 проекти аплицирани со комплетна документација на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините. Ваквата поддршка е од огромно значење за комплетно подобрување на дел од инфраструктурата во урбаниот и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на објекти од високоградба. Вкупната проектирана вредност за алицираните проекти изнесува 275 990 000 денари, за што потребното кофинансирање ќе го дообезбеди Општина Битола од својот Буџет.

Во овие проекти се вбројуваат:

➡Реконструкција на улично осветлување на улица СТУ 3
➡Реконструкција на коловоз на локален пат за с.Буково
➡Реконструкција на коловоз на локален пат Трново – Магарево (последна фаза до граница со НП Пелистер)
➡ Изградба на коловоз на улици од ДУП за БЛР 4 и дел од ДУП БЛР 4 блок 2 (улици 150,170,210)
➡ Изградба на инфраструктура на улица СТУ 3 АРМ четврт 1
➡ Реконструкција на коловоз на улица Панде Кајзеро
➡ Реконструкција на коловоз на Булевар 1 Мај – јужна страна на река Драгор, од спој со улица Добривоје Радосвљевиќ со спој од улица Свети Наум
➡ Реконструкција на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“, „Козара“ и „Чеде Филиповски“
➡ Улично осветлување на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“,
➡ Реконструкција на водоводна линија на патот Битола – село Поешево – село Логоварди
➡ Изградба на фекална канализација и атмосферска канализациона мрежа на улици од ДУП за БЛР 4 дел и ДУП БЛР 4 дел блок 2 (улици 150,170, 210)
➡ Реконструкција на канализација на улица „Панде Кајзеро“
➡ Изградба на канализација на улица СТУ 3 АРМ четврт 1 (фекална и атмосферска со приклучоци)
➡ Реконструкција на фасада – изведба на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Стив Наумов“
➡Изградба на центар за спорт и рекреативни активности
➡ Санација на Јужна трибина од фудбалски стадион „Петар Милошевски“

Дополнително, во развојната компонента, локалната самоуправа, согласно општинските програми, за следната година вклучува и реализација на следните проекти:

➡ Изградба на паркинг простори кај „Овчи Пазар“
➡ Изградба на паркинг простори кај „Ат Пазар“
➡ Реконструкција на коловоз на улиците „Влатко Миленковски“, „Паца Ванчова“ и „Гаврило Принцип“
➡ Изградба на коловоз на улична мрежа во с.Карамани
➡ Реконструкција на коловоз на улица „7-ма Бригада“
➡ Реконструкција на коловоз на улица „Караорман“
➡ Реконструкција на коловоз на улиците „Љубојно“, „Мукос“ и „5-та“
➡ Реконструкција на коловоз на улица „Христо Ботев“
➡ Изградба на патот до манастирот Св.Меркуриј во с.Барешани
➡ Реконструкција на коловоз на улица „Димитар Тодоровски“ (11-та)
➡ Реконструкција на улици во населба Јенимаале
➡ Реконструкција и изградба на 10 нови спортски игралишта

За овие проекти, како и за предлозите кои ќе произлезат од буџетските форуми кои започнуваат на 24 октомври, ќе бидат инвестирани средства од општинскиот Буџет.

Ваквата соработка, помеѓу Владата и Општината, создава големи можности за развој на Битола, преку подобра инфраструктура и услови за нови инвестиции.

Уште само 200 карти! Марјан Георгиевски со неговата урнебесна турнеја доаѓа во Прилеп + “Надето од Битола” (Видео)

На 26.10. во 20ч во Центарот за култура – “Марко Цепонков” во Прилеп, доаѓа Марјан Георгиевски со неговата голема стенд ап турнеја

Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката, а насловот на турнејата е “За македонските работи”.

“Ова е текст кој се занимава со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатото, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети, кои не се користат во стенд ап настапите кај нас.” – вели Марјан за неговото најново шоу.

Друштво на оваа турнеја ќе му прави неговата колешка Надица Петрова, која ќе биде задолжена за отварањето на сите настани низ турнејата.

Картите се по цена од 300ден и се веќе во продажба во ONYX кафе. До овој момент, половина сала е продадена, затоа ПОБРЗАЈТЕ!

Македонија добива трет мобилен оператор! Се очекува пад на цените на сите услуги!

Унгарската телекомуникациска компанија „4иГ“ формираше своја фирма во земјава со што ја почна постапката да стане трет мобилен оператор, соопшти компанијата – објави “КАНАЛ 5” телевизија.

Регистрацијата на фирмата „Оne Macedonia Telecommunication“ е завршена, а целта, како што велат од унгарската компанија, е да влезе што поскоро на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Веќе се започнати консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело и избрани се локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ‘Оне Македонија Телекомуникејшн‘ е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, вели Тамаш Табори, извршен директор на „Оне Македонија Телекомуникејшн и заменик-извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во „4иГ“.

Од Групацијата велат дека ја имаат поддршката од македонската Влада, којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Владата на 4 август соопшти дека „4иГ“ е заинтересирана да влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и доставила писмо со намери. Премиертот Христијан Мицскоски подоцна изјави дека за избор на трет мобилен оператор ќе има јавен повик, но не прецизираше кога ќе се објави.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски неколкупати во своите изјави кажа дека Владата ќе воведе трет мобилен оператор за да се укине монополот што сега го имаат „Телеком“ и „А1 Македонија“. Тој на 1 август објави дека во рамките на официјалната посетна на Унгарија се сретнал со претедателот на „4иГ“ Групацијата Гелерт Jaсаи.

Деловниот опсег на „Оне Македонија Телекомуникејшн“ опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Утре во центарот на Прилеп! Адреналинско уживање кое не смее да се пропушти!

Утре, недела (20.10.) со почеток од 11часот, на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред “Палма шоп”, ќе се одржи авто слалом трка. Ова натпреварување ќе се одржи по четврти пат, а оваа година има пријавено над 30 возачи.

Настанот ќе започне од 09 часот со брифинг со возачите и технички преглед на возилата, по што ќе следува официјалниот старт на трката.

Официјални правила:
Основни и задолжитени правила за сите возачи:

1. Технички исправно возило:
– волан (систем за управување)
– кочници (ножна кочница)
– сигурносен појас
– прицврстен акумулатор
– функционално и правилно прицврстено возачко седиште

2. За возачите:
– заштитна кацига
– облека по долги ракави(тркачки комбилизон, тренерки, јакна, блуза со долг ракав) ваш избор

3. За време на возењето задолжително затворени прозорци

КАЗНЕНИ ПОЕНИ (ПЕНАЛИ):
– Турнат чун 2 сек.
– Промаршена врата/капија 5 сек.
ГЛАВНО ИМФО ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ:
-Секој возач ќе биде задолжително Алкотестиран од страна на службено лице ако на алкотестот се докажи резултат поголем од 0,5 промили возачот ќе биде дисквалификуван и нема да има дозвоча да вози
ПС. не следат никакви парични казни доколку некој од возачите е во алкохолизирана состојба

За пријава за возење: 076/403-057