Петар Рујаноски Стојановски е пронајден! Момчето по кое од утрово трагаше целиот град и за кого масовно се споделуваше на социјалните мрежи, е пронајден и вратен кај своето семејство.
Неговите најбилиски упатуваат благодарност до сите кои помогнаа во потрагата.
Младото момче беше пријавено дека е исчезнато, откако последен пат било видено вчера (10.09.2024) во 18часот, наспроти пицеријата “Академи”.
Општина Прилеп ги поднесе планираните проекти до Министерството за локална самоуправа, кои се од особено значење за развојот на нашиот град и кои очекуваме да бидат поддржани од Владата на Република Македонија. Овие проекти се дел од нашата визија за подобра инфраструктура и развој на општина Прилеп – напиша на социјалните мрежи градоначалникот Јовчески.
Проекти за кои општината ќе бара финансиска поддршка од Владата се следните:
1. Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).
2. Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.
3. Реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје)
4. Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“).
Изградбата на кружен тек на мостот “Табана” е проект кој датира уште од 2017 година, за кој средства беа обезбедени од Светска банка, а го најави тогашниот градоначалник Марјан Ристески. За жал проектот беше откажан од следната владеачка гарнитура предводена од Илија Јованоски, за кого овој проект веројатно беше голем залак.
Вредноста на проектот во тоа време требаше да изнесува околу 2 милиони, обезбедени преку кредит од Светска банка, со три години грејс период и рок на отплата од 10 години. Кредитот вклучуваше и енормно ниска камата која беше доста поволна за општината, а после завршувањето на проектот, општината требаше да добие ГРАНТ во вредност од 500.000 евра за успешно завршување на проект.
На таков начин Прилеп ќе добијаше средства за финансирање на друг капитален проект што ќе беше од огромно значење за градот.
Потсетуваме дека во проектот беа предвидени:
-реконструкција на дел од улицата “11-ти Октомври”, на потегот од кружниот тек Солидност до фурната Плетварец
-кружен тек кој требаше да се направи со проширување на мостот Табана, со што комплетно ќе се растеретеше сообраќајот во овој дел од градот.
-предвидени беа 4 ленти со зелен појас во средината, со ново енергетско ефикасно осветлување, нови тротоарни површини и велосипедски патеки
Со ова градот ќе добиеше комплетна булеварска улица “11-ти Oктомври” и со булеварско решение ќе го решеше целиот потег од влезот кај бензиската пумпa Лук Оил до центарот на градот, како што доликува на еден град кој тежнее да заличи на урбана европска средина.
Како требаше да изгледа овој кружен тек погледнете во продолжение:
Православните христијани денес го празнуваат Денот на отсекување на главата на Свети Јован Крстител.
Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип.
Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го разобличуваше за тоа, па Ирод го затвори. Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака.
Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли.
Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител.
Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпанија, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис.
По рекациите на родителите и спортистите преку Маркукуле, дека во спортската сала на СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” нема услови за одржување настава и тренинг, училиштето реагираше експресно и го среди проблемот со осветлувањето.
Спортистите кои тука тренираат и се подготвуваат за следните натпревари, истакнуваат огромна благодарност за вложените напори проблемот да биде решен, а тие непречено да спортуваат.
„Лирско интермецо“ е изложбата од уметницата Љупка Галазка Василев отворена синоќа во ликовната гакерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Поставката содржи 15 дела, насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно, создадени во последните неколку години.
Изложбата е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи , желби и очекувања. Делата се отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна.
Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека делата од Галазка Василев се богати со имагинација и метафоричен јазик.
– Во лирските асоцијативни композиции разновидните форми создаваат раскошен наратив прераскажан на автентичен личен начин. Низ асоцијативните композиции се преплетуваат многубројни хроматски и ахроматски линии и површини кои се разликуваат според својата големина, Слободната креативна игра е збогатена со многубројни колоритни форми кои се движат во различни насоки. Авторката создава ликовно единство во слободните композиции со примена на контрасти, градација и повторување на линијата, бојјата и формата – посочи Димеска.
Љупка Галазка Василев, дипломирала на Ликовната академија во Софија, професор е по ликовна уметност во Струмица, досега реализирала повеќе групни изложби, а била автор на десетина самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувала на бројни ликовни колонии и на едукации.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во ноември да објават нови инвестиции. Станува збор за две инвестиции кои ќе бидат проширување на веќе постојни капацитети кои работат во земјава, како и за една странска инвестиција за која преговорите се во финална фаза.
Новата инвестиција која доаѓа од европска држава, како што рече Мицкоски, е во финална фаза на преговори и имаат дневна комуникација со потенцијалниот инвеститор.
– Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции. Две се на постојни инвестиции кои веќе работат кај нас и ќе направат проширување на своето производно портфолио. Очекувам во ноември полека, но сигурно, да ги објавуваме овие позитивни вести за граѓаните. За инвестицијата од 150 милиони евра, во последна фаза сме на преговори со една голема европска земја која е членка на ЕУ, се натпреваруваме за оваа инвестиција. Дневно комуницираме со потенцијалниот инвеститор и доколку тоа се случи, ќе биде голем чекор напред за нас како држава и како Влада, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
Битолчанката Марија Димовска која освои златен медал на светското јуниорско WAKO првенство во Унгарија, денес заедно со својот тренер Александар Димовски, беа примени од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој испрати искрени честитки за постигнатиот успех.
Марија Димовска е првиот јуниорски (помлад јуниор) Светски првак од Македонија, а воедно и првата девојка која станала Светски првак по кикбокс во WAKO светската организација во која членува Македонската Кикбокс и Маитаи федерација.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека шампионскиот успех на Марија е гордост за Битола, а Општина Битола, покрај што беше значајна поддршка за нејзиното учество на светското првенство и понатаму ќе продолжи да биде поддржувач на успешните и талентирани спортисти, кои со своите резултати ја промовираат Битола во светски рамки.
-СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.З.(47) и Е.С.(41), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 16.08.2024, пријавените му го попречиле патот на И.К., кој управувал комбе со кое превезувал работници, при што првопријавениот со тврд предмет го оштетил возилото, додека второпријавениот физички нападнал една од работничките – информираат од СВР Битола.
-На 08.09.2024 во ОВР Прилеп М.С.(36) од Прилеп пријавил дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп додека бил заедно со неговиот внук во колонијална продавница, бил физички нападнат од К.Н., кој, според пријавеното, со употреба на тврд предмет го оштетил и возилото на пријавителот.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.