дома блог страница 668

Прилепчанецот Филип Николоски на проба со “Меморија” – на 16. ноември заеднички ќе настапат во “Борис Трајковски” (ВИДЕО)

Неодамна легендарниот македонски бенд и бренд ВИС “МЕМОРИЈА”, објави преработка на песната “Само за добро да е”. Песната е дело на Душко Темелкоски кој го напиша текстот и Рубин Димкоски, гитаристот на “Меморија”, кој се погриѓи за аранжманот, а ја изведува прилепчанецот Филип Николоски.

Истата ќе биде изведена и на големиот концерт на групата на 16. ноември во салата “Борис Трајковски” во Скопје, каде од групата го поканија и Филип да настапи заедно со нив.

Во пресрет на концертот “Меморија” и Филип одржаа заедничка проба, па слушнете како звучат заедно:

33 настани во период од 15 денови за 80 години од ослободувањето на Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа прес конференција по повод одбележувањето на „80 години од ослободувањето на Битола“. На прес конференцијата, градоначалникот информираше за настаните кои ќе се случуваат во градот по повод овој јубилеј.

„Во пресрет на големиот празник на градот „4 Ноември“ кога ќе одбележиме 80 години од ослободувањето на Битола, сакам да Ве информирам, дека Општина Битола, подготви квалитетна програмска содржина со 33 настани во период од 15 денови, кои вклучуваат традиционални манифестации, одбележување на јубилеи, но и промоција на нашите културни, музички и спортски достигнувања, кои претставуваат гордост за Битола.

Сите програмски активности, се реализираат согласно планираните средства во Програмата за култура за одбележување на „4 Ноември“ и одобрениот буџет од 906.540 денари, за што објавивме јавен повик и врз основа на добиените апликации ја изготвивме четвртоноемвриската програма, во која имаме 6 спортски настани, 4 театарски претстави, 4 настани поврзани со филмот и филмската уметност, 6 музички настани, 4 изложби, протоколарни и хуманитарни настани и три настани со кои официјално ќе се одбележат три 80 годишни јубилеи.

Активностите кои се дел од четвртоноемвриската програма започнаа на 26 октомври, кога над небото на Битола, летаа голем број параглајдеристи, чија почетна точка беше Пелистер, а настанот го организираше Параглајдинг клубот „Летечки конзули“.

Вчера, беше отворен фестивалот на „Мала школа за краток филм“ во Центарот за култура, а се одржа и полуфиналето на „4 Ноемврискиот турнир во куглање“ во организација на кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ и Кугларскиот клуб „Пелистер Пин“.

Денес, 31 октомври во 19:00 часот, во организација на Македонско – турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, во Кино Манаки ќе биде прикажан филмот „80 години слободна Битола“.

На први ноември, ќе имаме богата програма, која вклучува голем број традиционални, но и нови настани. Во Офицерскиот дом, од 11 до 14 часот, ќе се одржи ликовна работилница за деца на тема „Битола е инспирација“ – 80 метри слика за 80 години слобода на градот, а во истиот термин во ресторан Премиер центар ќе се одржи Шаховски турнир за слепи лица. Во 12:00 часот во организација на Младинскиот културен центар, во соработка со Локалниот економско социјален совет во хотел „Милениум“, ќе се одржи јавна дискусија на тема „Праведна и зелена транзиција за Битола“. Во 18:00 часот најмладите од ЈОУДГ во Офицерскиот дом ќе бидат дел од настанот „Битола низ детските очи“, а во 19:00 часот во малата сала на Центарот за култура ќе биде отворен Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.

На втори ноември ќе биде организирана ОФФ Роуд тура по повод ослободувањето на град Битола, а планирани се и две изложби: „Изложба на 80 метарско платно со ликовни творби“ во Офицерски дом и „Блиски сеќавања од Битола“ – изложба на фотографија. Во рамките на фестивалот Камера 300 ќе се одржи Малата школа за краток филм, со Тони и Бландине Гламчевски.

Сојузот на спортови и годинава, транзиционално ќе ја одржи ноќната атлетска трка на трети ноември во 17:00 часот.

На 4 Ноември, активностите започнуваат од 10:00 часот со оддавање почит на загинатите борци пред споменикот на Плоштадот Гоце Делчев, а во духот на хуманоста програмата продолжува со Крводарителска акција наменета за вработените во Општина Битола. Повеќе делегации од збратимените градови, по повод празникот ќе гостуваат во Битола, а Свечената академија за доделување на Наградите „4 Ноември“ ќе понуди настан за паметење во Центарот за култура од 19:00 часот. На празникот на градот, подрачното одделение на Државниот архив во Офицерскиот дом во 20:30 ќе ја отвори изложбата „Битола – слободна“.

Се до 14 ноември, ќе продолжат програмските активности за одбележување на 80 годишнината од ослободувањето на Битола. На 5 ноември, во 19 часот во Офицерскиот дом, концерт ќе одржи Марко Виденовиќ, а во 20 часот ќе се одржи финалето на „4 Ноемврискиот турнир во куглање“.

Два големи јубилеи ќе бидат одбележани на 6 ноември – 80 години од постоењето на Народниот театар Битола и Културно уметничкото друштво Стив Наумов, со свечена академија во Народниот театар во 18 часот. Претходно, во Офицерскиот дом, учениците од Државното музичко училиште ќе одржат музички маратон, а во 19.30 ќе се одржи детскиот музички фестивал Тра-ла-ла.

На задоволство на љубителите на театарската уметност, ќе имаме неколку театарски гостувања. На 7 ноември ќе гостува Македонскиот народен театар со претставата „Бели ноќи“, Драмскиот театар на 8 ноември ќе гостува со претставата „Мојот маж“, на 11 ноември ќе гостува Велешкиот театар Јордан Хаџиконстантинов Џинот со претставата „Вечера за глупаци“. Театараскиот циклус ќе заврши со претставата „Ѓоре Магарески – 80 години подоцна“, на Народниот театар од Битола, на 14 ноември.

Сопранот Билјана Талевска ќе одржи Концерт за Битола во Офицерскиот дом.

Офицерскиот дом, како еден од културните репрезенти на Битола, од 10 ноември ќе биде збогатен со уште една содржина. Во 20 часот, на 10 ноември, во организација на Културно информативниот центар, ќе биде отворена поставката „Музичка соба“.

Со оваа богата програма, која ќе ја најдете и на општинските електронски гласила, достојно го одбележуваме големиот јубилеј, 80 години од осободувањето на Битола.

Верувам дека публиката од сите настани ќе излезе со големи позитивни впечатоци, затоа што културните и спортските настани во Битола, слободно можам да речам се наоѓаат на пиедесталот којшто го заслужуваат.

Во контекст на нашата соработка во делот на културата, нашите денешни гости и учесници во четвртоноемвриската програма ќе ве информираат и за нивните програмски активности и јубилеи“, рече градоначалникот Коњановски на денешната прес конференција.

Директорот на НУ Народен театар, Васко Мавровски информираше дека, наведените претстави се гостувања во Битола, по уште еден значаен повод – 80 тиот роденден на битолскиот театар на 14 ноември, по кој повод ќе биде издадена и монографија.

Моника Марковска, како претставник на КУД Стив Наумов, информираше за големиот 80 годишен јубилеј на културно – уметничкото друштво и хорот кој исто така ќе биде одбележан со концерт на 6 ноември.

Сашко Павловски, како претставник на Сојузот на спортови, информирашше дека во еден прекрасен спортски викенд, исполнет со многу спортски настани, дел од четвртоноемвриската програма, традиционално ќе биде и ноќната атлетска трка, која ќе се одржи по 67 ми пат.

Мицкоски: Сакате на нови избори заедно со локалните?

Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги заборави. Бидете сигурен дека нема да бидеме како вас, нема да влегуваме со специјалци во два часот наутро и да апсиме… Ќе влеземе и ќе им ставиме лисици на тие што седум години ја ограбуваа државата и ќе одговараат. Нема потреба од маски. Казната ќе биде жестока. Измените на Кривичниот законик нема да ви помогнат. Верувајте стотици се, му порача премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на првите пратенички прашања воо Собранието.

-Немојте да мислите дека со вакво прашање, ќе не засрамите или ќе добиете некој поен. Ако сакате да водите лидерска политика во опозиција, не дозволувајте тие околу вас да ве санкаат и да ве однесат во длабоко, додаде Мицкоски во својот одговор до неговиот политички ривал.

Премиерот обелодени дека „дипломати во Брисел му порачале дека тие за нас се бореле повеќе од нашето (претходно) водство“.

-Не можам да се изначудам на лековерноста на која нашите политичари се обиделе да постапуваат. Мој совет е ако отидеш во длабокото, нема враќање назад…

Сигурен сте дека сте се лаги и клевети ова што го кажав? И сигурен сте дека не се плашите? Во ред. Изгледа сте храбар човек. Добро знаете во себе дека се што кажав е вистина, а таа ќе излезе, порано или подоцна, додаде претседателот на Владата.

Мицкоски во својот говор од собраниската говорница говореше и дека „ќе дојде денот да се зборува за многу работи“.

-Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат, кажа премиерот.

Кривична за бивш министер и актуелен пратеник

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за култура.

МВР соопштува дека пријавената Б.К.С., во својство на службено лице – избран министер во Владата на РСМ за Министерството за култура, на 19.02.2024 ја злоупотребила својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност.

-На начин што по донесена Одлука од Советот на Град Скопје и Заклучок од Владата на РСМ за пренесување на правото за реконструкција, доградба и надградба на постојниот објект Универзална сала во Скопје, како и по склучен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Град Скопје како сопственик и Министерството за култура како нов инвеститор, и покрај тоа што министерството било задолжено да ги спроведе неопходните постапки за доделување на сите потребни договори за целосно и комплетно завршување на реконструкцијата на објектот, иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115.173.789 денари, согласно кој министерството наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице, иако знаела и била свесна дека претходно склучениот Договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје како договорен орган и правното лице како носител на набавката за реконструкција на објектот на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите, за што од страна на договорниот орган Град Скопје на Електронскиот систем за јавни набавки – ЕСЈН на 18.09.2023 година било прикачено и Известување за реализиран договор и предметот кај договорниот орган Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен, врз основа на кој нов договор по доставени две времени ситуации од страна на изведувачот за изведени работи, истата на правното лице му исплатила вкупен износ од 27.197.845 денари, со што му овозможила на правното лице од Скопје како изведувач на работите да се стекне со противправна имотна корист во наведениот износ, велат од МВР.

За многу години и честит именден на сите славеници: Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24).

По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните Св. апостол Павле (Колосјани 4, 14). На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица – и тоа не една туку три икони – а исто така Светите апостоли Петар и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград.

Завршила основно “чколо”, продолжила со едукација и сега ќе е директорка во “Тутунски Комбинат” Прилеп

На веб страната на Македонска берза и официјално се објавени биографиите на предлог членовите за Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп.

Aлександар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталовска и Александар Кузманоски се луѓето кои ќе седнат во директорските фотељи, а од нив еден ќе биде и Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.

Биографиите на идните директори можете да ги погледнете на следниот линк: https://seinet.com.mk/document/70103

Меѓу членовите на идниот борд на директори е и првиот човек на движењето БЕСА во Битола, Афродита Баталовска. Во нејзината биографија стои дека родена е во Битола, каде како што стои во биографијата по завршувањето на основното “ЧКОЛО” се запишала во средно гимназиско образование, а потоа и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи.

АЈДЕ ТАБЛАЏИИ! Кафе MY PLACE Прилеп организира голем турнир во табла – за најдобрите вредни парични награди!

На 16. и 17. ноември, едно од омилените места на младите во центарот на Прилеп, Coffee My Place (Бизнис центар – приземје) организира голем турнир во табла.

Пријавувањето за турнирот ќе трае од 01.11. до 14.11., а котизацијата изнесува 300 денари. За најдобрите вредни награди:

ПРВО МЕСТО – 10.000 денари

ВТОРО МЕСТО – 5.000 денари

ТРЕТО МЕСТО – 3.000 денари

А за сите четвртфиналисти, ваучери од спонзорите на турнирот: Прилепска пиварница, Витаминка, пицерија Академи, Паренцо, Нептун, ЈК Травел, Porchella, бутик Аполо, теретана PROFESSIONAL и продавница за играчки Тргачо.

Koнтакт телефони за пријавување:

078/ 328-233
070/ 257-300

Правила на игра:

Ќе се игра на сите три игри на 5 добиени поени. Фрлањето на заровите ќе биде од чаша. Заровите се фрлаат на едната половина од таблата. Зарот што ќе падне на пул ќе се смета за регуларен.

Ученик од Битола дошол во училиште со повреди, па неговите браќа oткриле дека татко им секојдневно ги тепал и малтpeтиpaл

-На 29.10.2024 во 16.50 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди.

Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со другите три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение.

Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.

Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете” – информираат од МВР.

(ВИДЕО) Се распаѓаат спортските игралишта во типската населба

Спортските игралишта во населбата “Типски” во Прилеп се во катастрофална состојба. Вештачката трева на теренчето за фудбал е целосно уништена. Дупки, песок… тука дете многу полесно може да се повреди, отколку да спортува и рекреира.

Ништо подобро не е ниту игралиштето за баскет. Необележано, испокршени табли и кошеви, уништени огради…што од несовесни граѓани и вандали, што од негрижа. Ниту чешмата за вода пиење не е во функција….

Крајно време е игралиштата да бидат целосно реновирани и да го добијат стариот сјај. Ќе го следат ли стопанствениците примерот на компанијата WIK, да донираат за реновирање и на овие игралишта?

“АТЛАНТИС” на Витаминка се облече во розово! Причината е огромна и носи силна порака!

Чоколадните морски школки Атлантис добија розово издание со што дел од продажбата ќе биде наменет за пациентките со рак на дојка. Со облекувањето на Атлантис во розово, Витаминка ги помага жените кои се соочуваат со болеста и воедно влијае на зголемување на јавната свест за можноста од превенирање на болеста.

Вклучувањето во борбата против ракот на дојка, компанијата го прави заедно со Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти ЕЗРА, каде ќе бидат донирани средствата наменети за заболените. Истите ќе бидат употребени за нивните потреби на патот во справување со болеста.

Витаминка преку розовиот Атлантис што се појавува во продажба неклку години во овој период, ги поддржува активностите на здружението и упатува апел до сите жени за поголема самосвест и редовни прегледи.

„Со ваквиот начин на поддршка што секоја година ја даваме, Атлантис стана симбол на борбата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Подигањето на свеста за ова заболување е можеби единствениот начин за борбата против заболувањето, но за сите оние кои се соочуваат со болеста и започнуваат со лекување, потребно е да знаат дека имаат поддршка и дека не се сами во борбата против болеста”, велат од Витаминка.

Розовиот Атлантис е веќе достапен во продажба.