дома блог страница 667

Меѓународен ден на осигурувањето: Мудро управување со ризикот штити од непредвидени финансиски загуби

-Кога имате осигурување тоа значи дека можете да сметате на финансиска поддршка во тешките моменти, вели по повод меѓународниот ден на осигурувањето, Даниел Паришко – раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Меѓународниот ден на осигурувањето, на 1 ноември е повод да се потенцира значењето на осигурувањето како иструмент кој заштитува од финансиски издатоци во непредвидени и неочекувани ситуации. Осигурувањето претставува управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските загуби, вели Даниел Паришко, Раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Осигурувањето најефикасно штити од непредвидени финансиски загуби и тоа во моментите кога тоа ни е најпотребно, затоа што всушност таквите загуби не биле ниту очекувани, ниту планирани. Всушност, осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување. Тоа практично значи дека без осигурување во таквите случаи сте препуштени сами на себе. Но, кога имате осигурување тоа значи дека имате партнер кој ви овозможува финансиска поддршка во тешките моменти.“-вели Паришко.

Веќе со години наназад осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст, вели тој, појаснувајќи дека растот се должи на два фактори. Првиот фактор е растечката свест на граѓаните за предностите и бенефитите кои ги носи поседувањето на полиса за осигурување, додека втор фактор е богатата понуда на доброволните видови осигурување, покрај задолжителното осигурување.

„Брзото животно темпо во динамичното време во кое живееме носи и бројни ризици во различни области од секојдневното делување на човекот. Неговата желба да се заштити и свеста дека на најдобар начин тоа може да го направи преку осигурување се пресликува во се поголемиот интерес на граѓаните да се осигураат и со тоа да бидат поспокојни дека во моментите кога ќе се случат непредвидени финансиски загуби тие нема да бидат сами и нема сами да го поднесат финасискиот товар.“-вели Паришко.

Посочува дека предноста од обезбедувањето на полиса за осигурување од Осигурителен Брокер АД Битола е во тоа што компанијата ги нуди сите типови на осигурување од сите осигурителени компании во државата на едно место.

„Знаеме дека времето е скапоцен ресурс, особено за секој динамичен деловен човек со бројни обврски и на приватен и на професионален план. Во случајот со СН Осигурителен брокер АД Битола не мора да губите време да одите од една до друга осигурителна компанија, да ги споредувате условите и цените. Ние ги нудиме сите типови полиси од сите осигурителени компании. Доволно е само да направите консултација за вашите индивидуални потреби и во соработка со вас нашите брокери ќе ви помогнат да ја изберете вистинската полиса за вас. Тоа значи дека ќе биде избран пакет кој најдобро ќе ги задоволи вашите барања, а истовремено ќе биде избрана понуда која одговара на вашиот планиран буџет. И она што е најважно, таа консултација ја добивате сосема бесплатно. Услугата воопшто нема да влијае на подигнување на цената на полисата за осигурување, туку полисата ќе ја добиете по иста цена како и кога би отишле да ја купите во осигурителна компанија. Но, кај нас добивате професионална консултација која ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор согласно со вашите индивидуални потреби.“-вели Паришко.

Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола www.snbroker.mk како и на телефонот 15 770.

Училиште кое прерасна во БРЕНД на Прилеп! ООУ “Климент Охридски” наградено со плакета по повод 3-ти Ноември-Денот на ослободувањето на Прилеп (ВИДЕО/ФОТО)

Воспитувањето инспирира вредности – е главното мото на ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, училиште кое во изминатите години прерасна во врвна образовна институција, која како ретко каде во целата држава ги исполнува сите услови за квалитетен образовен процес.

Под водство на младиот и амбициозен директор, Ахил Јаков, ова училиште прерасна во бренд на Прилеп и често родителите и учениците знаат да кажат дека улилиштето им е налинк на американските колеџи.

Со многу труд, посветена работа и деноноќно залагање, училиштето доби услови кои за жал се нешто непознато и со кое не можат да се пофалат голем број други основни и средни училишта.

Од средена фасада, игралишта, прекрасни паркови површини, до нови подови, ѕидови, прекрасна и опремена спортска сала…. буквално се уредуваше секое со години заборавено ќоше.

Учениците се горди на нивното училиште, а тоа им е и мотив да постигнуваат високи резултати на сите натпревари каде ќе се појават.

Директорот Јаков важи за човек кој знае да менаџира, човек кој постави цврсти темели во оваа образовна институција, строг педагог, но истовремено и голем пријател како со вработените, така и со учениците.

Важи за чаршиски човек, кој умее искуството и менаџирањето во приватниот сектор во минатото, да го примени и во јавниот сектор. Успешните соработки со стопанствениците во минатото, сега ги преточкува во донации и помош за институцијата со која раководи.

Неговата работа и успешност оваа година ја препозна и Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на општина Прилеп, од каде ООУ “Климент Охридски” Прилеп ќе биде наградено со плакета по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Нам ни останува да му честитаме на директорот, на целиот колектив и на учениците за сите успеси, и да им посакаме уште поголеми достигнувања во иднина.

Момироски детално ги опиша новите директори во Тутунски Koмбинат

Во најновата колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна и на детална анализа на предлозите за членови во Бордот на директори во Тутунски Комбинат:

-Што се однесува до членовите на новиот борд, коментарите се различни. Најверојатно генерален ќе биде Александар Алексовски кој доаѓа од Гентерм. Не треба да биде изненадување на оваа позиција да биде и Афродита Настеска вработена во Тутунски комбинат.

Но, во бордот сигурно ќе биде Александар Кузманоски кој ти имал и богато работно искуство. Со трговија на алкохолни и безалкохолни пијалоци, со пиво, со чоколада и бонбони а некои тврдат дека наводно него му биле омилени трговски зделки и со кондоми. Во личната биографија нема со тутун и тутунски производи.

Меѓу директорите ќе има и битолчанка, Афродита Баталоска со факултет за администрација и менаџмент на информациски системи. Наводно предлог на албанскиот блок партии оти основно училиште има завршено на албански јазик. А ти била и претседател и на УО на установата МУЗЕЈ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА во Битола. За да не биде осамена битолчанкава во бордот ќе има како што веќе спомнав уште една Афродита ама оваа е наша прилепчанка. Настеска е дипломиран економист вработена во комбинатот во секторот сметководство. Се шпекулира дека таа доаѓала како предлог на МПЦ – ОА оти нејзиниот девер и бил владика. Во Прилеп нема нешто што неможе да се поврзи па дури и да не е така. Во бордот ќе има и преставник на Општина Долнени. Сашко Вељаноски од Ропотово. Во 2013 и 2014 бил директор на ЈКП Долнени.

Сега управител на ИЗ Сагома ама ,,веројатно планирал и насетил ,,дека ќе седне во бородот на директори,, ?! Факултет за менџамент сега скоро, поточно оваа година завршил на МИТ. А, средно во Македонски Брод оти најверојатно Прилеп му бил многу подалеку. Ќе директорува и Зоран Петрески – Мускуло од директор во училиште за еден од директорите во тутунски, со големи партиски искуства ама без бизнис знаења но, со верба да научи. Партиите што му носат на луѓето, верувајте не му носат на човек ни во животот, ни во сонот!

Ристески ги опиша ефектите од есенската кошничка (ВИДЕО)

Мерката есенска кошница со која беше ограничена бруто профитната маржа во трговијата на мало и на големо на 73 производи до 10 отсо завршува денес. Министерството за економија не очекува ценовен шок бидејќи не постои економска оправданост цените да бидат покачени од утре. Заменик министерот за економија Марјан Ристески повика на одговорно однесување од страна на трговците, а доколку се забележи неоправдан пораст на цените ќе се искористат сите расположливи мерки вклучувајќи и инспекции и казни од пазарна – oбјави “АЛФА ТВ”

Мерката ги дала очекуваните резултати, бидејќи целта била да се стабилизараат цените. Ристевски вели цените паднале во просек за 5 до 10 отсо. Во однос на податоците од ССМ дека минималната синдикална кошница за октомври е за 57 денари помалку од во септември, Ристевски посочува дека во есенската кошница се вклучени повеќе производи од во синдикалната кошница и заштедата во домаќинствата е околу 20 евра . Се Подготвува и новогодишна кошница, која ќе биде поразлична од есенската, засега не се откриваат детали, но според најавите измените ќе бидат во насока на заштита на потрошувачите.

Инаку на сила е и законот за нефер трговски практики, договорите со маркетите се веќе потпишани и сега е период на мониторинг со што треба да се согледа дали во законот има одредени негативности . Како што вели Ристески, мониторингот ќе трае до Нова Година, па ќе се знае дали треба да има измена на дел од Законот или ќе се применува како што е првично изгласан.

ИЗВОР: “АЛФА ТВ”

По Нова година паѓаат цените на половните возила – автомобил од 10.000 евра ќе чини 8.000 евра

Намалувањето на давачките за увоз на половни автомобили најавено за почетокот на следната година отвора нови можности за купувачите во Македонија.

Според економските анализи и трендовите на пазарот, се очекува цените на половните автомобили да опаднат за значителни 15 до 20 отсто, посебно кај возилата постари од 10 години.

Овој пад на цените е резултат на воведувањето пониски даноци на емисијата на јаглерод диоксид, како и намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за увоз на автомобили, кој ќе важи од Нова година.

Промени во даночната политика
Владата во изминатиот период активно работи на подобрување на условите за увоз на половни автомобили.

Една од најважните мерки е намалувањето на данокот на емисијата на ЦО2, кој директно влијае на крајната цена на возилата.

Оваа мерка се очекува да овозможи намалување на цените на возилата кои веќе имаат долга историја на пазарот, односно оние постари од десет години, кои честопати се најприфатливи за голем дел од купувачите во земјата.

Намалувањето на ДДВ-то за понови автомобили исто така ќе го подобри пазарот за оние кои сакаат да купат возила со помали издувни гасови и повисоки еколошки стандарди.

Токму оваа комбинација на мерки се очекува да создаде нови економски прилики и за граѓаните, и за трговците со половни автомобили.

Пазарот во Европа: дополнителна мотивација
На овој тренд влијаат и движењата на европскиот пазар, особено во Германија, која важи за еден од главните извозници на половни возила.

Цените на автомобилите во Германија покажуваат стабилен тренд на опаѓање – дури и за најкористените модели.

Според последните податоци, цените на најчесто употребуваните половни автомобили паднале за околу 300 евра во последните месеци.

Овој пад е поврзан со промените во побарувачката, како и со глобалниот притисок за намалување на штетните издувни гасови, што резултира со зголемена понуда на помалку штетни возила на пазарот.

Позитивни ефекти за локалните продавачи
Трендовите на пазарот позитивно ќе влијаат и на локалните продавачи на половни автомобили, како и на самите купувачи, кои ќе имаат пристап до поевтини возила со различен спектар на карактеристики и цени.

Ѓорѓиja Н., сопственик на плац за продажба на половни автомобили во Крива Паланка, го гледа ова како одлична можност за зајакнување на својот бизнис.

„Секој пад на цените е добредојден за нас, бидејќи овозможува да привлечеме повеќе клиенти. Со новите даночни олеснувања и промените во политиката, очекуваме дека ќе се зголеми интересот за половни автомобили од сите категории. Посебно е значајно тоа што сега и купувачите кои бараат поевтини модели ќе можат да најдат квалитетни возила за нивниот буџет“, изјави Николовски.

Тој додава дека, според неговото искуство, најголем интерес има за возила постари од 10 години поради пониските трошоци, но и поновите модели би можеле да станат подостапни за македонските купувачи.

ВРВНИОТ БРЕНД Bonatti доаѓа во Прилеп! Ќе биде број еден дестинација за вљубениците во врвен квалитет и елеганција (Фото галерија)

Со гордост ве информираме дека врвниот бренд за долна облека Bonatti отвора нова продавница во срцето на Прилеп, на бул. Гоце Делчев бр. 6-3, наспроти “Ла Страда”. Оваа продавница ќе биде најновото место каде што љубителите на квалитетната и елегантна долна облека ќе можат да го доживеат уникатното искуство што го нуди Bonatti.

Bonatti е бренд кој веќе долго време се препознава по својот модерен и иновативен пристап кон дизајнот, комбинирајќи стил, удобност и префинетост. Со врвен квалитет и внимание на секој детал, Bonatti создава парчиња што ги надминуваат сите очекувања. Без разлика дали станува збор за секојдневна долна облека или ексклузивни сетови за посебни пригоди, Bonatti секогаш успева да ги задоволи вкусовите на најпребирливите купувачи.

Новата продавница во Прилеп ќе биде совршено место за сите оние што сакаат да се чувствуваат убаво и самоуверено во својата кожа. Со широк асортиман на производи, вклучувајќи долна облека, пижами, аксесоари и други модни детали, посетителите ќе можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.

Ве покануваме да ја посетите новата продавница на Bonatti во Прилеп и да го откриете светот на стилот, квалитетот и елеганцијата. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од отворањето и да се уверите зошто Bonatti е изборот на модерните жени и мажи.

Продавницата ќе биде отворена оваа сабота (02.11.2024), каде што сите заинтересирани ќе имаат можност да откријат што го прави Bonatti синоним за стил и елеганција.

Новиот моден свет на Bonatti е подготвен да ве инспирира.

Утрово почина Зoки Фаци, ја загуби битката со ракот

Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по долга битка со ракот.

Тажната вест ја објави неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров.

„За жал, утрово во 6.40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот, тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.

Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.

Наградата за животно дело од Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот, за актерот Борис Чоревски

Највиското општинско признание, наградата за животно дело што ја доделува Општина Битола, годинава ќе му биде врачена на доајенот на Народниот театар од Битола, актерот Борис Чоревски.

Борис Чоревски (75) во својата кариера одиграл над 150 улоги, меѓу кои и Осман бег во „Македонска крвава свадба“, Барон Михаузен во „Минхаузан“, Јордан во „Печалбари“, а како што пролетоска изјави за МИА, за свој возбудлив почеток го смета настапот на Стериино позорје во Нови Сад кога во 1978 година битолскиот театар ја изведе претставата „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски.

Наградата за животно дело на Чоревски ќе му биде доделена на 4 ноември, на Денот на ослободувањето на градот, настан за кој Општина Битола подготвува свечена академија.

Николоски: За три години ќе имаме нов, модерен и безбеден автопат Прилеп- Битола, во сабота започнуваме со активности

Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот ќе биде модерен со вкупно шест ленти, со по три ленти од двете страни и помошен алтернативен пат. За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање.

„Од Градско до влезот на Прилеп ќе се вози по експресен пат, тука ќе има еден кружен тек каде лево ќе се влегува за Прилеп а десно до Битола ќе се вози по нов автопат. За три години од денес, од Скопје до Битола ќе имаме автопатско решение, што значи дека патувањето од Скопје до Прилеп ќе се намали на еден час и десетина минути, а до Битола на еден час и четириест минути, што значи ќе се смени динамиката на развој, раздвижување на економијата, на бизнисот бидејќи голем дел од од БДП-то доаѓа од овој регион. Бенефит ќе имаат и општините во тој дел Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Ресен. Ова е огромен проект кој не е виден во Централна Македонија и кој целосно ќе ја промени сликата во Пелагонскиот регион” истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцирше дека во изминатиот период се соочил со бројни предизвици за овој проект како што е деминирање на бројни експлозивни направи од првата светска војна каде со помош на Министерството за одбрана се засилила динамиката на деминирање на теренот и се ослободиле 12 километри за работа. Исто така најголем проблем како што рече било и експропријацијата која во изминатите три месеци решени се околу 2400 предемти за експропријација, за три пати повеќе отколку претходно што се работело, истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека активно се работи и на изградба на експресниот пат Градско -Дреново кој се очекува да се пушти за сообраќај до Нова година, како и на изградба на експресниот пат од Дреново до Фариш кој се очекува да се заврши и да се пушти за сообраќај на пролет следната година.

„Решивме да не правиме калкулации и да работиме. Експресниот пат беше пред раскинување на договорот, имајќи предвид дека овој патен правец се работи со средства од ЕУ и средства од буџетот. Една и пол година не била формирана комисија со што се соочувало да се раскине договорот, изведувачот да оди на арбитража и со голем можност да ја добие арбитражата. Комисијата ја формиравме, ги надминавме проблемите и активно се работи на неговата изградба и очекувам до Нова година да биде завршена првата фаза до Дреново, а од Дреново до Фариш да биде завршен напролет следната година, истакна министерот Николоски.

Тој најави дека следната година ЈП за државни патишта ќе избере изведувач за доизградба на експресниот пат од Фариш до Прилеп.

Ова досега не се случило! Фатени дрвокрадци од долненско Црнилиште – им одзеле 15 кубици дрва

-На 30.10.2024 во 17 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Ропотово во с.Црнилиште, општина Долнени биле лишени од слобода Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште.

На 30.10.2024 полициските службеници од Полициско одделение Ропотово, врз основа на наредба на Основен суд Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 ст 3 и чл.226 „пустошење на шуми“ извршиле претрес во дом и други простории кај Н.Н.(42) и И.О.(40), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени, при што биле пронајдени и одземени околу 15 м3 огревни нежигосани дрва.

Дрвната маса е предадена на шумска полиција, а по документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.