дома блог страница 657

Ексклузивно: Кражба во прилепски “Комуналец”

Маркукуле дознава дека утрово околу 08:00 часот пријавена е голема кражба во наплатен центар на ЈКП “Комуналец” Прилеп.

Според засега неофицијални информации, oд сефот одземена е сума помеѓу 5-6.000 евра.

Очекуваме повеќе информации од ОВР Прилеп.

Победа прими четири гола од екипа која имаше само 5 бода

По добрата серија резултати во изминатите кола, фудбалерите на Победа доживеаја нов катастрофален пораз вчера на гостувањето во Кочани кај Осогово.

Црвено-белите беа поразени со 4:1, и тоа од екипа која во пресрет на ова коло имаше само 5 освоени бода.

Победа која во изминатите четири кола забележа 3 триумфи над: Вардар Неготино, Вардарски и Новаци, веруваше во нови три бода и на овој натпревар, и со одличниот погодок на Матеј Ѓурчиноски поведе уште на стартот од натпреварот.

Но, Осогово веднаш се врати, и со погодоците на Марио Симоски и Драган Паунов направи пресврт уште на полувремето.

Во вториот дел одново Паунов беше прецизен за зголемување на водството, а гол постигна и Фикрет Љиварека.

Во наредното коло, на 23.ноември, Победа го пречекува Скопје.

Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св. мач. Кирил

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 октомври.

Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св. мач. Кирил.

Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината.

Кога тогашниот градоначалник слушна за неа, испрати луѓе да му ја доведат. На судот, света Анастасија изјави дека е христијанка и беше ставена на маки. Додека ја измачуваа, таа два пати побара вода.

Некој христијанин, по име Кирил, и пристапи и ја напои. Заради тоа му ја отсекоа главата. Најпосле, и света Анастасија ја изведоа надвор од градот и ја погубија, а Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Света Анастасија и свети Кирил пострадаа за Христа за време на Декиј (249-251).

Koнцертна промоција на албумот “Од колено на колено” од Александар Јовевски во Прилеп

На 12.11.2024 / вторник/ од 20.00ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи целовечерен концерт на Александар Јовевски, композитор, аранжер, инструменталист (кавал, тамбура) и музички лидер на етно составот “Монистра” и дел од речиси сите етно проекти во државата. Концертот е поддржан од Министерството за култура.

**************************

,,Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и
идентитет, и е проект од национален интерес за РСМ. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните
инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури. На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени 4
обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде
мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

Утрово повеќе градови во Македонија се разбудија под снег

Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.

-Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот, истакнаа од подружницата на Македонија Пат.

Од делчевските воспитно образовни установи известија дека превозниците кои сообраќаат до училиштата во руралните средини навреме ја извршиле својата обврска.

Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во с.Тработивиште, како и на подрачјето на с.Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.

Девојките од NEW GENERATION Прилеп го освоија Благоевград! Еден куп награди од големиот танцов фестивал SCAPTO DANCE

Викендов во Благоевград, Бугарија, се одржа големиот интернационален натпревар по модерни танци, SCAPTO DANCE, каде настапија и едни од најдобрите македонски репрезенти во танци, NEW GENERATION од Прилеп.

Нашите прилепчани свој настап имаа со една формација во категорија хип-хоп и неколку соло настапи.

Со формацијата KIDS DANCERS го освоија првото место и со тоа докажаа дека се една од најдобрите групи во Европа.

Во соло хип-хоп први места за Нина Димеска, Мидеа Георгиева и Јована Стојковска. Теона Стојаноска освои прво место во категорија опен, а Михаела Јованоска, Антонина Котеска, Ива Димоска и Марија Ристеска освоија втори места во своите категории.

Тимот девојки од Прилеп на натпреварот беше предводен од тренерот Ивана Богојевска.

Прилепски “Комуналец” за гуми потрошил над 90.000 евра?

Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп, е најчеста мета на критики од граѓаните во изминатите години. Нередовното одлагање на отпадот, чистотата на улиците, големиот број кучиња скитници, коњи, магариња по улиците…, а згора на тоа и зголемените сметки си го направија своето, па раководството на претпријатието не може глава да крене од граѓаните.

Што да се прави, лош народ им се погоди….

А што ли ќе речат граѓаните кога ќе видат дека само за гуми за моторни возила, претпријатието склучило договор во вредност од 5,7 милиони денари, или над 90.000 евра.

На порталот од електронскиот систем за јавни набавки детално е опишан договорот, а таму се гледа дека Комуналец набавил едно чудо гуми од скопска фирма.

Веројатно претпријатието конечно се подготвува да ја стави во функција целата своја механизација, трактори, камиони… за да ја врати чистотата во Прилеп.

(ВИДЕО) Трпението на битолчани се исплати! Големата градежна офанзива, донесе голем број дела

80 години слободна Битола – Промени и проекти за поубава општина!

Водени лудории секоја вечер во центарот на Прилеп (ФОТО)

Ако имате автомобил за перење, шанса имате секоја вечер да си поминете бесплатно на кружниот тек “Карпалак” во центарот на Прилеп.

ФОТО/Владимир Толески

Шумската полиција од Прилеп во акција: Фатен дрвокрадец од Дебреште

На 09.11.2024 од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод во содејство со шумската полиција од Прилеп и Македонски Брод на место викано „Голем рид“ во атар на с.Дебреште,општина Долнени, бил затекнат трактор „имт“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(39) од с.Дебреште, натоварен со огревно дрво без жиг и без испратница, а во непосредна близина биле пронајдени и други огревни дрва, нежигосани и бесправно исечени.

Дрвата се подигнати од страна на ЈП „Национални шуми“- Македонски Брод, а против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.