дома блог страница 649

Црквата Св. Петка со покана до верниците: Во петок за прв пат во Прилеп, ќе бидат изложени мошти од Св. Нектариј Егински

Со голема духовна радост Ве известуваме дека во петок, на 22 ноември 2024 година, во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, ќе го чествуваме споменот на големиот светител и чудотворец Св. Нектариј Егински. По овој повод, прв пат во нашиот град, ќе бидат изложени мошти од овој светител, што претставува особен благослов за сите нас – информираат од црковниот храм Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп.

Св. Нектариј Егински е еден од најпочитуваните светители во православниот свет, познат по својата длабока вера, смирение и чудотворни дела. Манастирот што го основал на островот Егина во Грција денес е едно од најпосетуваните поклонички места, каде илјадници верници се собираат за да му се поклонат и да побараат негово застапништво. Особено е познат како голем исцелител од душевни и телесни маки, а многумина сведочат за исцеленија од најтешката болест на нашето време – ракот.

На овој ден, прилепчани ќе имаат можност со поклонение пред неговите мошти да ја искажат својата почит и љубов кон св. Нектариј и да го замолат за застапништво пред Божјиот престол.

Од храмот ги покануваат верниците да се придружат на ова молитвено торжество и да го почувствуваат благословот и духовната радост што ги носи присуството на светињите.

Прилепчани одиграа натпревар како финале во Скопје

Во рамките од шестото коло на Втората кошаркарска лига на Македонија, екипата на Мега Баскет од Прилеп викендов гостуваше во Скопје кај Бутел и одиграа драматичен натпревар.

По нерешените 23:23 во првата четвртина и 12:11 во втората, прилепчани направија одлична предност во третата 15:26. За жал гостите забележаа пад во играта во последната четвртина, која му припадна на Бутел со 22:12.

Така се стигна до нерешен резултат во основниот дел 72:72, а домаќините беа поуспешни во продолжението, па натпреварот заврши со 84:79.

Во наредното коло Мега Баскет го пречекува Црн Дрим.

Сејдини и официјално поднесе оставка од ФФМ – за себе вели бил досега најуспешен претседател

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на репрезентативците им соопштил дека заминува од функцијата веднаш после победата над Фарски Острови (1-0).

Тој се симнал во соблекувалната, им честитал за успесите, им се заблагодарил за периодот што го поминаа заедно и ги известил дека поднел оставка на функцијата, информација која одреден период лебдеше во воздух, но сега добива и официјална потврда.

Се очекува многу брзо и Фудбалската федерација на Македонија да го потврди заминувањето на Муамед Сејдини, ковертираната оставка, по што в.д.претседател одреден период ќе треба да биде Лазар Ракиџиев, а потоа на Изборно собрание да се бира новиот претседател на ФФМ.

Многу изгледно е дека нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде Масар Омерагиќ.

-По седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,844 (денари/килограм)

Заврши најголемиот досега турнир во табла во Прилеп: Ова се најдобрите таблаџии (ФОТО)

Викендов се одигра најголемиот досега турнир во табла во Прилеп. Натпреварите се играа во едно од омилените места на младите во центарот на градот, Coffee My Place (Бизнис центар – приземје).

Се играше на 5 добиени, а фрлањето на заровите беше од чаша.

После бројните натпревари во изминатите два дена, вечерва се познати и најдобрите таблаџии.

Во малото финале за трето место се сретнаа Дејан Нортоно Ристески и Пецко Андоноски, при што Ристески беше подобар и ја освои третата награда во вредност од 3.000 денари.

Во големото финале за главната награда од 10.000 денари, играа Мите Дамјаноски и Даме Пирганоски. Пирганоски издвојува победа и ја освои главната награда во висина од 10.000 денари.

Дамјаноски како второпласиран освои 5.000 денари.

Најдобрите тројца беа наградени и со пакет производи од прилепското царство на вкусови, ВИТАМИНКА, а организаторите пакети од своите спонзори обезбедија и за сите четвртфиналисти.

Турнирот беше поддржан од: Прилепска пиварница, Витаминка, пицерија Академи, Паренцо, Нептун, ЈК Травел, Porchella, бутик Аполо, теретана PROFESSIONAL и продавница за играчки Тргачо, како и од медиумските покровители “МАРКУКУЛЕ” и “ИНФО КОМПАС”.

Честитки за најдобрите, а на организаторите им посакуваме уште повеќе вакви турнири и дружења во иднина!

Cтpaшно! Објавена снимка од моментот на екcплозиjaта на бомбaта во двopoт на Раде Штекли во Скопје

4NEWS.MK обави  снимка од безбедносна камера од моментот кога одекна бомбата во дворот во скопската населба “Керамидница”.

Во експлозијата повреден беше Раде Трајковски – Штекли. Oва е трет обид за негово убиство.

Дрвокрадци од крушевско Борино и долненско Житоше фатени со бесправно исечени огревни дрва

-ОВР Крушево поднесе кривична пријава против И.А.(46) од с.Житоше, прилепско и против И.Х.(57) од с.Борино, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 21.10.2024 во атар на с.Белушино, крушевско, полициски службеници ги затекнале пријавените како со трактори превезуваат бесправно исечени огревни дрва – информираат од МВР.

БРАВО МОМЦИ! Македонија со еден примен гол до прво место во групата и пласман во Б сегментот на Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Натпреварот го одлучи Бојан Миовски кој ја затресе противничката мрежа во 62. минута.

– Задоволен сум од епилогот на натпреварот и во групата. Целта ни беше првото место и ја остваривме. Тие одиграа одличен натпревар, беше тешко да ги пробиеме. Останавме смирени и трпеливи и дојде таа шанса што ја искористив и донесов победа за Македонија. Чест е да се игра за репрезентацијата. Атмосферата во националниот тим е одлична и очекувам уште поголеми успеси во иднина, изјави Миовски, по натпреварот.

За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова е петта победа по ред, сите пет без примен гол.

Со трите освоени бода Македонија го освои првото место во четвртата група Ц-сегмент од Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ групата ја завршија со 16 бодови и гол-разлика 10:1. Второто место и припадна на Ерменија која по денешната победа (2:1) над Летонија стигна до седум бода. Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.

Македонија во следното издание на Лигата на нации ќе игра во Б-сегментот.

(ФОТО) Колку кучиња “стражари” има ова училиште во Прилеп? Проблемот станува алармантен!

И додека од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп се расправаат со поединци и со јавноста, дали купиле гуми за моторни возила во вредност од 5 милиони денари, или во вредност од 1 милион, проблемот со кучињата скитници почнува да зазема алармантни размери.

Цели глутници кучиња се шетаат речиси низ сите прилепски населби. Граѓаните стравуваат за својата и безбедноста на своите најмали, а од фотографиите кои ги добиваме од наши читатели се гледа дека кучиња скитници врие и во училишните дворови.

Да се разбереме! Кучињата се невини суштества кои не по своја вина талкаат наоколу во потрага по храна… Крајно време е некој силно да се заземе околку овој проблем, како во интерес на овие невини животни, така и во интерес на безбедноста на граѓаните.

Апсење во Прилеп: Доцна синоќа полициски службеници во автомобилот кај млад прилепчанец пронашле мархуана

-На 17.11.2024 во 02.45 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.