дома блог страница 648

Стравично невреме во Македонија! Земјата побеле, натрупа град (ФОТО/ВИДЕО)

Стравично невреме проследено со пороен град и грмежи попладнево го зафати северо-западниот дел на Македонија. Снимките и фотографиите се од селата Сиричино и Брвеница, каде невремето предизвика поплави, а во дворовите на куќите имаше и по дваесетина сантиметри град.

ж

Од УХМР велат дека во текот на следната недела претежно во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Kрушевчанец и прилепчанец се степале во Автобуската станица

На 22.06.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 17.00 часот во Автобуската станица во Прилеп, Х.Х. од Крушево и П.Р. од Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

“Со двете деца во раце ќе ја победам оваа битка” – Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп го победи ракот на лимфната жлезда

„Не знам дали се сеќавате кога напишав-Со двете деца во раце, ќе ја победам оваа битка. Успеав!

Со овие зборови 33-годишната прилепчанка Ивана Ѓорѓиоска им се обрати на своите следбеници на „Инстаграм“ за да им ја соопшти убавата вест-дека го победила канцерот.

Таа се бореше со рак на лимфната жлезда и на социјалните мрежи отворено зборуваше за сите предизвици со коишто се соочува.

-Благодарна на Господ и на мојата ПОДДРШКА, МОТИВАЦИЈА и ИНСПИРАЦИЈА што се на сликава до мене! Благодарна на мојата фамилија, пријатели и сите вас кои од почеток до крај бевте со мене. Благодарна на мојот доктор! Ти благодарам Господе! Господине ‘раку’, не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело – напиша Ивана на својот профил на Инстаграм.

Да и посакаме да има долг и среќен живот со нејзиното семејство!

Кузманоска елегантно ја срози Лукаревска (ВИДЕО)

Новата пратеничка од Прилеп во Собранието на Република Македонија, Билјана Кузманоска, на денешната дебата за избор на новата Влада, упати жестока реплика кон нејзината колешка од СДСМ, Сања Лукареска.

За недобивањето на датум за преговори со ЕУ, немањето на реформа во администрацијата, за потрошените речиси половина милион евра за привремени вработувања во УЈП…

Поради сето тоа, Кузманоска ја повика Лукареска и колегите од СДСМ да покажат доблест, и да гласаат за програмата за работа на новата Влада предводена од Христијан Мицкоски.

Бебе во тешка состојба донесено во прилепската болница – починало на пат кон Скопје

На 22.06.2024 во 16.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба, од неговта мајка Ф.Ј.(34) од Прилеп, било донесено бебе, кое починало при транспорт со Итна медицинска помош Прилеп кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција – информираат од МВР.

„Крајот на светот нема да дојде, се’ додека живее и цвета 5000 години стариот Мамриски даб“: Во прилепскиот храм Св. Петка изложена иконата на Св. Троица со честица од најсветото дрво (ФОТО)

ВО ЦРКВАТА СВ. ПЕТКА ВО ПРИЛЕП ИЗЛОЖЕНА ИКОНАТА НА ПРЕСВЕТА ТРОИЦА СО ЧЕСТИЦА ОД МАМРИСКИОТ ДАБ

„Крајот на светот нема да дојде се’ додека живее и цвета 5000 години стариот Мамриски даб“

Иконата на Пресвета Троица, со вграден реликвијар во кој има честица од старозаветниот Мамвриски даб, кој се наоѓа во близина на израелскиот град Хеброн, денес, на Духовден, беше изложена во храмот Св. Петка во нас. Точила.

Библискиот настан претставен со оваа икона е опишан во Старозаветната книга Битие, и се случил околу 1800 години пред Христа, во Мамре кај Хеброн, на западниот брег на реката Јордан. Имено, за да се скрие од жештината на денот, старозаветниот патријарх и прататко Аврам ги сместил тројцата гости, односно Троичниот Бог, под крошна на даб, познат во Библијата како Мамрискиот даб, во чија непосредна близина живеел.

Овој даб е зачуван до денес, а се наоѓа на имотот на рускиот манастир Света Троица. Според традицијата, дабот е стар, според некои верувања дури и 5.000 години и претставува своевидна светиња за христијаните, Евреите и муслиманите. Според старозаветниот текст и преданието, токму на ова место „тројцата гости“ му објавиле на пророкот Авраам, дека во неговата 99-та година ќе добие син. Исак, неговиот син, се родил следната година.

Постои верување дека сушењето на овој даб ќе го најави крајот на светот и апокалипсата. Дабот се исушил во 1996 година и тоа ги разгорело толкувањата дека крајот на светот е близу. Сепак, по Божја милост, во 1998 година, дабот повторно разлистал. Во 2019 година, поголем дел од дабот паднал и тоа уште повеќе ги распалило предвидувањата дека крајот на светот е сосема близу. Но, дабот е жив. Руски научници ги отстраниле сувите и паднатите делови и помогнале од коренот да потераат млади фиданки.

Многу христијани, особено во средниот век, го посетувале Мамрискиот даб како дел од своите поклонички патувања верувајќи дека престојот под дабот и молитвите во негова блицина носат посебни благослови и духовни искуства. И денес, дабот е незаобиколна дестинација при поклоничките патувања во Светата земја.

Иконата со димензии 40×30 е подарок на храмот од благочестиви верници (семејство Јончески) од Прилеп, а е дело на иконописецот и зограф Николче Српчански и е иконописана во духот на источната православна иконописна традиција, врз основа на старозаветниот мотив каде Светотроичниот Бог му се јавува на отецот Авраам во вид на три ангели а за образец е користена најпознатата претстава на Аврамовото гостопримство и најавтентична претстава на Пресветата Троица, иконата изработена од прочуениот преподобен отец, монах и иконописец Андреј Рубљов.

Оригиналната икона насликана од Андреј Рубљов

Иконата на Пресвета Троица со честицата од Мамрискиот даб ќе биде изложена за поклонение и целивање во текот на целата духовденска седмица.
Нека благословот Авраамов биде над Прилеп и прилепчани! За многу години Духовден!

СЕКОЈА ЧЕСТ! Битолчани по трет пат организираа “Вистинска парада на гордоста” – Дом и семејство со мајка и татко за загарантирана иднина! (ФОТО)

„Вистинска парада на гордоста” – под овој слоган вчера по трет пат битолчани маршираа низ Широк Сокак.

Голем број битолчани, а пред се млади луѓе го поддржаа овој марш и порачаа семејство формирано од мајка и татко има загарантирана иднина.

-Тоа се вредности дадени од Бога и вредности по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генерации после нас во духот на нашата ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА вероисповед – порача Игор Петковски, еден од организаторите на маршот.

Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн.

Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

Србија доби воз со кој од Белград до Скопје ќе се патува 2 часа

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, го претстави новиот брз воз и истакна дека тој е најмодерниот воз во Европа, со кој од Белград до Будимпешта ќе се оди за три часа, бидејќи ќе вози со 200 километри на час – oбјави “ЕКСПРЕС.МК”

„Дали знаевте дека наскоро ќе можете да стигнете до Будимпешта за помалку од три часа со овој брз воз. Јас сум во најновиот брз воз што ќе сообраќа од Белград до Будимпешта. Ова е најмодерниот воз во Европа и ќе оди со брзина од 200 километри на час кога ќе тргнете од Белград во Будимпешта Овој воз е единствен во светот бидејќи има свои литиумски батерии и ако снема струја може да се вози 10 километри со брзина од 30 километри на час најбрзите возови во Европа“, рече Весиќ.

Министерот додаде дека до Ниш ќе се оди за помалку од 100 минути, а од Белград до Скопје ќе се патува за два часа.

Грчки медиуми: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“

На употребата на името Македонија и тоа како што пишуваат „трипати“, грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за говорот во Собранието на мандатарот за нова Влада Христијан Мицкоски, а дел од информативните портали коментираат дека станува збор за „нова провокација“, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн изданијата на медиумите, во главно ја пренесуваат веста од грчката новинска агенција АНА-МПА што е под наслов „Северна Македонија: Христијан Мицкоски ја нарече земјата „Македонија“ во експозето како мандатар за неговата Влада“, а во текстот е објаснето дека во Собранието започна дводневната седница за избор на Владата „која ќе ја води десничарското ВМРО-ДПМНЕ со премиер, лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски“.

-Идниот премиер Христијан Мицкоски при експозето за програмата на Владата што ќе ја предводи, земјата, и тоа трипати ја нарече „Македонија“, без да го користи уставното име на државата, пишува АНА-МПА, а се осврнува и на делот за надворешната политика, пренесувајќи дека Мицкоски „ја повтори поддршката на неговата земја за Украина, а спомена дека неговата влада ќе негува односи на соработка со соседните земји“.

Грчката новинска агенција потсетува на неодамнешната изјава на Мицкоски дека „на инаугурацијата на неговата влада ќе го користи уставното име на државата“.