дома блог страница 645

Сте слушнале ли за Хитлер од прилепско Лопатица? Оригинална сторија за човекот со несреќно име! (ВИДЕО)

Приказната за Хитлер Здравески од прилепско Лопатица ја раскажува актерот Виктор Велевски, а истата е дел од хитот видео стории “ВЕЛЕНОВЕЛА” – нешто свежо во македонскиот медиумски простор што вреди да го следите редовно.

Ако ви се допадна оваа сторија, кликнете Subscribe на јутјуб каналот на IDMedia и чекајте ја следната ВЕЛЕНОВЕЛА.

Прилепчанец заработи кривична пријава: Преку Фејсбук се заканувал на странски дипломат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод, поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

На 16.05.2024 год. од странска амбасада било пријавено дека пријавениот упатувал навредливи и заканувачки содржини.

Преку салата во “Ричко”, Бикоски како капитен ќе не’ носи во Европа

Христи Бикоски и понатаму останува верен на Прилеп!

Во сезоната која претстои, раководството на РК Прилеп го продолжува договорот со еден од најдобрите поединци и стрелци.

За Бикоски ова ќе биде шеста сезона по ред во жолто-црниот дрес, каде за прв пат ќе го предводи тимот во својство на капитен.

Бикоски капитенската улога ја презема од Филип Велески, кој стави крај на својата кариера. Тоа е дополнителен товар на грбот на младиот ракометар, ако се земе во предвид дека Велески беше столб на тимот и во клучни моменти вистински мотиватор.

За жал, се’ уште нема најава дека клубот би можел да се врати во спортскиот храм на Прилеп, а тоа е Универзалната сала. Засега сите напори салата да се стави во владение на општина Прилеп заглавија во дневно-политичките лавиринти. Надеж дава новата Влада и новоформираното министерство за спорт. Жално би било за екипа која претендира да обезбеди излез на европска сцена, и во наредната сезона да настапува во училишна спортска сала.

Сепак, на Бикоски му посакуваме успешни настапи во натпреварувачката сезона која следува и многу голови!

Еве зошто прилепчани веќе една година немаат главоболки, кога во прашање е промената на електричните инсталации и осветлувањето (Фото галерија)

Лоциран на улица “Кеј 1-ви Мај”, во непосредна близина на Основното училиште “Кочо Рацин”, во правец кон старата автобуска станица, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ” е местото каде ќе најдете буквално сe’ од електро материјали и лед расвета по најниски цени во градот.

Веќе една година прилепчани немаат главоболки кога е во прашање промената на електричните инсталации и осветлувањето во нивните домови и деловни објекти.

Во “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ” на едно место ќе најдете широк избор на електро производи од реномирани производители, со врвен квалитет и различни дизајни, но и високо квалификуван, услужен и љубезен персонал, кои се подготвени да излезат во пресрет на сите ваши барања и потреби.

Токму затоа “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ” за кратко време успеа да се наметне кај потрошувачите и да стекне доверба.

Нудат се’ од програмите на VIKO и PANASONIC, за кои се овластени дистрибутери, а застапници се и за ЕТI осигурувачи. Покрај тоа во нивниот продажен салон ќе најдете секакви видови на подземни и воздушни кабли, а особено интерес предизвикува широкиот избор на ЛЕД светилки – и тоа од модерни LED светила, кои штедат енергија и нудат прекрасна осветленост, до класични дизајни кои никогаш не излегуваат од мода.

Секако тука е секогаш расположениот пријателски тим на вработени кои ќе ви помогнат да го изберете најдоброто решение за вашиот ентериер и екстериер.

Покрај широкиот избор на електро материјали, за кој можете да се уверите од фотографиите во прилог, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ” ви стојат на располагање и за изведба на секаков вид електрични инсталации, а вршат и техничка документација за приклучоци во ЕВН.

Сe’ на се, oва е единствениот дуќан од ваков тип во Прилеп кој ќе ги задоволи сите ваши потреби, а притоа и ќе заштедите.

Посетете ги и уверете се и самите!

Одлична можност за младите таленти! ТФА Елит и клуб од Дубаи доаѓаат во Прилеп по талентирани фудбалери

ТФА Елит пристигнува во Македонија и професионалниот фудбалски клуб од Дубаи ќе организира дводневни проби за млади и талентирани играчи кои ќе добијат можност да се стекнат со професионален договор и уникатна шанса да ја започнат или продолжат кариерата во Обединетите Арапски Емирати.

„Посветеноста на владата на ОАЕ да вложува во развојот на спортот и посебно во фудбалот е за пофалба и почит. Исклучителната можност да се натпреваруваат играчи од цел свет во лигата го збогатува квалитетот на фудбалот, но истовремено, овозможува и фудбалери од различни позадини да ги остварат нивните соништа.“ – изјави Али Ел Џиши, спортскиот директор на ТФА Елит

Пробите ќе се одржат на 4 и 5 август на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, а експедицијата предводена од спортскиот директор, Али Ел Џиши веќе го најави настанот на кој ќе бидат избрани минимум еден, а најмногу тројца играчи кои ќе добијат шанса да се здобијат со професионален договор во метрополата на ОАЕ. Имено, младите и талентирани фудбалери кои ќе ги импресионираат тренерите и скаутите на пробите во Прилеп и ќе бидат прогласени за победници, ќе отпатуваат во Дубаи на 30 дневна проба каде доколку ги задоволат очекувањата на тренерите и стручниот тим на ТФА Елит ќе добијат професионален договор со клубот во пресрет на новата сезона. Клубот досега успешно организираше проби во Етиопија, Јужна Африка, Пакистан и Малезија кои вродија со плод, а следниот месец ќе се одржат проби во Унгарија пред доаѓањето во Македонија. Пријавувањето за пробите во Прилеп е веќе започнато и заинтересираните играчи може да се пријават, купат билет и дознаат повеќе информации на следниот линк.

ТФА Елит се натпреварува во четвртата фудбалска лига на Обединетите Арапски Емирати која е единствената професионална фудбалска лига во светот што дозволува дури 23 странски играчи да настапуваат за еден клуб. Минатата сезона екипата ја предводеше поранешниот фудбалер на Ливерпул, Болтон, Њукасл и сегашен тренер, Дени Гатри што доволно говори за амбициозниот проект на ТФА Елит чија главна цел е развивање и промоција на млади фудбалери.

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ! Mицкоски најави! Доаѓа покачувањето, еве колку ќе изнесува и кога ќе се реализира

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека за зголемување на пензиите ќе треба да се чека ребалансот на Буџетот, за што тој и министерката за финансии, како што кажа, интензивно работат и кој е најавен за средината на јули. Најави две линеарни зголемувања и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март.

-Апсолутно. И од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања најверојатно. Ќе биде ова потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа. Имаме две, едно со нивелирањето сега во септември линеарно зголемување од 2,500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2, 5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во овој буџет тие пари недостасуваат. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. И уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување сега што ќе биде во септември, за овие тре месеци септември октомври ноември бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март и со тоа практично нашето ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари во првата година ќе биде и порано исполнета. Нема да биде до јуни туку ќе биде до март, рече Мицкоски, кој беше на ставање на камен темелник на училиште во Драчево.

Треба ли и кај нас? Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Воениот воен рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Министерот за одбрана вели дека се е подготвено за воведување воен рок, а политичката процедура се уште се чека, јави ХРТ.

Деталите се уште се разработуваат.

– Помеѓу два и три месеци се планира задолжителен воен рок. Она што е важно да се нагласи е дека ги покачивме хонорарите, тие сега се 900 евра месечно, а колку ќе биде тогаш во задолжителниот воен рок, таа такса веројатно ќе остане иста, изјави вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ.

Идејата е да се задржат што повеќе млади луѓе во одбранбениот систем, а според проценките, 15 илјади од нив треба да поминат обука годишно.

– Безбедносните предизвици се такви што пред сите ни ја поставуваат обврската да размислиме, не само Хрватска, туку и многу земји во светот и Европа, како да го активираме тој модел, изјави вицепремиерот и министер за хрватски бранители Томо Медвед.

Во Хрватска, задолжителната воена служба беше укината во 2008 година.

Претпладне сонце, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени, а УВ индекс 7.

Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според УХМР, променливото облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи ќе се задржи до петок. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.

“Од векови за векови” – храмот Св. Петка од Прилеп организира хуманитарен концерт

Храмот Св. Петкс во населбата Точила во Прилеп организира хуманитарен концерт “Од векови за векови”. Во соопштението од храмот стои:

Почитувани прилепчани,
Со звуци на надеж и хармонија имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт “Од векови за векови”, посветен на доизградбата на нашето духовно светилиште, архитектонскиот бисер, храмот Св. Петка во нас. Точила.

Концертот ќе се одржи на платото пред храмот спроти големиот празник Иванден, на 6 јули (сабота) со почеток во 20:30ч., каде ќе настапат светски познатите а наши македонски национални богатства, мултиинструменталистот проф. д-р Драган Даутовски, заедно со маестралниот перкусионист Ратко Даутоски и познатата вокална дива и македонски славеј, проф. д-р Андријана Јаневска.

Вашето присуство и поддршка се од неизмерно значење за успешно одржување на овој настан, за напредокот на нашата заедница и на оваа, за сите нас, значајна и благородна иницијатива па затоа ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите пријатели и семејства, та заедно да создадеме прекрасна вечер во име на заедничката цел за доизградба на нашиот храм.

Со почит, Организационен одбор при храмот:
Протоереј Љупче Петрески
Професор Мендо Ташкоски
Црковниот Одбор ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН
ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ:
Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189

Србите на Ханиоти, а прилепчани заиграа оро во аква парк (ВИДЕО)

“Бисер балкански” ечеше во аква паркот “Салида” во Прилеп, а младите заиграа оро во водите на базенот. Доста веќе од видеа со Срби како играат по грчките летувалишта…можеме и ние…