дома блог страница 644

Прилепска пиварница на 13. јули ви приредува ноќ за паметење со српската ѕвезда Марија Шерифовиќ

Марија Шерифовиќ, ДНК и Тропико бенд ќе пејат на прославата по повод 100-годишнината од формирањето на “Прилепска Пиварница”.

Настанот ќе се случи на 13.07 со почеток од 20часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, а од компанијата ги канат сите граѓани да бидат дел од забавата.

-Прилепска Пиварница продолжува со прославата на големиот роденден! На 13 јули на плоштадот во Прилеп не пропуштајте да бидете дел од забавата и да прославите 100 години успешност заедно со нас – стои во соопштението од Прилепска Пиварница.

Неверојатен подвиг за кој долго ќе се зборува: Филип, Влатко и Христијан од Прилеп возеа на велосипеди од Цирих до Прилеп – 1.800км за 2 недели!

Тројца членови на велосипедското здружение “Маркови точакџии” од Прилеп, направија подвиг кој долго ќе се памети и за кој долго ќе се зборува и раскажува.

Филип Илиоски, Влатко Крстески и Христијан Мојсоски, се тројцата дечки кои на велосипед поминаа 1.800 километри во две недели и ја реализираа Tour de Suisse.

Нивната тура започна од езерото во Цирих и по 14 дена на две тркала пристигнаа во Прилеп.

На патот до својот подвиг поминаа низ 7 држави и низ секакви временски услови.

Денеска тие имаа прием и кај градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој им честиташе на подвигот и порача дека тие се вистински амбасадори на Прилеп и Македонија.

-Филип, Влатко и Христијан се вистински прилепски амбасадори кои поминаа повеќе од 1.800 километри на велосипед и така успешно ја реализираа Tour de Suisse 2024! Како градоначалник, денес, имав чест тие да бидат мои гости и исто така имавме прилика да поразговараме за нивниот прекрасен подвиг, за нивните авантури низ 6-те држави кои ги помимаа и својата мисија која успешно ја завршија во Прилеп, Македонија. Локалната самоуправа на Општина Прилеп секогаш ќе дава безрезервна поддршка на ваквите подвизи бидејќи покрај промоцијата на спортот и здравите навики, се промовира и нашиот град и нашата држава – напиша Јовчески на ФБ.

Мини депонија во типската населба: Жителите револтирани, велат дека од ѓубрето излегла и змија (ФОТО)

Жители од улицата “Јоска Јорданоски” со денови апелираат до нас за чистење на депонијата на нивната улица, која е направена од несовесни граѓани.

“Веќе една недела ѓубрето стои, а надлежните од Комуналец, иако пријавивме не го собираат. Забележавме и влекач како излегува од сметот”, вели наш сограѓанин од оваа улица.

Маркукуле како сервис на граѓаните е тука да апелира до надлежните да ги обавуваат своите обврски кон граѓаните. За жал и во 21 век имаме несовесни поединци во нашиот град кои сопствениот отпад го оставаат каде ќе најдат, без притоа да водат грижа за животната средина, како и здравјето на своите соседи, роднини, деца….

Утре седница за нов претседател на Советот на општина Прилеп

Советниците при Советот на општина Прилеп, утре (петок) 28.06.2024, со почеток од 12 часот, ќе ја одржат 44-та седница, а на дневен ред е изборот на нов претседател на Советот, како и пополнување на испразнетите советнички места.

Советниците ќе дискутираат и одлучуваат и по следниве други прашања:

1. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Прилеп.
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Прилеп.
3. Предлог-Решение за избор на Кандидациона комисија.
4. Предлог-Решение за избор на Претседател на Совет на Општина Прилеп.
5. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за родова еднаквост.
6. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2021-2025 година.
7. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата.
8. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за избор на Комисија за мандатни прашања, избор и именувања.
9. Предлог-Измени и дополнувања на Буџет на Општина Прилеп, за 2024 година.

Претседавач со Советот на утрешната седница ќе биде советничката од СДСМ Мирјана Крстеска, како најстар советник во овој состав, по именувањето на досегашниот претседател Дејан Проданоски за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Прилеп одбројува до големиот музички спектакл! Ќе врие како во кошница на стадионот на Могила – Влезниците се при крај!

Прилеп се подготвува за големиот музички спектакал кој ќе се одржи во петок 12 јули на ден Петровден на стадионот во Паркот на револуцијата!

Најголемата балканска ѕвезда Теа Таировиќ ќе одржи голем концерт и ќе направи ноќ за паметење.

Поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени и истите по промотивни цени до недела 30 јуни ќе може да се купат во Тобако Плус, Т.А Бран, Кафе Мун и сите продажни места на Мк тикетс ширум републиката.

Исто така билети можат да се купат и онлајн на www.vleznica.mk.

Интересот за настанот е огромен и се очекуваат посетители од сите делови на Македонија. Бидете и вие дел од едно од најголемите музички случувања годинава!

„Расцветај, љубов мила, таму горе…“ – Вереникот објави потресна снимка со загинатата битолчанка Мартина, која го кине срцето

Ден пред да ја испрати на вечното почивалиште, на „Инстаграм“ се огласи вереникот на Мартина Наумовска, 29-годишната битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи во близината на Солун. Тој сподели снимка на која тој свири на гитара и двајцата ја интерпретираат баладата „Расцветај“, големиот макфестовски хит на Ѓоко Танески.

Пред утрешниот ден, денес не можеш да ме сопреш…

Овој ангел не беше тивок, видео кое не ми дозволуваше да го објавам, сега има смисла, видео кое стои година и пол во драфт спремно да го објавам, сега има смисла зошто не сакаше, видео кое трае повеќе од 40 минути, друго немам, и секоја песна што е одбрана има смисла, но не ви го давам цело, не сакаше внимание, го добивме наметнато и трагично, затоа го објавувам, цел свет знае за тебе душо, а не знае ништо, покрај душата не беше свесна што поседува, и двајцата пеевме, но таа беше посебна, тивкиот ангел имаше неверојатен ангелски глас кој само јас го слушав, природна музичка интелегенција, едвај чекав да запееме и скришно снимав, се договоривме дека еден ден ќе пееме јавно, ја чувавме среќата само за нас, но сега гледам што значело ова видео, јас во црна маичка, а таа само сенка на нашиот магичен прозорец кој ја имаше Битола на дланка, беше толку добро да е вистинито, ја чувавме среќата само дома, не ја експониравме, но сепак џабе, сите знаеја што имаме и ни завидуваа, еве сега ситете се сите душегрижници.

Ристе го нема скриениот дијамант кој го брусеше со години, и бев најголемата поддршка и гориво во животот, ја охрабрував да си ги цени вредностите, беше многу храбра и се трудеше но секогаш велеше: “нема назад за вас, ѓаволот ве има земено длабоко под контрола”, за жал во право беше. Научете ја лекцијата од чупето, барем малку некогаш сетете се да помогните некому без интерес, не судете, почитувајте се, радувајте се на малите работи, бидете смирени, со молк како ангел ни држеше лекции и се разочаруваше, скромен ангелу не сме достојни да зборуваме за тебе, сите сме грешници, секогаш ни велеше: “блазеси ви на паметот што го имате, камо јас да можев така”……….имам многу да кажувам за тебе но толку е доволно.

Цветај расцветај, љубов мила, таму горе…

Да им посакаме среќа! Борачките од Прилеп пристигнаа на Европското првенство во Нови Сад (ФОТО)

Борачките од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај”, Тамара Цветкоска и Ангела Трајкоска, оваа недела зедоја учество на Европското првенство до 17 години, кое се одржува во Нови Сад, Србија.

Тамара ќе се натпреварува во категорија до 57кг., во конкуренција на 20 борачки, и од нејзе очекуваме во одлично светло да ја претстави Македонија.

За жал Ангела нема да настапи на првенството, а причината е грешка на боречката федерација на Македонија.

Првенството во Нови Сад за кадети и јуниори свечено беше отворено во понеделникот на 24. јуни, а ќе трае до 7. јули.

Учество ќе земат екипи од 39 земји.

Претрес во две куќи во Битола – кај двајца млади битолчани пронајдена поголема количина дрога

На 26.06.2024 полициски службеници од СВР Битола по член 215 од КЗ извршиле претрес на две места во куќи во Битола сопственост на Џ.М.(22) и И.М.(23) двајцата од Битола при што на двете локации пронајдени се четири најлонски паковки со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица Битола при што по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Грее од убавина! Уметникот Чатлески со прекрасен мурал, го украси дворот и училишната зграда на ООУ “Страшо Пинџур” во прилепско Мало Коњари (ФОТО)

Со прекрасен мурал насловен како “Животот е убав” – “La vita e bella”, уметникот и професор по ликовно образование, Тони Чатлески, го разубави Основното Општинско училиште во прилепското населено место Мало Коњари.

Една прекрасна мајсторија која вреди да се сподели!

За срценцето на Аника нормално да чука! Ајде хумана МАКЕДОНИЈО! Да успееме заедно во оваа битка!

Вентрикуларниот септален дефект е вродена срцева мана каде доаѓа до мешање на крвта во коморите на срцето и симптомите за жал најчесто се појавуваат во почетните месеци од животот што е и случај кај малата Аника.

Бледилото, бавниот раст, лесното заморување, забрзаното дишење се само еден мал дел од симптомите со кои се соочува малата Аника, а за среќа се решливи со оперативен зафат кој родителите на Аника не се во можност да го подмират и истиот треба да се изведе на клиника во Бугарија.

Оваа интервенција гарантира нормализирање на состојбата, целосно стабилизирање на состојбата и нов нормален живот за малата Аника.

Согласно насоките од клиниката во Бугарија за интервенцијата, рехабилитацијата и терапијата потребните средства за лекување на малата Аника се 25000 евра.

Досега се собрани две третини од потребните средства за лекување на 5-месечната Аника. Сите хумани граѓани кои се во можност можат да донираат на следниот ЛИНК преку ecrowd.mk платформата https://ecrowd.mk/projects/5649ca54-f6f5-4f6f-a4aa-9027ee1f4e1a?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2vz4tzQDfPT02kNbcqtT_seaY0siqWgbGMhXfT-_r5qG9dxlssMTfXTJc_aem_sOBAAfkcSARC2vNTTExYYA

Денеска со емотивно видео се јави и мајката на малото бебенце, која се заблагодари на сите хумани граѓани.