дома блог страница 635

Утре ќе се знае дали и колку ќе поскапи струјата од јануари

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според неги, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.

Прилеп ја доби голеадата против Куманово во “Ричко” – вредни бодови, но повторно со над 30 примени голови

Ракометарите на Прилеп во натпревар од 13. коло од Супер лигата на домашен терен синоќа го совладаа Куманово со 32:31. Ова беше петти сезонски триумф за избраниците на Божидар Мојсов, па сега екипата има 12 бода и се наоѓа на шестото место на табелата.

Со овој триумф прилепчани одново фатија приклучок со горниот дел на табелата и одново имаат надеж за плеј-оф разигрување.

Куманово имаше водство со 5:11 во првиот дел, но прилепчани брзо се консолидираа и направија серија од 5:0.

На полувремето се замина со 14:14. Во вториот дел во најголем дел се играше гол за гол, но во клучните моменти од натпреварот Прилеп редовно имаше водство од 1-2 гола разлика.

Домаќините во победата ги предводеше Никола Цветаноски со осум гола, а на спротивната страна прв стрелец беше Дарио Симоноски, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со десет гола.

Во наредното коло Прилеп гостува кај одличниот сезонава Охрид.

Со пушки, пиштоли и униформи на УЧК, деца од Челопек го прославуваа Денот на албанското знаме (ФОТО)

Деца во униформи на УЧК и со пушки и пиштоли го прославуваа Денот на албанското знаме во тетовско Челопек.

Фотографии и снимки од „пригодната“ прослава ги преплавија социјалните мрежи, а министерката за образование, Весна Јаневска на Фејсбук напиша дека e згрозена од настанот.

Денеска започнува прилепската бизнис лига во мал фудбал – На програмата се 8 натпревари!

Денеска во Прилеп започнува бизнис лигата во мал фудбал. Натпреварите се играат во салата од Градскиот базен, а лигата ќе започне со следните натпревари:

13:00ч – ВИК – Кабелнет

14:00ч – МВР – Нови бизниси

15:00ч – Адвокати – Тутунски

16:00ч – Мермер – Комуналец

17:00ч – Паркетар Горан – La Piazza

18:00ч – Витаминка – Спорт Лајф

19:00ч – Гентерм – АРМ

20:00ч – СОНК – Тренери

Се’ уште маестрални и во одлична форма! Прилепските џудисти Киро Здравески и Марјан Димески освоија златни медали на Балканското првенство за џудисти ветерани (ФОТО)

На Балканското Првенство за ветерани кое се одржа на ден 30.11.2024 во Аминдео, Грција, репрезентативците на Македонија и членови на ЏК “Сеишин”-Прилеп ги освоија следните резултати:

1. Киро Здравески -66 кг./ М9, Златен Медал
2. Марјан Димески -90 кг./М7, Златен Медал.

Со ова ЏК “Сеишин” има двајца нови балкански шампиони и тоа во највозрасната ветеранска конкуренција. Воедно покрај што беше натпреварувач, Киро Здравески ја предводеше и ветеранската репрезентација на Македонија како селектор.

Џудо клубот “Сеишин” им честита на своите членови, кои треба да претставуваат пример за помладите генерации, со што се докажува дека џудо спортот нема возрасни граници, како за тренинг, така и за натпревари.

Градоначалникот на терен со екипите за зимско одржување

Градоначалнико на Битола, Тони Коњановски вечерва заедно со директорот на „Нискогардба“, Зоран Талевски, се на терен со зимската служба.

„Во моментот зимската служба ќе пристапи кон чистење на селата кои се наоѓаат на повисоките места во Битола. Екипите ќе бидат цела вечер на терен“ вели Коњановски.

Во текот на денот беше соопштено дека Општина Битола e подготвена со зимската служба за интервенирање во претстојната зимска сезона.

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија. Со рекордни 350 учесници од целата земја, ова е најголемиот натпревар од ваков вид, кој спојува ученици со љубов кон математиката.

Во присуство на професори и со поддршка од своите родители, финалистите ги покажуваат своите математички вештини во елиминациските рунди и се натпреваруваат за престижната главна награда од 10.000 евра.

Основачот на образовниот центар Бреинстер, Факултетот Бреинстер НЕКСТ и на NU Колеџот за средношколци, Петар Ниновски, на отворањето на натпреварот истакна дека денеска се слави талентот на учесниците и додаде дека нивната посветеност кон математиката претставува дополнителна инспирација за тимот кој го овозможи UltiMATH.

„Посебна благодарност сакам да упатам до средните училишта низ целата земја кои широко ни ги отворија вратите за овој предизвик. На нашите посети запознавме многу талентирани ученици, ученици кои веќе работат на своите големи идеи, развиваат бизниси и решително гледаат напред кон иднината. Довербата што ја добивме од нив ни даваат сила да продолжиме да создаваме вакви можности за младите и заедно да ги поддржиме во остварувањето на нивните соништа“, рече Ниновски.

Математиката не е само збир на броеви и формули. Таа е основата на логиката, критичкото размислување и иновациите – вредности кои се неопходни за напредокот на секое општество, потенцира Ниновски.

„Математиката е ваш најголем сојузник, без разлика дали ќе продолжите со кариера во инженерство, програмирање, наука или економија. Мое искрено очекување и надеж е дека токму вие 350 сте следните лидери во нашето општество и сигурен сум дека секој од вас може да направи огромен импакт. Како што често се вели во светот на „возрасните“, нашата иднина и светот во којшто живееме останува на младите! Сега доаѓа вашиот ред да направите исчекор, да поттикнете и создадете промени кои ќе донесат бенефит за целото општество“, истакна Ниновски.

Ниновски се заблагодари и на партнерите на UltiMATH, организации и компании кои ги поддржуваат младите и директно придонесуваат кон нивниот развој и успех.

350 средношколци, кои веќе покажаа исклучителни вештини во квалификациската фаза од натпреварот, се исправени пред финалните предизвици. По завршувањето на денешните две рунди на UltiMATH, најдобрите 50 учесници го продолжуваат натпреварувањето во Супер финалето и UltiMATH Challenge-от.

UltiMATH продолжува утре, 1 декември 20224 година. Во првата рунда – Супер финалето, натпреварувачите ќе се соочат со напредни математички задачи, а во втората рунда – UltiMATH Challenge со комплексни математички проблеми.

Покрај паричната награда од 10 илјади евра, најдобриот математичар ќе добие и 100% стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот. Донација од 1.500 евра ќе биде доделена и на училиштето од каде што доаѓа најдобриот математичар.

Вредни награди ќе има и за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци. Изненадувања ќе има и за сите финалисти на UltiMATH.

Натпреварот UltiMATH доби поддршка од повеќе средни училишта во Македонија и од компании и организации, како Ист Гејт Мол, WVP Fund Management, iBorn, The Beetles, Горска, Urban FM, МОФ – Младински образовен форум и други. UltiMATH е поддржан и од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

Најдобрата автошкола во регионов се наоѓа во Прилеп (ФОТО)

Премногу опции, а само на едно место ќе го направите вистинскиот избор. Авто школа “АМД Прилепец” прерасна во вистински лидер во градот под “Марковите Kули” и најдобра опција за да се стекнете со возачка дозвола.

Зошто да ги изберете АМД Прилепец?

Супер удобни и нови возила

Располагаат со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Optimized by JPEGmini 3.9.2.5L Internal 0x6e3ecba5

Трпеливи, внимателни и искусни инструктори

Нема некој кој не си ја знае работата, па затоа нивните кандидати брзо и лесно ги совладуваат вештините за возење и почитување на правилата во сообраќајот. Тука мора да ги пофалиме инструкторките кои рамо до рамо со машиот пол, а некогаш дури и поуспешно го пренесуваат знаењето на идните возачи.

Обуки за А, А1, А2 и АМ категорија со нови и супер модерни мотори

Одлични услови за теоретска обука и гарантирано знаење за полагање на тестови

НАЈНОВО! СОПСТВЕН ПОЛИГОН во Старо Лагово, кој сега е ревитализиран и осовремен по најнови стандарди за обука за сите категории на возачки дозволи. Она што е најважно е дека НЕМА дополнителни трошоци за користење на полигонот.

Едноставно професионалност, поветеност, квалитет и над 50-годишно искуство. Тимот на АМД Прилепец ве очекува!

Е не ќе ги чешлаат! Вкупно 17 лица се уапсени за хулиганството што се случи на прославата на Денот на албанското знаме

Полицијата продолжува да ги расчистува инцидентите за време и по прославата на денот на албанското знаме. Досега се приведени 17 лица, од кои голем дел малолетници, пренесе ТВ Алфа.

Четворица се од Скопје кои се уапсени за кинење на македонското знаме. Двајца малолетници се уапсени за симнување и палење на знаме од јарбол. Три лица се уапсени во Прилеп, каде го сквернават албанското национално знаме. По протесна нота од српската Амбасада, во Куманово е лишено и лицето кое ја кршело таблата на конзулатот во градот.

Министерот Тошковски, рече дека ќе бара казни дури и за лицето кое го вози автомобилот од кој испаднаа повеќе лица за време на прославата на албанското знаме.

Тројца од приведените веќе се во притвор. Министерот уверува дека полицијата ќе одговори жестоко на секој обид за предизвикување на верска и национална омраза.

Општина Прилеп ги повикува граѓаните! Во понеделник дојдете да дадете предлози за идни проекти

Во понеделник, 02.12.2024, од 17:00ч, во Собраниската сала на Општината, ќе се одржи средба со граѓаните на Прилеп и со претставници на Урбаните и Месните заедници од општина Прилеп.

-Во присуство на градоначалникот, раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија, ќе се слушнат и ќе се дискутира за предлозите на граѓаните за идни проекти кој што би го подобриле животот на сите граѓани на општина Прилеп – стои во соопштението од општина Прилеп.