дома блог страница 634

Од полноќ: Намалување на цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, а дизелот за два денари. За 2,50 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 68,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68,00 ден/лит. Се намалува и цената на Мазутот за 0,639 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 42,573 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 проценти во однос на претходно донесената одлука.

Додека другите денар не даваат за младите и спортот, WIK се покажа на дело (ВИДЕО)

Со донација од германската компанија “ВИК” започна реновирање на две игралишта во Прилеп. Станува збор за спортското игралиште во паркот во населбата “РИД” и игралиштата во “Паркот на револуцијата”.

Донацијата за реновирање на спортски игралишта и паркови од оваа странска фабрика, која успешно функционира во Технолошко-индустриската зона “Алинци”, беше примена на последната 50-та седница на Советот на општина Прилеп, и веднаш почна реализацијата.

Еден убав гест кој треба да го следат и останатите странски инвеститори кои работат и профитираат во општина Прилеп. Тука пред се’ апелираме до раководствата на првиот комшија на “ВИК”, фабриката “ГЕНТЕРМ” и Мермерниот Комбинат, компании кои многупати ја покажале својата општествена одговорност, но имајќи во предвид во каква состојба се наоѓаат детските и спортските игралишта во градот, помош би била добредојдена.

Па да се надеваме дека на следната 51-ва седница на Советот на општина Прилеп, советниците ќе гласаат за примање на донации и од овие компании со странски капитал.

Среда е неработен ден за сите македонските граѓани

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2024 година (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската Револуционерна Борба.

Трамп: Зеленски е најголемиот трговец на светот

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече претседателот на Украина “еден од најголемите трговци на светот”.

Секоја посета што Зеленски ја прави во САД завршува со тоа што му даваме 100 милијарди долари. Кој друг во историјата успеал да добие толку пари? Ова никогаш не се случило“, нагласи Трамп во разговорот со Патрик Бет-Дејвид.

Поранешниот американски претседател, во разговорот спомна дека шефот на владата во Киев е одговорен за почетокот на конфликтот во Украина.

Концерт на Ансамблот на народни инструменти и песни “Стефче Стојковски” во Прилеп

На 25.10. (петок) со почеток од 19часот, во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, концерт ќе одржи ансамблот на народни инструменти и песни Стефче Стојковски.

Гости на концертот на ансамблот на народни инструменти и песни Стефче Стојловски ќе бидат Октет „Прилеп’’ и КУД „Моминок“-Прилеп.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Се чекаат согласности за 30 вработувања и ќе стартува градинката “Бајка” во населбата “Точила” – Ќе згрижува 218 дечиња (ВИДЕО)

По неколкугодишните пролонгирања, изградбата на новата Детска градинка „Бајка“ во Прилеп, со капацитет за 218 дечиња, конечно е завршена. Очекувањата се дека најдоцна околу Нова година таа и ќе профункционира. Во моментов, со назнака „итност“, се чека на добивањето согласности од Министерството за труд и социјала и од Министерството за финансии за вработување на потребниот персонал од околу триесетина луѓе, велат од Локалната самоуправа и додаваат дека со Одлука на општинскиот Совет, Градинката веќе е предадена во владение на ЈОУДГ „Наша иднина“ – oбјави “АЛФА ТВ”

„Се надевам дека ќе бидат во прашање денови или неколку недели кога ќе одиме на терен и официјално ќе го започнеме, промовираме објектот „Бајка“ како нова институција каде ќе се згрижуваат најмладите од нашиот град…Веќе одлуките на Советот се потпишани. Директорката на „Детски градинки“ веќе ги има испратено до Министерствата…и се надеваме дека во најбрзо време, во најбрз временски период ќе го имаме фит- бекот од тие министерства“, – изјави Ирена Стерјовска, претседателка на Совет на општина Прилеп.

Новата Градинка „Бајка“, започна да се гради уште во 2021 година, со помпезна најава од тогашната локална власт дека во функција ќе биде ставена за само 7 месеци. Меѓутоа, се’ досега таа не ги исполнуваше условите за да почне со работа. Освен што од старт се доцнеше со изградбата, по промената на локалната власт беше утврдено и дека е наследена без ниту еден уплатен денар, и со Договор – во наредните три години да биде исплатена целата сума од 133 милиони денари. Но, проблем не беше само ова. На Градинката не можеше да и’ се направи технички прием, бидејќи беа детектирани и низа проектни пропусти кои мораше да бидат отстранети. Ниско поставени штекери, отсуство на преградни ѕидови во кујната која треба да биде и централна кујна, во детските тоалети не беа предвидени паравани согласно полот на дечињата, а не беше предводена и ограда околу објектот, беа само дел од забелешките на надлежните. „Како, зошто и кој дозволил таков проект да биде реализиран, не знам, но пропустите мора да бидат отстранети“, реагираше лани директорката на градинките, Христина Трпческа.

Новата Детска градинка „Бајка“ се простира на површина од 5.030 метри квадратни и е со приземје и кат. Има 10 простории за занимални и три за детски јасли. Објектот има централно подно греење, фотоволтаици на зелениот покрив и ги задоволува сите европски и светски стандарди.

Инаку, листата на чекање за упис на деца во градинките, во Прилеп со години е исклучително долга и создава револт кај родителите, заради што ЛС планира изградба на уште една градинка со капацитет за стотина деца во населбата „Рид“.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Дунимаглоски стартуваше со триумф и во лигата: Вредни три бода за Победа по серијата лоши резултати

Екипата на прилепска Победа предводена од новиот тренер, Стојанче Дунимаглоски, ја прекина лошата серија резултати и триумфираше викендов против Вардар Неготино со 1:2.

Натпреварот поради казна на домаќините се играше во Струмица, а стрелци на головите за победа беа Дарио Спиркоски во 14-та и Никола Талески во 37-та минута.

По триумфот стрелците на головите и тренерот се најдоа во тимот на колото во Втората фудбалска лига.

Во следното коло Победа го пречекува Новаци.

ЛОЗАНО СТАНА ТАТКО: Синчето се вика Марко!

Популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски, познат како Лозано, стана татко. Тој и неговата партнерка добија син, кому му го дадоа името Марко.

Лозано неодамна ја промовираше својата нова песна со наслов „Жолто црвено“, која, како што самиот вели, е инспирирана од вистинска животна приказна.

Со донација од WIK се рeновираат две игралишта во Прилеп! Ќе го сторат ли истото Gentherm, Мермерен Комбинат и другите?!

Со донација од германската компанија “ВИК” започна реновирање на две игралишта во Прилеп. Станува збор за спортското игралиште во паркот во населбата “РИД” и игралиштата во “Паркот на револуцијата”.

Донацијата за реновирање на спортски игралишта и паркови од оваа странска фабрика, која успешно функционира во Технолошко-индустриската зона “Алинци”, беше примена на последната 50-та седница на Советот на општина Прилеп, и веднаш почна реализацијата.

Еден убав гест кој треба да го следат и останатите странски инвеститори кои работат и профитираат во општина Прилеп. Тука пред се’ апелираме до раководствата на првиот комшија на “ВИК”, фабриката “ГЕНТЕРМ” и Мермерниот Комбинат, компании кои многупати ја покажале својата општествена одговорност, но имајќи во предвид во каква состојба се наоѓаат детските и спортските игралишта во градот, помош би била добредојдена.

Па да се надеваме дека на следната 51-ва седница на Советот на општина Прилеп, советниците ќе гласаат за примање на донации и од овие компании со странски капитал.

На прилепчанец му се насмевна среќата: Му го украле автомобилот во Струга, полицијата го пронајде во Скопје

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“.

Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје – информираат од МВР.