дома блог страница 631

Секоја чест дечки! Моќно видео од учениците на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп што ќе ве инспирира!

По повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учениците од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп создадоа инспиративно видео посветено на инклузијата, прифаќањето и заедничкиот раст.

Ова инспиративно дело носи моќна порака за инклузија, прифаќање и заеднички раст. Преку креативност и тимска работа, учениците покажаа како различностите нè прават посилни.

Проследете го видеото во продолжение:

Ристески на „Ability awards 2024“: “Мораме заедно да работиме на унапредување на положбата на лицата со попреченост”

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост вчера во хотелот Хилтон во Скопје, „Ability awards 2024“ им додели награда на 10 лица со попреченост кои ги споделија своите инспиративни приказни за надминување на бариерите и достигнување на својот успех. Признание добија и 10 водечки компании, за своите иновативни и инклузивни практики што го менуваат начинот на којшто го гледаме светот.

На настанот присутен беше и Заменик министерот за економија и труд од Прилеп, Марјан Ристески, кој имаше чест да ја додели наградата во категоријата – Бизнис Иноватор.

-Мораме заедно да работиме на унапредување на положбата на лицата со попреченост, мораме да работиме на зголемување на корпоративните социјални одговорности. Овој настан, кој се организира по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, е прекрасна можност да ги истакнеме позитивните примери и придобивките за сите во општеството – напиша Ристески на ФБ.

10 години СН Осигурителен Брокер АД Битола – 10 години посветеност на вработените и лојалност на клиентите

– Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација, велат од компанијата.

Заокружувајќи ја десеттата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, заокружува уште една успешна година во процесот на постојан раст и развој.

„Денес, на 4ти декември, одбележуваме 10 години СН Осигурителен Брокер АД Битола, 10 години заедно со Вас! Да ни се множат годините, работата, партнерствата, пријателствата и успесите! Нашата приказна е спој на посветеноста на нашите вработени и лојалноста на нашите осигуреници. Ова е повод и до едните и до другите да упатиме искрена благодарност и да си посакаме уште долги години успешна соработка.“-соопштија денес од компанијата по повод јубилејот.

Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, на што ќе останеме посветени и во идната деценија. Нашиот тим е нашата моќ, а задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација. Заедно чекориме кон нови успеси, велат од компанијата.

Tурчин и Индиец фатени со мapиxyaна во Прилеп

-На 03.12.2024 во 21.40 часот на место викано „Преслап” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К.(27) од Република Турција и К.Ц.(34) од Индија, двајцата со привремен престој во Прилеп.

При преглед во патничко возило „фолксваген” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени марихуана и метална дробилка.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Изложба на Васил Костов во Прилеп

Вo петок, на 6 декември во 18 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Сеќавање“ со дела од уметникот Васил Костов. Изложбата што ќе ја отвори Елена Чагороска, историчар на уметност, е рестроспектива на дел од неговото творештво насловено „Сеќавања“.

Ликовниот профил на Васил Костов е претпознатлив, синоним на континутет и развој на ликовната уметност во Прилеп. Роден е 1939 година во село Ранци, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1960 година. Неговиот творечки опус започнува веднаш по завршеното образование. Со ликовната поставка насловена „Сеќавање“ се заокружува и се остварува замислата на Васил Костов – комлетна презентација на уметничкото достигување, најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, македонската ликовна сцена и пошироко.

Уметничкото достигнување во творечкиот период од шест децении како активен неуморен на речиси сите ликовни полиња со разновидна техника и материјали: масло на платно (каде што е доминантен), акварел, гваш, графика, обиди на работење во дрво и други материјали. Подолги години работи како сценограф во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и повремени студиски престои во Париз, Венеција, Москва, Варшава.

За одбележување е формирање на групата „2002“, во 1965 година, по иницијатива на Кирил Гегоски, Ѓорѓи Ачески и Васил Костов. Во тој период формирана е првата продажна галерија, единствена во овој период во Македонија. Костов, како член на ДЛУМ од 1966 година и член на ДЛУП од 1967 година, учествува на сите групни изложби. Од значење е што сите создадени и објавени ликовни дела се систематизирани и проучени од ликовните критичари. Последните години од животот ги посветува на непополнети моменти, сеќавања од детсвото, како бегалец од Егејска Макеоднија, со многу страдања и слики од доживеани настани.

Полн со емотивни чувства, уметникот започнува секоја слика, сеќавања и доживувања да ги сублимира, со идеја да започне серијал на слики насловени како „Сеќавање“ – бегалски сеќавања од 1945 – 1952 година. Така последните години од животот ги посветува во создавање на циклус ликовни дела со тематика бегалците од Егејска Македонија. Изработени се неколку дела и скици кои се недоработени, но со голема порака за болката и страдањата и доживеаното на бегалците.

На скиците и сликите, впечатлива е едноставноста на ликовниот пристап кој сведочи за едно време полно со тага, без правда, талкање и безнадежност. Костов претпочита посредно да ја вознемири нашата индолентност, нашата духовна пасивност, да го поттикне нашиот интелект на размислување, акција, определување.

Творбите на Костов во богатството на своите потенции, содржат извонредно доследен, естетски, сублимиран вид создавање, на едно колористички и обликувано, диференцирано и специфицирано ликовно творештво. Во ликовен план однесувањето на Костов е творечко активно и ангажирано.

-Уметникот се обидува да навлезе со ликовните инструменти, во една од основните противречности на нашето време. Во неговата ретроспектива на ликовен план, тематски обработува објекти, предели, мртва природа, камени површини. Костов успеваше да постигне ефекти на рамнотежа помеѓу формата, идејата, композицијата, тоналитетот и нарацијата. Делата предизвикуваат естетско доживување, ја покренуваат фантазијата кај гледачите, а уметникот умее да си поигра со колоритот на боите, хармоничност и потези кои го напојуваат окото на гледачот. Благодариме Васил Костов, што сме сведоци на големо незаменливо ликовно творештво, што си дел од темелењето на Прилепската уметност, респект кон твоето творештво и име и ликовните дела кои ќе бидат дел од Македонската ликовна ризница, пишува Елена Чагороска, историчар на уметност.

Витаминка и Каролина Гочева ги растреперија срцата на нашинците во Германија – следуваат концерти во Хамбург и Берлин (ФОТО)

Македонската пејачка Каролина Гочева деновиве ја има својата турнеја низ Германија каде досега одржа концерти во Штутгарт, Нинберг, а настапи и пред своите обожаватели во Дизелдорф.

Имено, пејачката во текот на нстапот во Дизелдорф, на сцената го развиори македонското знаме. Каролина на социјалните мрежи објави фотографија од овој момент, што предизика бројни позитивни реакции и коментари од нејзините следбеници.

Генерален спонзор на турнејата на Каролина во Германија е компанијата “Витаминка”, од каде велат дека со гордост ги поддржа концертите во Нирнберг, Штутгарт и Дизелдорф.

-Енергијата на публиката беше заразна, а атмосферата – неверојатна!

Три градови, една љубов кон музиката, и многу емоции што ќе ги паметиме засекогаш! Благодарност до сите кои беа дел од оваа музичка магија!

Продолжуваме да ги споделуваме овие моменти на среќа и енергија!

Се гледаме на 13.12 во Хамбург и 16.12 во Берлин – напишаа од Витаминка на социјалните мрежи.

Денеска е голем празник: Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, за многу години!

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Евангелистите сведочат дека праведните Јоаким и Ана долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот.

Така им се родила Марија.Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.

Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што и приличи на царска ќерка и божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.

Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по 15 скали.

Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Тамо ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен “Свјатаја свјатих”, (или Светиња на светиите).

Во спомен на воведувањето на тригодишната Марија во храмот светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 4 декември.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете.

Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од негативните пороци кои што денес ја уништуваат младината.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Пожар во зграда во Прилеп

-На 02.12.2024 во 16.20часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во зграда на ул. “Браќа Миладиновци” во Прилеп настанал пожар.

Пожарот бил локализиран од екипа на ТППЕ Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Витаминка се грижи за здравјето на своите вработени! Бесплатни специјалистички прегледи за околу 300 мажи вработени во компанијата

Во насока на проширување на грижата за вработените Витаминка организира бесплатни специјалистички прегледи за околу 300 мажи вработени во компанијата. Станува збор за прегледи на доброволна основа кои веќе се спроведуваат од почетокот на декември, а ќе траат до крајот на март следната година. Прегледите кои ќе се изведуваат во приватна здравствена установа во Прилеп, вклучуваат ехо на абдомен (бубрези, црн дроб, простата, жолчно кесе, панкреас, слезина, абдоминална аорта).

Со спроведување на ваквиот вид прегледи, компанијата покажува грижа за здравјето и добросостојбата на мажите од сите возрасти вработени во компанијата и поттикнува самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

„Искуствата покажуваат дека кога компанијата дава приоритет на здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените, бенефит има самата компанија, но многу поважен е бенефитот за вработените. На овој начин кај вработените се поттикнува свесност за грижа за сопственото здравјето и се создава култура на редовни прегледи. Грижата за вработените не треба да се сведува само на унапредување на нивниот придонес за компанијата, туку и за нив самите. Ние во Витаминка ставаме приоритет на здравјето на сите наши вработени со цел да создадеме здрава и продуктивна работна средина и да ги поттикнеме вработените да вршат редовни здравствени прегледи“, велат од Витаминка.

Витаминка континуирано се грижи за здравјето и добросостојбата на своите вработени со редовно организирање на разни специјалистички прегледи, кои неретко се спроведуваат и во самата компанија. Прегледите за рак на дојка се организираат два пати годишно, ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда, анализа на витаминско-минерален статус за вработените а отсега и специјалисти прегледи за мажи.

Ѕвездата на Гранд доаѓа во Прилеп! Најавува одлична забава и незаборавен помин! Резервирајте навреме!

Во прилепското сивило на понуда за ноќен живот, тие се светла точка во градот. Клуб Déjà Vu и оваа зимска сезона ќе ги понуди најдобрите ноќни журки со најдобра музичка понуда.

Диџеи, музички групи, популарни домашни и балкански изведувачи…. забавата веќе започна, а атмосферата во Déjà Vu дополнително ќе се загрее во претпразничниот период.

На 14. декември, со почеток од 21:00часот, свој настап пред прилепчани ќе има еден од најпопуларните српски изведувачи, Дарко Филиповиќ. Ѕвездата на Гранд најавува одлична забава со сите негови познати хитови и незаборавен помин.

Картите се веќе во продажба по цена од 400денари, па не чекајте ни миг повеќе и навреме јавете се на телефонскиот број: 070-304-967.

Бидете дел од најдобрите забави и оваа зима! Тимот на клуб Déjà Vu ве очекува!