дома блог страница 601

Прилепчани одново се посрамотија: Водеа со 5 разлика, на крајот нерешено! Дали на повидок е чистка во РК Прилеп?

Фото/www.rkprolet.mk/

Во крајно возбудлив натпревар во првото коло од вториот круг натпревари во Суперлигата на Македонија, ракометарите на Тинекс Пролет ремизираа (23-23) пред своите навивачи со екипата на Прилеп. Домаќините испуштија триумф на крајот од мечот, а прилепчани прокоцкаа плус 5 во второто полувреме.

Ова беше натпревар за приклучок кон горниот дел од табелата, но прилепчани одново покажаа дека нешто сериозно недостасува во нивната игра.

Познавачите на ракометот во Прилеп клубот го критикуваат за лоша селекција на играчи од управата, катастрофална одбрана, нарушени меѓучовечки односи… кои се потенцираат како дел од причините за лошата сезона засега.

Иако финансиски стабилен клуб, кој благодарение на компанијата “Комфи Ангел” и опстојува, за жал со минимална поддршка од општината, резултати сепак се скромни.

Веќе неколку години се тапка во место. Време е да се направи подобра стратегија, да се добие Универзална сала и конечно пред полни трибини прилепчани наместо да гледаат европски ракомет во Битола, тоа да го прават во Прилеп.

После натпреварот 12-то коло во Супер лигата, РК Прилеп на своето салдо има 4 победи, 2 нерешени резултати и 6 порази. Екипата има 10 бодови на табелата и се наоѓа на осмото место. Со оваа игра и овие резултати, Прилеп одново ќе игра плеј-аут.

Во наредното коло нашите ракометари го пречекуваат Куманово.

Брука! Прилепчанка фатена како краде во маркет

-На 23.11.2024 во 10.50 часот во маркет лоциран на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско.

Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот.

По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Кузманоска се поактивна во Собранието: За придобивките од новиот буџет, како зголемените плати и пензии

Во овој момент имаме Влада која се грижи подеднакво за сите граѓани, без оглед на која заедница припаѓаат. Оваа влада нема да прави дискриминација по ниту еден однос, а овој ваш амандман е баш таков дискриминаторски. Немаме ништо против да се вработуваат луѓе од турската заедница, но притоа, мора да се почитува уставот кој не дозволува дискриминација, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Таа, исто така, наведе дека треба да се почитуваат законските регулативи и правата за вработување на сите луѓе во Македонија подеднакво, сметајќи дека не е во ред амандмански да се бараат нови вработувања на кадри припадници само за една заедница, како што е во случајот за турската заедница.

Кузманоска додаде дека дека сите граѓани во Македонија ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет, како што се зголемените плати, пензии и социјална заштита, без разлика на нивната етничка припадност.

„И Турците се дел од македонското општество и тие ќе ги уживаат бенефитите од борбата против криминалот и парите кои ќе се слеваат од буџетот. Од овој буџет сакам да ги издвојам ставките од Министерството за труд и социјална политика и посебно значајни се планираните зголемувања во социјалната заштита и пензиите, ние имаме пензионери од сите национални припадности и се очекува пораст од 16,6%“, вели Кузманоска.

Претседателот на ЗНАМ од Прилеп и директор на прилепскиот затвор, во посета на штрајкувачите кај Оревоец (ВИДЕО)

Претседателот на политичката партија ЗНАМ во Прилеп и поранешен директор на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација, Емил Јанески, денеска ги посети граѓаните кои протестираат кај селото Оревоец и им даде поддршка.

Јанески одржа и кратка прес конференција пред камерата на иницијативата “Спас за Прилеп”, а потоа одговараше и на прашања од граѓани.

Според него, а како бивши директор на ЈКП Водовод, прилепчани добиваат чиста и убава вода од изворите во ова село, па затоа побара да се најде алтернатива за ископувањето на материјал за изградба на автопатите.

Кошулата која ја носел светителот, на другиот кревет во болницата исцелила парализиран човек – За чудата на Св. Нектариј, еден од највозљубените светители на православието

Вчера, 22.ноември, храмот „Св. Петка“ во Прилеп пречека голем број верници кои дојдоа да го чествуваат споменот на Св. Нектариј Егински, еден од највозљубените светители на православието.

На Божествената литургија присуствуваа стотици верници, а иконата на Св. Нектариј со неговите мошти вградени во неа беа изложени за поклонение. Овој исклучителен настан привлече не само жители на Прилеп, туку и голем број верници од Скопје, Битола и околните места, кои пристигнаа со надеж и вера во молитвеното застапништво на овој светител, познат по своите исцелителни чуда.

Преку целиот ден, храмот беше преполн со верници кои со длабока побожност се поклонуваа пред моштите, упатувајќи свои молитви за здравје, душевен мир и Божја милост. Св. Нектариј, кој е познат како голем исцелител, особено за оние што страдаат од сериозни болести, беше повикуван во молитвите на многумина кои го бараа неговото застапништво пред Божјиот престол.

Кога Свети Нектариј се разболел го однеле во болница во Атина. Во болницата му откриле дека боледува од рак.

Чуда се случувале и во болницата. Медицинските сестри забележале дека завоите со кои биле повивани раните на светителот, се благомирисни.
Заедно со светиот во собата лежел парализиран човек и кога душата на светителот го напуштила овој свет, дошле доктори да го прегледаат и кошулата која ја носел Св.Нектариј ја фрлиле врз нозете на соседниот кревет на кој лежел парализираниот човек и во тој момент парализираниот добил целосно исцелување.

Веднаш по смртта, телото на светиот почнало да мироточи. Кога ковчегот го пренеле на Егина, целиот остров излегол со солзи да го испрати својот светител. Луѓе на раце го носеле ковчегот со светиот и потоа забележале дека облеката во која тие биле облечени за време на погребот на светителот – била благомирисна. Рацете и лицето на Божјиот угодник обилно мироточеле и монахињите со памук го собирале мирото.

Светителот е погребен во костурницата на манастирот. Костурницата, од различни причини, ја отворале неколку пати и секогаш се уверувале дека телото е негнилежно. Дури ни љубичиците што некое девојче ги оставило во ковчегот пред да биде погребен, немале ни трага од гниење.
Колку ли го возљубил Господ овој свој угодник ние и неможеме да сватиме.

ИКОНАТА СО МОШТИТЕ НА СВ. НЕКТАРИЈ ВО ХРАМОТ СВ.ПЕТКА ВО ПРИЛЕП ЌЕ БИДЕ ИСЛОЖЕНА ДО НЕДЕЛА 17:00 ЧАСОТ.

Прилепчанец кој се барал со потерница од Идризово, фатен во маркет во Битола

-На 22.11.2024 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во маркет лоциран на ул.„Филип Втори Македонски”, врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово, го лишиле од слобода К.К.(46) од Прилеп, кој бил баран за казна затвор во траење од една година и два месеци – информираат од МВР.

Богата кошаркарска понуда викендов во Прилеп: Да ги поддржиме нашите момци со полна трибина!

По поразот на продолженија на гостувањето кај Бутел минатиот викенд, кошаркарите на Мега Баскет од Прилеп, утре (сабота) со почеток од 19:00часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ја пречекуваат екипата на Црн Дрим од Струга.

Натпреварот е дел од седмото коло на Втората кошаркарска лига, а прилепчани во досегашниот дел од сезоната забележаа 3 победи и 3 порази. Гостите од Струга имаат 5 триумфи и само еден пораз.

Во недела пак, со почеток од 12:30часот, младата екипа на прилепчани, Мега Баскет Јуниор, во рамките на Третата лига го пречекува ИБА Скопје, а екипата до 16 години, со почеток од 14:30часот игра против Јуниор од Битола.

Да уживаме во спортскиот викенд и да ги поддржиме екипите на Мега Баскет со полна трибина во “Добре”

Уапсен висок функционер од ДУИ

Мухамед Љамалари, првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект хотел „Шар Ан“ во скопската чаршија, денеска околу 13 часот бил уаспен во хотел на Бит Пазар, потврдиле од МВР за Курир.

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик“, соопштиле од МВР.

Љамалари е осомничен за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.

Во незаконските дела вклучени беа 11 лица.

„Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да изврпат негово противправно рушење и уништување“, соопштија од Јавното обвнителство.

Деновиве од печат излезе првата поетска книга: ,,ПАРЧИЊА ОД СЕБЕСИ“ од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска

Книгата, е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“.

Носител е на наградата „Душата на чаршијата“, на конкурсот кој беше распишан од издавачката куќа „Дата Песнопој“ од Битола.

Самиот наслов на книгата раскажува за се што крие човечката душа, се што носи во себеси секој од нас, за емоциите, љубовната болка, недоумиците, несониците, начинот на созревањето на едно скршено срце и преживувањето низ овој дијапазон од чувства. Авторката со својот специфичен стил на пишување опишува како се раѓа љубовта, како се градат соништа, како се сеќава, колку боли предавство, како се даваат парчиња од себеси, и како се враќаат назад кај себе, како се одболува љубовта, како се заборава, како се преболува, и успева низ своите прозни дела да допре до сржта на сечие срце.

Оваа книга е посветена на сите оние кои кога ќе паднат повторно се издигнуваат и не престануваат да се борат, не се откажуваат, не дигаат лесно раце од себе, и на сите оние кои веруваат во своите соништа и ги остваруваат.

Како сега да дојдете до примерок?

Моментално книгата може да се порача онлајн директно преку самата авторка на некој од нејзините онлајн профили.

https://www.instagram.com/viktorija.stojovska

https://www.instagram.com/vstojovskaa

На нејзината меил адреса:
[email protected]
Или на инстаграм профилот на самата страница:
https://www.instagram.com/parcinjaodsebesi

Кратка биографија за авторката:

Викторија Стојовска доаѓа од Кичево. Активно твори седум години, зад себе има голем опус на литературно творештво, учества на повеќе литературни манифестации и освоени награди и признанија.

Она што ја издвојува авторката од останатите е искреноста, остриот јазик, специфичниот стил, чистата емоција, читливоста на четивата во еден здив и можноста секогаш одново да им се враќате и да ги препрочитувате, каде и да ви се отвори страницата во моментот.

Во 2020 година го отвора својот литературен блог и активно го одржува до денес, на него може да прочитате повеќе за творештвото од авторката: viktorijastojovskaa.wordpress.com

Ден на духовна благодат во храмот Св. Петка во Прилеп: Стотици верници се поклонија пред моштите на Св. Нектариј Егински (ФОТО)

Денес, 22 ноември 2024 година, храмот „Св. Петка“ во Прилеп пречека голем број верници кои дојдоа да го чествуваат споменот на Св. Нектариј Егински, еден од највозљубените светители на православието.

На Божествената литургија присуствуваа стотици верници, а иконата на Св. Нектариј со неговите мошти вградени во неа беа изложени за поклонение. Овој исклучителен настан привлече не само жители на Прилеп, туку и голем број верници од Скопје, Битола и околните места, кои пристигнаа со надеж и вера во молитвеното застапништво на овој светител, познат по своите исцелителни чуда.

Преку целиот ден, нашиот храм беше преполн со верници кои со длабока побожност се поклонуваа пред моштите, упатувајќи свои молитви за здравје, душевен мир и Божја милост. Св. Нектариј, кој е познат како голем исцелител, особено за оние што страдаат од сериозни болести, беше повикуван во молитвите на многумина кои го бараа неговото застапништво пред Божјиот престол.

Овој благословен настан е уште еден доказ за важноста на духовниот живот во нашите заедници и за улогата на храмот „Св. Петка“ како духовно и верско средиште кое ги обединува верниците од Прилеп и пошироко. Благодариме на сите кои присуствуваа и заеднички го воздигнаа духот на заедништвото и молитвата.

Нека молитвите на Св. Нектариј Егински донесат утеха, здравје и благослов во животите на сите што со вера го повикаа неговото име.
ИКОНАТА СО МОШТИТЕ НА СВ. НЕКТАРИЈ ЌЕ БИДЕ ИСЛОЖЕНА ЗАКЛУЧНО ДО НЕДЕЛА ДО 17:00 ЧАСОТ