дома блог страница 600

Прилепчани есенски шампиони во пингпонгарската Суперлига

Со победа од 4:0 викендот над екипата на Вардар во 9. коло, прилепската екипа Младост 96 е есенски шампион во сезоната 2024/2025 во Суепрлигата во пинг-понг.

Резултати од последното есенско коло:

Младост – Крива Паланка 0:4 (Службено)
Младост 96 – Вардар 4:0
Радовиш – Астраион 2:4
Берово – Шампион ФА 1:4
Телеком НЕЦ 2 – Пелагонија 4:3.

Младост 96 има максимални девет победи, Крива Паланка и Телеком Нец 2 се на второто и третото место со седум победи и два пораза.

Кажете добредојде за неговото височество Quattro Formaggi Beef Burger! Досега невидено гастрономско уживање во Прилеп!

Тие се “виновниците” што Прилеп повеќе не е само број еден само во подготовка на најдобра скара, туку во поново време и во подготовка на различни светски вкусови на бургери

Приказната ОNE BITE во изминатите 3 и пол години прерасна во врвен и репрезентативен бренд на Прилеп и број еден дестинација за љубителите на ваков вид храна, како од градот, така и од оние кои ни доаѓаат на гости под Марковите Кули.

Богато мени со бургери, кои патем ги има за сечиј вкус, со телешко, свинско и пилешко месо, маестрални и различни видови на врапови, кесадиља, тако и бројни вкусови на салати, се дел од вкусниот мозаик во кој секојдневно уживаат голем број гости.

А како ОNE BITE стана бренд? Епа ги краси голема љубов, внимание и желба секогаш да понудат нешто ново и вкусно. Ги следат желбите на своите гости и знаат како да допрат дури и до оние со најистанчен вкус.

Ако сте нивни редовен гостин и со нетрпение очекувавте нешто НОВО и неодоливо, тука сме да ве разведриме! ОNE BITE веќе го лансираше својот најнов Quattro Formaggi Beef Burger, совршенство од мајсторија и квалитет во кое ќе уживате од прв до последен залак.

Станува збор за бургер со четири телешки плескавици и четири различни видови на сирења, а сето тоа во пакет со вкусно и крцкаво бриош лепче и засладено со незаменливиот ОNE BITE сос. Друштво во овој и така богат бургер ќе ви прават кисели краставички, домат и ајзберг.

Едно поинакво и досега невидено во нашиот град гастрономско искуство, за кое со сигурност ќе се чека ред.

Не дозволувајте зимското сивило надвор да ви го направи денот здодевен и тежок. Затоа внесете малку гастрономска магија и уживајте во еден Quattro Formaggi Beef Burger уште денеска. Ако ви е многу, секогаш има решение, пренесете го расположението и поделете со некој близок.

Наздравје!

Телефон за нарачки: 075 757 445

Локација добро позната: Ул. “Кузман Јосифоски – Питу”, веднаш до Центарот за култура “Марко Цепенков”

Постигнаа 13 тројки и си заминаа поразени од Прилеп: Важен исчекор кон врвот на Мега Баскет!

По несреќниот пораз минатиот викенд после продолженија кај Бутел, екипата на Мега Баскет од Прилеп, викендов на домашен терен забележа важен триумф над Црн Дрим од Струга.

Гостите имаа само еден пораз во досегашниот дел од сезоната, а за прилепчани ова беше четврта победа, со која сега се на само 2 бода од самиот врв на табелата.

Крајниот резултат во “Добре” беше 83:79. Прилепчани ги добија првите три четвртини, а забележаа негатива од 2 поени во последната. Домашните кошаркари пронајдоа соодветен одговор и за 13-те тројки кои ги постигнаа стружани и донесоа голема радост на трибините.

Во наредното кого прилепчани одново на домашен терен ќе го пречекаат Борец.

БРАВО ДЕЦА! Ученици од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп изработија и донираа чаршави во болницата “Борка Талески” (ФОТО)

Ученици од ВТОРА и ТРЕТА година од текстилно-кожарската струка при СОУ ,,Ѓорче Петров” водени од професорката Здравка Најдоска на часовите по пракса изработија и донираат креветски чаршави во ортопедското одделение од Градската болница ,,Борка Талески”.

Еден убав гест кој заслужува секаква пофалба и секако треба да ги поттикне и останатите учениците и просветни работници, секогаш кога ќе можат, со свој ангажман да придонесуваат онаму каде што е најпотребно.

Утрово најстудено во Берово, во Прилеп измерени -5

Утрово најстудено со измерени – 8 степени Целзиусови е во Берово, додека со 1 степен најтопло е на Попова Шапка.

Измерени се -6 во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица и Куманово, -5 степени во Тетово, Прилеп, Велес и Штип, -4 на Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, -3 Крива Паланка, -2 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Маврови Анови и нула степени во Крушево.

Во текот на ноќта, соопштија од УХМР, времето беше ведро, а утрово е сончево и студено со мала локална облачност. Понекаде дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Ова е новатa екипа на Филипче! Познавате ли некој!?

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, информираат од опозициската партија.

Новиот Централен одбор го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.

Внесуваме нова енергија во нашите редови. Ги отвораме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности.

Директен линк со целата листа на сите избрани членови на Централниот одбор ТУКА

Конечно сериозен инвеститор во Победа! Се зависи од градот!

Се гледа ли спасот за прилепска Победа?! Како што сите знаеме, во моментов фудбалскиот миленик на прилепчани, се наоѓа во незавидна ситуација.

Се таложат долгови, играчите се незадоволни од управата, сведоци сме како полека умира срцето на градот. Но дали сепак се гледа светло на крајот од тунелот?

Стара прилепска фамилија е заинтересирана да го воздигне спортскиот дух на Прилеп на ниво кое Победа го заслужува.

Повеќе од 6 месеци го опсервираат клубот и се волни да го преземат и да го вратат стариот сјај, како на Победа, така и на градот.

Во интерес на сите засегнати страни, а најмногу во интерес на фудбалскиот клуб Победа, засега нема да откриваме повеќе детали. Да се надеваме сите дека крајниот исход ќе значи одново воздигнување на фудбалот во Прилеп и враќање на приматот ПРИЛЕП НАЈФУДБАЛСКИ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА!

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид ќе се асфалтира и на минусни температури, до лето ќе бидат готови 40км

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.

Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години.

Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.

“Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат”– изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.

“Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат” -изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Уапсени шестмина млади битолчани – кај еден од нив пронајдена мapиxyaна

-На 24.11.2024 во 01 часот на ул.„Климент Охридски” во Битола во врска со основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Б.(19),М.Г.(19),С.Б.(20),П.Р.(20),А Р.(20) и Ј.С (20) сите од Битола.

При преглед кај М.Б. била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Одлична музичка понуда, мени по мерка за сечиј вкус и џеб – Уживајте во предновогодишната еуфорија во ресторан “Деспина”

Еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот “Деспина” подготви фантастична музичка понуда за предновогодишни забави. Атрактивни музички имиња, мени по мерка дури и за најпребирливите и најважно цена која ќе одговара за сечиј џеб.

Ваше е само да изберете убаво друштво, да резервирате навреме и да уживате во некој од наведените термини во продолжение:

За резервации јавете се на телефонскиот број: 072 209 996 и во порака на Фејсбук страната на ресторанот.

Тимот на ресторан “Деспина” ве очекува!

Наздравје!