дома блог страница 587

БОМБАТА НА ФИТИЉ која донесе голем бод за Македонија! (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија во еден драматичен натпревар освои бод против Австрија (29-29), а ремито дојде со звукот на сирената во последниот напад.

По гол на Австријците за предност, имавме уште четири секунди напад. По тајм-аут на Лазаров, одговорноста ја презеде капитенот Филип Кузмановски кој испрати „бомба“ од преку десет метри во мрежата на противникот.

Се’ е подготвено за спектакуларен настап на популарните “УРАГАНКИ” во Прилеп, а остануваат уште малку влезници! Побрзајте!

И после Новогодишните и Божиќните празници, продолжува празничната еуфорија во Прилеп, а “виновник” за тоа е клуб Déjà Vu, единствениот локал во Прилеп кој на прилепчани им подготвува редовни изненадувања и одлични журки.

За тоа овојпат ќе се погрижат неодоливите девојки од популарната српска група Hurricane. Да, добро слушнавте, популарното трио доаѓа во Прилеп на 25.01.(сабота) и ќе приредат забава за паметење.

Иако со целосно нова постава, популарните “УРАГАНКИ” продолжуваат да ја брануваат публиката каде и да се појават, а ништо поразлично нема да биде во Déjà Vu.

Суперталентираните: Сара Курума, Јована Радиќ и Миона Сречковиќ, ќе го кренат на градот на нозе, а интересот од старт е огромен.

Картите се веќе во продажба по 400 денари, па не чекајте ни миг повеќе, туку јавете се на телефонскиот број 070-304-967 и резервирајте навреме!

Директорката Котева со изјава за немилиот настан: “Ученикот кој падна од прозорец е одличен со примерно поведение”

Вророто полугодие од учебната година во Прилеп започна со немил настан, откако ученик во шесто одделение во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп заврши со тешки телесни повреди по пад од прозорец. И додека надлежните работат на откривање на точните причини позади немилиот настан, денеска со писмена изјава до медиумите се обрати и директорката на училиштето, Снежана Котева.

Нејзината писмена изјава во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Во текот на вчерашниот ден во попладне смената за време на големиот одмор се случи пад на ученик од втор кат на училиштето.

Веднаш по известувањето за случката отидовме на местото и ученикот беше во контактибилна состојба, свесен временски и просторно.

Во истиот момент од моја страна е повикана единица за итна медицинска помош, која интервенираше веднаш. Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до одделението за анестезија и трауматологија, во општата болница ,,Борка Талески” – Прилеп во наше присуство мое и на класниот раководител.

По одредени испитување добиена е препорака за транспорт на ученикот во државната болница ,,Мајка Тереза”- оддел клиника за детска хирургија како придружба на мајката во периодот на хоспитализацијата на ученикот и дополнителните испитувања присутни бевме јас, како раководител на институцијата и класниот раководител на ученикот.

Касно околу полноќ од дежурниот лекар на клиниката за детска хирургија добивме информација дека ученикот е во добра општа здраствена состојба, контактибилен, со одредени повреди, но е надвор од животна опасност и е во стабилна здравствена состојба.

Сакам да истакнам дека станува збор за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружењубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.

Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно. Дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување.

Моменталната состојба после обавениот разговор во текот на денешниот ден со родителот е стабилна и под контрола”.

Најново во Liquor Store Прилеп! Понуда каква нема да најдете на друго место!

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store Prilep , е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

А кога велиме се’ и сешто, навистина мислиме така. Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански, италијански и пури од разни други светски познати производители!

Следете ги редовно на нивната ФЕЈСБУК ФАН СТРАНА, затоа што речиси секој ден имаат разни промоции и намаленија.

Во моментов вистински хит е цената на популарното УЗО 12. За еден литар ќе платите наместо 860 денари, 780 денари + подарок 2 брендирани чаши!

Побрзајте, количините се ограничени!

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пречекани со овации на првиот инаугуративен бал, првата дама воодушеви со изборот на фустан

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп синоќа присуствуваа на балот на врховниот командант, каде танцуваа на песната „The Battle Hymn of the Republic“.

Со овации, парот го зазеде централното место за да ја прослави инаугурацијата на настанот за членовите на војската.

Првата дама за оваа пригода облече бел фустан со црни детали без прерамки, бели потпетици, а својот изглед го комплетираше со црно ланче со брош.

Фустанот, наводно, го дизајнирал Ерве Пјер, истиот дизајнер кој стои зад нејзиниот инаугуративен балски фустан во 2017 година. Од друга страна, претседателот Трамп носеше црн костум и пеперушка.

На сцената им се придружија потпретседателот Џеј-Ди Венс и втората дама Уша Венс, како и припадниците на вооружените сили, со кои одвоија време да танцуваат.

-Немав поголема привилегија во мојот живот од тоа да служам како ваш врховен командант, не еднаш туку двапати, рече Трамп на публиката.

Момироски: Дали ученикот кој падна од прозорец во училиште во Прилеп, е мотивиран од социјалната мрежа “Тик-Ток”?

Социјалните мрежи денеска вријат од коментари и реакции по несреќниот настан, кој вчера попладне се случи во ООУ “Гоце Делчев”, a каде ученик заврши со тешки телесни повреди по пад од прозорец. Маркукуле прв дозна за несреќниот настан, а денеска за настанот на социјалните мрежи свои сознанија напиша и новинарот Зоран Момироски.

Неговиот ФБ статус го пренесуваме во целост во продолжение:

-Несреќен случај го означи почетокот на второто полугодие од оваа учебна година.Ученик од шесто одделение од O.О.У.”Гоце Делчев” во Прилеп, преку прозорец од трет спрат паднал во училишниот двор. Со тешки повреди на стапалата и рбетот со итна медицинска помош веднаш е префлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во клиниката за детска хирургија во Скопје. Според информациите несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот. Дежурната наставничка на спратот при проверка на училниците го забележала детето само во училницата. Притоа го прашала зошто не е излезен да игра со останатите деца за време на одморот. Одговорот бил оти на детето му студи и сака да седи во училницата, знaејќи дека станува збор за мирно и повлечено момче. Таа ја испочитала неговата желба. За брзо потоа останатите деца кои биле во дворот и го виделе повреденото дете дека безпомошно лежи на земјата во страв и паника да викаат и бараат помош. Веднаш излегле сите наставници и превзеле се’ што е во интерес за здравјето на момчето. Дали за овој чекор ученикот е мотивиран од социјалната мрежа ,,тик ток,, или од сејмени причини, треба да покаже истрагата.

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ продолжува во Прилеп

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје, в сабота, на 25 јануари, во Прилеп ќе го реализира седмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот ќе се одржи на 25 јануари, во кафе-галерија „Лувр“ во Прилеп, со почеток од 12:30 часот, и поддржан е од Општина Прилеп.

На седмото издание на „Добри гости“ во Прилеп ќе учествуват: Нина Насеска, Славчо Ковилоски, Андреј Ал-Асади, Никола Дукоски, Игор Трпчески, Звонко Димоски, Оливера Андоноска, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски, Филип Димкоски, Петар Петрески, Викторија Ангеловска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Сузана Ѓеорѓиевска, Лина Димоска, Елена Јандреовски, Андријана Дукоска, Ели Луческа и Јулијана Величковска.

Настанот ќе започне со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а потем ќе следува и книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар, во Куманово и во Охрид, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

На свечен настан кој се одржа во UTOPIA private business club, МИНТ Финтек Групацијата беше почестена со признание за нивната поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, на Марјан Вучковиќ, кој раководи со маркетинг секторот на МИНТ Финтек Групацијата.

Настанот, кој собра сите спонзори и поддржувачи на фестивалот, беше одлична можност да се потврди успешната соработка и значајната улога на бизнис заедницата во поддршката на уметноста и културните настани.

МИНТ Финтек Групацијата, со својата посветеност на иновации и напредок, гордо стои зад визијата на фестивалот за истакнување на уметноста на филмската камера и поддршка на филмската индустрија во регионот. Ова признание претставува поттик за идни заеднички проекти кои ќе ги поврзат технологијата и културата во нови и возбудливи форми.

Maкедонија денеска ја стартува главната фаза на СП против Австрија – досега сме ги победиле три пати!

Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.

По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.

Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.

Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.

Меѓусебниот биланс со Австријците на Македонија е позитивен. Досега сме забележале 3 победи, а два пати сме биле поразени.

Другите двојки од оваа група се:
Катар – Холандија (почеток 18 часот) и
Унгарија – Франција (Унгарија – Франција 21 часот).

Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка

Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, а највисока од 2 во Охрид.

УХМР информира дека -5 степени се измерени во Прилеп, -3 во Тетово, Штип, Виница и Куманово, -2 во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Крушево и еден степен во Претор и Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност. Преку ден, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје облачно со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.