-Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Donald J. Trump, напиша Мицкоски на социјалните мрежи, кој беше единствен премиер од регионот присутен на инаугурацијата.
Тешко повреден ученик по пад од прозорец во училиште во Прилеп
Второто полугодие од школската година во Прилеп започна со немил настан, кој малку фалело да заврши фатално.
Maркукуле дознава дека денеска по пад од прозорец тешко е повреден шесттоодделенец во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.
Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на прешлените.
Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.
Во моментов надлежните работат на расчистување на случајот и утврдување на точните причини позади несреќниот настан.
Maкедонците верни на традицијата! Празникот Богојавление-Водици одбележан и во германскиот град Ален (ВИДЕО)
Kaде и да се низ светот, Македонците ги почитуваат и негуваат христијанските традиции и обичаи. Вчера на празникот Богојавление – Водици, водосвет се изврши и во германскиот град Ален, каде живеат голем број наши иселеници.
Пријавени биле 45 учесници, меѓу кои и една девојка, а најсреќен и прв до светиот крст стигнал 33-годишниот Антонио Гоцевски од Делчево.
Видеото до редакцијата на Маркукуле ни го испратија од управата на црквата Св. Димитрија во овој германски град.
Во среда, промоција на книгата “Дијалози” од Коста Бојчески во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”
Под мотото „Создавање на ликовите од страна на читателот“ во среда 22.1.2025 од 18.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков “ ќе се одржи промоција на книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески.
Замислете една од оние „најобични секојдневни“ ситуации кои постојано ни се случуваат на сите нам. Земете ја првата која ќе ви текне. Токму таа или некоја слична таква најбанална секојдневна ситуација (ако не и повеќе) секој од нас многу лесно ќе препознае во книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески, која ќе биде предмет на оваа промотивна литературна вечер. Поради таа непосредност овие дијалози читателот ќе ги почувствува како исклучително блиски и „свои“, па на моменти дури и интимно идентификувачки.
-„Дијалози“ од Бојчески е плод на еден непретенциозен, а сепак доволно предизвикувачки и во добра мера успешен опит со формата и структурата на дијалошката форма во литературен контекст. Авторот со ова свое дело нема претензии да наметне и востанови нови стандарди во поглед на идејно-тематската обработка и структурно-формалната конципираност. Но, сепак, исходот е книга која е оригинална и во двете споменати насоки. Дијалошката форма во која „гласовите кои говорат“ се лишени од персонализација, како и првичното отсуство на временско-просторна контекстуализација на дејството, е заедничка одлика на сите дијалози кои се поместени во оваа книга. Уникатноста на оваа книга е во „дефинирањето на ликовите“ и лоцирањето на дејството во еден хронотописки контекст преку самиот процес на читање на истите. Ликовите ни се „откриваат“, или поточно, самите ги откриваме и „создаваме“, со самото читање на дијалозите, па на тој начин почнуваме и органски да ги доживуваме како литературни субјекти. Токму поради наведените аргументи, „Дијалози“ е книга со искрен, автентичен пристап во творечкиот израз од страна на Бојчески, која заслужува пошироко внимание – Александар Еленин.
Промотор: Виктор Јованоски
Модератор: Александар Еленин
Со своја автентична сценски изведба на некои од дијалозите настанот ќе го облагородат прилепските актери Даниела Иваноска и Димитар Ѓорѓиевски со режисерот Борис Василески, а на сето тоа музичка магија и атмосфера ќе му даде групата The Hounds.
Браво! Хрватите ќе ги бојкотираат маркетите! Македонците јаки само на тастатура!
Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на трговските синџири в петок, 24 јануари. Пораките за бојкот се поради високите цени на производите.
„На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Осигурете се за тој ден како да е недела. Во Обединетото кралство истото се случи со горивото, пред некој ден падна за 15 пени по литар, но ги покачија и платите за 100 фунти месечно“, гласи една од пораките.
Според иницијаторите, ако десет отсто од луѓето во Хрватска се приклучат во акцијата – ќе има голем загуба за малопродажните синџири.
„Ако на тоа гледате како на политички избори, ништо нема да постигнете. Десет проценти од луѓето што го прават тоа е огромна загуба за малопродажните синџири, а вие нема да изгубите апсолутно ништо тој ден, но тие ќе загубат“, се наведува во пораката испратена на WhatsApp, Reddit и Facebook.
Според хрватски медиуми, таа иницијатива има голем одзив засега и во дел од коментарите се вели:
„На никој нема да му падне влакно од глава ако не отиде во продавница тие 24 или 48 часа… Ако нешто во оваа држава предизвикува реакција, тоа е кога ќе те удрат по џеб, и во овој случај би ги удриле арогантните трговци по џеб“.
Новата 2025 музичката група “Код 369” од Битола ја започнаа со снимање на нов видео запис
Со почетокот на новата година, започнуваат и новите проекти на македонските групи и изведувачи. Па така битолската група „Код 369“ годината ја започнаа со снимање на нов видео запис во соработка со младата и талентирана Мила од Србија, а под капата на Кроација рекордс. Се работи за темата „ Конкретно“, по текст на Мила, музиката на Даниел Митревски, аранжманот на КОД, снимател Дејан Трајчевски, шминка Ксенија.
„Соработката со Мила започна благодарение на Амир Бахтијаревиќ, кој што не запозна со неа. Тоа беше човекот кој што не поврза со Кроација Рекордс, заедно со нашата менаџерска екипа од БАГИ Комуникација. Едноставно ни се јави и рече дека Мила би сакала да соработува со нас, да снимиме нешто во нашето студио, и така се одлучивме да направиме нешто заедно.
Текстот е модерен женски текст, кој што решивме да го сработиме како дует, јас и Мила“, ни изјави вокалот на Код 369, Ирена Митревска.
„Во Битола многу ми се допаѓа, се чувствувам добредојдено од првиот момент кога пристигнав. Овој град многу брзо ми прирасна за срце, а за тоа се најзаслужни моите колеги Ирена и Даниел од Код 369. Нашата соработка е некако меѓунардона и преку музиката ги спојуваме нашите држави: Македонија, Србија и Хрватска“, рече Мила. Околу текстот ни изјави:
„Досега не сум се занимавала со пишување текстови. Јас се инспирирам од музиката за да напишам текст. Кога ја слушнав музиката на Даниел, тој диско фанк звук прво започнав да танцувам, а потоа ми дојде како идеја зборот Конкретно, како насловот на самата песна и од таму започна се. Се надевам песната ќе им се допадне на слушателите. За мене соработката со Кроација рекордс е чест, да работам со тие луѓе, професионалци, навистина е задоволство“.
Код 369 минатата година имаа повеќе концерти, а интензивното освојување на музичката сцена, не само во Македонија, туку и во регионот продолжува и оваа година. Формирани се во 2020 година. Потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ им ги отвори вратите кон целиот регион.
„ Сега оно што најскоро треба да се случи е излегувањето на новиот албум. Тоа ќе биде втор албум кој што излегува со Кроација рекордс. Ние сме многу среќни и многу задоволни од сето тоа како се одвива. По предлог на најголемата и најзначајната издавачка куќа во регионот, насловот на албумот ќе биде на хрватски. Предзадоволни сме од соработката, пресреќни сме што се запознавме и со Мила и што навистина такви прекрасни луѓе сретнуваме во нашата работа“, додава Ирена.
Видео записот се снимаше во Битола, во пилатес студиото на Бобан Масалкоски, ексклузивниот клуб, ресторан Утопија, ресторанот Аурум во трговскиот центар Блис и ноќниот клуб Расчекор.
Најголемата брза пошта во Македонија прослави седми роденден!
Најголемата приватна пошта во Македонија Еко логистик сервис (ЕЛС) во саботата во Младинскиот културен центар (МКЦ) прослави седум години постоење под мотото „We are growing internationally“ („растеме меѓународно“). На настанот беа присутни стотици гости кои дадоа поддршка на ЕЛС како општествено одговорна компанија која континуирано го шири своето портфолио со нови ангажмани и активности.
„Во наредниот период нѐ чекаат уште многу предизвици, ќе го прошириме кругот, ќе бидеме најинтегрираната компанија, не само во Македонија туку и во регионот, ќе бидеме провајдер на други сервиси и на други платформи и компании, но една од најважните задачи е да дадеме можност на македонските компании да извезуваат и да станат појаки, да не бидеме како слаби играчи во сенка, туку да тргнеме во акција и да направиме резултат“, рече сопственикот на ЕЛС, Игор Гешовски, во своето обраќање пред присутните.
Роденденот на ЕЛС беше одбележан со богата музичка програма – свои настапи имаа Лаура Кадриу и Филип Пешевски со Арија Бенд, а комичарот Бојан Велевски ги забавуваше гостите со својот стенд ап.
Како еколошки одговорна компанија која постојано се вклучува различни хуманитарни активности, ЕЛС по повод 7-годишнината од постоењето додели благодарници на повеќе еко здруженија и на хуманитарни организации.
ЕЛС во последнава година ја презеде доставата за пратките од двете најголеми шопинг платформи, Али експрес и ТЕМУ, со што значително се зголеми и обемот на работа. Само во декември 2024 година, приватната пошта која ги поседува сите меѓународни и домашни лиценци, има доставено 417 777 пратки до потрошувачите.
Во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи, а достава се врши и во попладневните часови. За поголема безбедност и заштита од манипулации, ЕЛС е единствената компанија која користи безбедносен код при подигањето на пратките. За 2025 година, од компанијата најавуваат соработка и со други светски познати платформи.
Во номинациите за градоначалник доминирал Марјан Ристески
Привршува процедурата за избор на кандидати, кои би оделе на анкета за “татко” на градот.
ВМРО-ДПМНЕ преку своите претседателства на месните комитети ги сумира резултатите и неофицијално преку војлата на членството, како кандидат доминирал Марјан Ристески, а зад него некој од актуелните пратеници, еден директор и претседателката на Советот.
Надежта е дека конечно Прилеп ќе почне да се развува и ќе се врати на старите патеки, кога беше пример за локална самоуправа во цела Македонија.
Сепак одлучувачки ќе биде изборот на неопределените гласачи, кои секогаш го определуваат победникот.
Денеска е Собор на св. Јован Крстител: Чесит именден Јован, Јована, Јованка, Јове…
Денеска е Собор на св. Јован Крстител.
Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.
Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.
Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.
Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.
Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.
Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и мачениk. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.
Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).
Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.
(ФОТО/ВИДЕО) 200 верници меѓу кои и мали деца, влегоја во замрзнатите води на Плетварското езеро
По петти пат се организираше одбележување на празникот Богојавление – Водици во водите на Плетварското езеро.
Ако првата година на ова место се собраа неколкумина ентузијасти, минатата година интересот кај прилепчани беше многу поголем, а оваа година уште повеќе верници се пријавија да влезат во осветените води на езерцето.
Во замрзнатите води на Плетварското езерце влегоја околу 200 верници, а начинот на одбележување на празникот е уникатен и единствено во цела Македонија го има само тука.
Наместо фрлање и пливање по светиот крст, тука секој верник влегува во водите на езерцето, во простор каде има формирано крст и се прекрстува и три пати се потопува во осветените води.
Она што е за воодушевување и за секој поздрав, е тоа што и мали деца влегоја во ледените води на езерцето заедно со нивните родители.
Една прекрасна традиција, за која вреди да се размисли, и да прерасне во централно празнување на празникот во Прилеп во годините што следат.


















































