дома блог страница 577

Свети Никола е најчеста слава во Македонија: Стара приказна која раскажува зошто овој светец е толку почитуван кај народот

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.

Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини”, кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале среде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе, не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола, треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен.

Tрагедија во Битола: Со автомобил удрил во бетонски ѕид, загинал сопатникот

На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишник од Битола, удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди на местото починал сопатникот на возраст од 80 години од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

(ВИДЕО) По 7 години првпат СДСМ Прилеп загрижен за безбедноста во градот

Деновиве повторно гореа автомобили на наши сограѓани, прилепчани. Прилеп стана небезбедно и опасно место за живеење од оној момент, кога на предлог на ДПМНЕ беа поставени новиот началник на ОВР – Прилеп и командирот на Полициската станица – истакна во денешната прес конференција Мики Крстев од СДСМ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Оттогаш до денес запалени се повеќе од 10 патнички и товарни моторни возила. Гореа автомобили на инспектор од прилепската Полициска станица, на познат спортски работник, основен јавен обвинител, адвокат, претседател на Општинска организација на СДСМ.

Истовремено, опожарен беше и ноќен клуб, во двор од куќа на полициски службеник беше фрлена бомба, а употребата на огнено оружје во угостителски објекти стана, безмалку, инцидент на дневна основа.

Не само што нарачателите и извршителите на овие дела насочени против животите и имотите на граѓани на Прилеп не се откриени, туку од страна на најодговорните во МВР, голем дел од настаните се прикриени.

Сето ова се случува пред очите на прилепчани, кај кои од ден на ден се зголемува чувството на страв и несигурност предизвикано од никогаш полошата безбедносна состојба во градот.

Ваквиот развој на настаните е директна последица на систематското урнисување на безбедносните служби, во режија на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски.

Пресметката со професионалците и поставување нестручни партиски војници на раководни места, не само во ОВР – Прилеп туку во целата држава, има една цел: партизирање на безбедносните структури и нивно ставање во функција и под целосна контрола на ДПМНЕ.

Или кажано со други зборови, после 7-годишна пауза, ДПМНЕ во нашите животи повторно го враќа системот МВРО – ВМРО.
Почитувани,
Неспособноста на прилепската локална власт да одговори на потребите на граѓаните, да ги решава нивните проблеми и, првенствено, да им ја гарантира безбедноста, одамна ја надмина границата на подносливост.

Она коешто на нашите сограѓани им е од приоритетно значење, е враќање на мирот и безбедното живеење.

Во таа насока, советничката група на СДСМ и Коалицијата ќе поднесе барање за дополнување на дневниот ред на седницата на општинскиот Совет закажана за среда, 18-ти декември, со нова точка: „Информација за актуелната безбедносна состојба во градот“, поднесена од страна на ПС од Општа надлежност – Прилеп.

Судот одлучи! Прифатено барањето за притвор и за ГРУБИ, штом тој се врати во Македонија

Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се надвор од државата.

„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичниот суд.

Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата.

ЗАШТЕДА ОД 4.500 денари! Јавете се во “БЕСТ СОЛАР” уште денеска и искористете ја оваа единствена можност!

Во време кога електричната енергија стана изгор скапа, а сметките за струја се рак рана за семејниот буџет на секое домаќинство, искористувањето на обновливите извори на енергија стана повеќе од неопходно, а кога живеете во Прилеп – град кој има над 280 сончеви денови во годината, тогаш ви преостанува само едно, да си подадете рака со луѓето кои сонцето го прават најдобар пријател на секое семејство.

“БЕСТ СОЛАР” од Крушево e компанија која во изминатите 10 години стана партнер за стотици и стотици домаќинства. За нив секој сончев зрак е извор на енергија и топлина, а нивната мисија е Македонија да стане лидер во искористувањето на сончевата енергија.

Во годината кога слават јубилеј, од компанијата можат да се пофалат дека се лидери во регионот во посавување на соларни системи. Работат низ целата држава и насекаде гарантираат врвен квалитет.

Како општествено одговорна компанија, која е секогаш насочена кон своите клиенти, “БЕСТ СОЛАР” подготви одлично новогодишно изненадување.

Со секој набавен соларен систем од 200 литри, следува ГРАТИС пумпа за зголемување на притисокот, или заштеда од 4.500 денари.

Цената на соларните системи е пониска од било каде. Па сет кој содржи ИНОКС бојлер од 200 литри, ИНОКС постојле, 20 вакумски цевки, WIFI смарт електроника која може да се поврзи со 5 мобилни телефони, електричен греач од 200W, чини само 20.999денари.

Пумата која е гратис во сетот е со моќност од 120W, a oлеснување е и можноста да се плати на рати преку Тутунска Банка, IUTE Kредит или СН Кредит.

Една фантастична новогодишна промоција која не се пропушта!

Побарајте ги уште денеска, искористете ги овие зимски сончеви денови и преполовете ги сметките за електрична енергија! Телефон: 071 369 673

ТИМОТ НА “БЕСТ СОЛАР” ВЕ ОЧЕКУВА!

Домаќин оваа година е општината! Ова е програмата за одбележување на патронот на Прилеп, Свети Николај Чудотворец

Општина Прилеп и прилепчани во духот на традицијта и оваа година ќе го одбележат својот патрон празник и заштитник на градот, Свети Николај Чудотворец.

Оваа година домаќин на своите сограѓани и гости ќе биде токму општината, а програмата за одбележување на празникот е следна:

-08:00 часот – Божествена архиерејска литургија во црквата Св. Благовештение
-11:00 часот – Литија во чест на Св. Николај Чудотворец Архиепископ Мириклиски
-11:30 часот – Водосвет и прережување на празничниот колач пред Параклисот во центарот на градот
-12:00 часот – Традиционална трпеза за сите граѓани на плоштадот „Александрија“.

-Да го одбележиме заедно овој значаен ден, да ја зачуваме традицијата и да ја покажеме силата на заедништвото, стои во поканата од општина Прилеп.

Иго-Пер-Метал со донација во прилепската болница докажа дека е општествено одговорна компанија (ФОТО)

Прилепската компанија Иго-Пер-Метал реализираше вредна донација во прилепската болница

-Огромна благодарност до компанијата Иго-Пер-Метал за несебично донираните 26 комплети за детски креветчиња (долни чаршафчиња, јорганчиња, перничиња и огради). Примерот од оваа компанија треба да го следат и останатите компании во интерес и за доброто на нашите пациенти. Исто така и неонатолошкото одделение се закити со нова инфузиона пумпа, нов аспиратор и инкубатор. Средствата се обезбедени од донација за предвремено родените бебиња – напишаа од прилепската болница “Борка Талески” на социјалните мрежи.

Николоски: Субвенции за велосипеди и изградба на вело инфраструктура во целата држава

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставници на граѓанското здружение „Биди Зелен“.

Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирање на нови прописи со кои се уредува планирање и проектирање на велосипедска инфраструктура во населено место и надвор од него. На средбата беше потврден фактот од недостаток на инфраструктура за велосипеди како услов за безбеден сообраќај од една страна, но и како еден од главните фактори за намалување на аерозагадувањето.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека министерството е подготвено со заедничка соработка со граѓанските здруженија да се креираат нови нормативи и стандарди како во иднина квалитетно би се планирала и би се реализирала вело-инфраструктурата.

Исто така, министерот Николоски ја истакна подготвеноста на Министерството во следната буџетска година да се предвидат и средства за субвенции за купување на нови велосипеди со цел да се намали користење автомобили и да се влијае врз намалување на аерозагадувањето како мерка за заштита на животната средина.

Министерот испрати и апел до сите општини, во рамките на финансиската поддршка за општините од 250 милиони евра планирана за следната година, општините да аплицираат за проекти за изградба на велосипедски патеки со цел да се подигне квалитетот на вело-инфраструктурата на општинско ниво и да се поттикне користење велосипеди во урбаните средини.

Во следниот период, стручните служби од министерството и претставници од граѓанското здружение „Биди Зелен“, заеднички ќе работат на креирање на нови прописи за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска мрежа.

Се празнува Св. маченичка Варвара: Денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки

Православните христијани денес ја празнуваат света Варвара, погyбeна од својот татко затоа што била христијанка.

Света Варвара се роди во Хелиопол, за царувањето на Максимијан. Татко и беше незнабожец. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек.

Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и.

Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.

Кај нас е сочуван обичај, иако со непознато потекло, на овој ден да се вари жито (разни житарици) кое ќе се јаде следните неколку денови. Исто така денес се сее и божиќната пченица… Старите велат дека од овој празник денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки.

Одличен потег! Во Битола поставени фотоволтаици на шест основни училишта

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес информираше дека, Општина Битола во соработка со Фондацијата ,,Отворено општество” – Македонија, успешно ја заврши имплементацијата на проектот ,,Сончеви училишта”, со кој инсталирани се фотоволтаични соларни централи на училиштата: „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ с. Кукуречани и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од с. Бистрица. Проектот има бенефит и за животната средина, а ќе придонесе и за заштеда на финансиски средства:

„Согласно договорената динамика, проектот е веќе реализиран, со што наскоро училиштата ќе можат да ги почувствуваат бенефитите од нивното поставување.

Електричната енергија што ќе ја произведуваат овие централи ќе даде бенефит и за училиштата и за општината, а вкупната потрошувачка на струјата и резултатите ќе бидат крајно видливи преку сметките за електрична енергија. Она што училиштата во соодветната година ќе го заштедат, повторно ќе може да се искористи за реализација на проекти за нивните соодветни потреби.

Финансиската конструкција целосно е обезбедена од страна на Фондацијата „Отворено општество” – Македонија, на кои што уште еднаш јавно им се заблагодарувам, што ја поддржаа нашата општина за подобрување на енергетската ефикасност на основните училишта со инсталирање на соларни фотоволтаични системи.

И преку овој проект уште еднаш ја докажавме нашата заложба како локална самоуправа, да делуваме во насока на заштита на животната средина и подобрување на условите во училиштата, бидејќи постигнуваме двоен ефект. Го намалуваме влијанието од енергија од фосилни горива со чиста и обновлива енергија, а истовремено имаме заштеди кај сметките за електрична енергија, кои ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата.

Би истакнал и уште една важна компонента, која доаѓа заедно со проектот. Во секое училиште се поставени тв монитори, на кои што сите ученици, наставници, вработени во училиштата, но и родителите, ќе можат да го следат производството на енергегија во моментот. Едукацијата и вклученоста на учениците и вработените, овозможува зголемување на знаењето за производство и користење на енергијата од обновливи извори. Така, за времена образовниот процес, учениците ќе можат да се стекнат со знаења, вештини но и сопствени мислења, за заштита на животната средина и иднината на зелената економија“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на денешната прес конференција.