дома блог страница 550

Македонија во 18 часот на реванш против “лалињата”

📸 Filip Viranovski /RFM
📸 Stojanovski / RFM

Македонската репрезентација во 18 часот го игра вториот меч од Светското првенство во Хрватска.Противникот тежок, Холандија е во топ пет фаворитите за висок пласман. Играат брз ракомет па на нашите ракометари ќе им биде тешко да го следат нивниот ритам.

Но, нашите ракометари треба да ја играат својата игра со многу борбеност што го покажаа на првиот меч со Унгарија. Најважно е да се остане смирен и да не подпаднеме на „брканицата“ на Холанѓаните.

Само за потсетување, Македонија пред две години се сретна со денешниот ривал во рамките од второто коло од СП 2023 во Краков, каде бевме целосно надиграни и заслужено загубивме со убедливи 24-34. Тоа ќе биде мотив повеќе за нашите ракометари, од кои голем дел настапија на тој меч во Полска, целосно да им се реваншираат на „лалињата“.

Со среќа момци!

Tpaгедиja во село Славеј: Починале две близначиња, имале само 14 денови

Маркукуле дознава дека две бебиња кои имале само 14 денови денеска починале во село Славеј, општина Кривогаштани.

Според нашите информации бебињата близнаци починале од премрзнување, а во семејството каде живееле имало уште три други малолетни деца.

Маркукуле дознава и дека останатите деца се одземени од родителите од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп.

Сега на потег се и другите надлежни институции, кои врз основа на сите информации во врска со трагичниот настан, треба да донесат одлука дали и каква одговорност ќе понесат родителите.

Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Популарните “УРАГАНКИ” доаѓаат во Прилеп! Еве како до карти! (Видео)

И после Новогодишните и Божиќните празници, продолжува празничната еуфорија во Прилеп, а “виновник” за тоа е клуб Déjà Vu, единствениот локал во Прилеп кој на прилепчани им подготвува редовни изненадувања и одлични журки.

За тоа овојпат ќе се погрижат неодоливите девојки од популарната српска група Hurricane. Да, добро слушнавте, популарното трио доаѓа во Прилеп на 25.01.(сабота) и ќе приредат забава за паметење.

Иако со целосно нова постава, популарните “УРАГАНКИ” продолжуваат да ја брануваат публиката каде и да се појават, а ништо поразлично нема да биде во Déjà Vu.

Суперталентираните: Сара Курума, Јована Радиќ и Миона Сречковиќ, ќе го кренат на градот на нозе, а интересот од старт е огромен.

Картите се веќе во продажба по 400 денари, па не чекајте ни миг повеќе, туку јавете се на телефонскиот број 070-304-967 и резервирајте навреме!

Бидете дел од најдобрите забави во Прилеп! Клуб Déjà Vu ве очекува!

Mицкоски единствен од лидерите од регионот на инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде единствен лидер од Балканот кој ќе пристуствува на инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп на 20 јануари.

Мицкоски доби официјална покана и ќе биде во Вашингтон. Покрај него ќе биде премиерката на Италија Џорџа Мелони, поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки ,а покана има и премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој неизвесно е дали ќе присуствува.

На инаугурацијата ќе биде и Јирген Хард, од германската Христијанско-демократска унија, како и премиерот на Аргентина Хавиери Милеи

Полнете резервоари: Значително поскапување на дизелот од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на одлуката од 13.01.2025 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,051 ден/кг и сега ќе изнесува 46,336 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 17.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,336 (денари/килограм)

Ќе ве чекаат со најдобрата чорба во Прилеп од 6 часот наутро! На Водици да наздравиме во ресторан Beer ti & ja

На веќе добро познатата локација, на влезот во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, ќе го најдете ресторан Beer ti & ja, место кое во изминатата 2024 година прерасна во број еден гурманска дестинација во градот под Марковите Кули.

Вљубениците во добра скара, готвени јадења и чорби, добро знаат дека во Beer ti & ja има се’ што душа ќе ти посака. Она што го прави овој ресторан посебен е пред се’ локацијата. Ресторанот се наоѓа надвор од градската гужва, располага со сопствен широк паркинг, а кујната ја водат вистински мајстори на занаетот.

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Со капацитет од 40 до 50 гости, ресторанот во помалку од една година од своето постоење, пречека илјадници гости, кои пак задоволни одново се враќаат на добра софра и неколку чашки за добро расположение.

Не смееме, а да не ги спомнеме вкусните чорби, кои тука се секогаш тазе приготвени, со посебно внимание и со сигурност може да се каже дека веќе се бренд во гастрономската понуда на Прилеп. Кој не пробал во овие зимски денови, шанса ќе има и во недела за големиот празник Богојавление – Водици, кога ресторанот ќе работи од 6 часот утрото.

Прилепчани масовно го празнуваат овој празник и уште утрото не осамнало до последно место ги исполнуваат дворовите во црковните храмови, а потоа се мераклии да се стоплат со вкусна чорба, по некоја чашка ракија и да се поздрават со радосните зборови: “Бог се јави”.

Токму затоа тимот на Beer ti & ja од рано наутро ќе ве чека со вкусна телешка и чкембе чорба.

Повелете и наздравје!

Трет голем проект за помалку од еден месец! Премиерот Мицкоски утре ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце

Утре 17.01.2025 година (петок) со почеток во 12:30 часот по повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Свој говор пред присутните ќе одржи премиерот Мицкоски.

Ристески на состанок со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.

Заменик министерот Ристески се заблагодари на сите производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучија и учествуваа во оваа акција и ги намалија цените на прехранбените производи и на дел од пијалоците за време на новогодишните и божиќните празници.

На листата на производи, како што е објавено и на веб-страната Моја кошница која штоја креираше Министерството за економија и труд за оваа акција се вклучени 1178 производи од 96 производители и дистрибутери се вклучија 51 маркети а акцијата се применуваше во 762 продажно место.

Во духот на социјалната одговорност и солидарноста, од Министерството за економија и труд беше напоменето дека очекувањата се сите учесници во малопродажбата – производителите на храна, дистрибутерите и ланците на маркети, ќе направат максимални напори и ќе ги задржат цените на производите на исто ниво по завршување на акцијата.

Акцијата за прв пат е иницирана и спроведена од страна на бизнис секторот и во текот на следните недели се очекуваат анализи на ефектите од ваквата акција.

Од Министерството за економија беше потенцирано сите учесници треба да се воздржат од зголемување на цените на прехранбените производи кои беа дел од оаа акција и во таа насока се подготвени да комуницираат во духот на соработката.

Беше упатен апел и опомена до сите чинители во ланецот на прехранбени производи во наредниот период да не дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи, по завршување на Новогодишната кошница, за да не се носат мерки страна на Министерството за економија и труд, односно беше кажано дека Министерството ќе ги искористи сите механизми кои ги имаме на располагање за да се заштити стандардот на граѓаните.

Беше заклучено дека оваа акција е од исклучително значење за зачувување на економската стабилност во нашата држава и за спречување на понатамошен раст на инфлацијата која влијае врз животниот стандард на сите граѓани.

Во овие предизвикувачки времиња, клучна улога во заштитата на економијата имаат токму производителите и трговците, како носители на понудата на пазарот.

Подготвеноста да се воздржат од покачување на цените нема само да придонесе за заштита на куповната моќ на граѓаните, туку ќе испрати и јасна порака за Вашата посветеност кон заедничката иднина на нашето општество, што пак ќе доведе до директно влијание врз зајакнување на довербата меѓу сите чинители во општеството, а особено кон потрошувачите.

Државниот пазарен инспекторат останува на терен да ја следи состојбата со цените.

Му ги собрал сите пари после cмpтта: Битолчанец заработи кривична пријава

-СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното – информираат од МВР.

Пример кој треба да го следат СИТЕ! ВЕРО ги замрзна цените на 100 продукти, oстанува намалувањето и кај продуктите од Новогодишната кошница

Новогодишната кошничка, што траеше еден месец, а со која беа намалени цените на дел од прехранбените производи, заврши. Од денеска ќе се знае дали цените што беа намалени ќе се вратат на старо.

Од Владата во повеќе наврати испратија порака дека евентуално нечесно однесување на трговците може да повлече нови владини мерки кои би ги замрзнале цените и маржите.

Од Владата изразија надеж дека во таква ситуација особено големите ланци на маркети цените ќе ги држат на ниско ниво.

ВЕРО е првиот ланец на маркети кој сам си ги замрзна цените во наредните 6 месеци.

100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци е кампањата што ја започна ланецот на супермаркети ВЕРО за следните шест месеци. Во 100те производи се основни прехранбени производи како и средства за домаќинство и лична хигиена. Покрај новите 100 производи со замрзната цена, во ВЕРО маркетите остануваат и намалените цени на производите од новогодишната кошничка а ќе се организираат и дополнителни акции и промотивни активности со поволности за купувачите.

„Се обидуваме да помогнеме колку што можеме и оваа инцијатива е со цел да се излезе пресрет на напорите на Владата во намалувањата на цените во малопродажба. Проектот „100 производи со замрзнатите цени за шест месеци“ е наша заложба да помогнеме на нашите потрошувачи и да покажаме дека може поинаку. Оваа наша активност е само чекор плус во обидот да се стабилизираат цените кои зависат од производителите и со кои се обидуваме да најдеме заеднички јазик да не ги покачат производите во периодот што следи“, изјави Петар Денковски, директор на ВЕРО.