дома блог страница 543

Проф. Д-р Јован Велески од Прилеп: Со едукација и превенција до поголема свесност за одговорното играње игри на среќа

ДВЛМ со проектот “Играј одговорно“ од советувалиштето во Прилеп ја истакна важноста на одговорното играње игри на среќа.

Тимот на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија во рамки на активностите за одговорно играње игри на среќа, го посети советувалиштето во Прилеп. Советувалиштето кое функционира во центарот за социјални работи во Прилеп, е составен дел од проектот за превенција и психо-социјална поддршка на лицата со проблематично играње на игри на среќа „Играј одговорно“. Проектот беше започнат во 2019 година во соработка со Здружението на лекувани зависници на РМ.

Соработката со ДВЛМ е од исклучителна важност, смета проф. д-р Јован Велески, специјалист по медицинска психологија. Тој е одговорно стручно лице во Прилеп за проектот „Играј одговорно“. Велески додава дека телефонска поддршка преку СОС линијата за бесплатно советување на тел бр. 072 880 100 како и деск верзијата преку мејл, овозможени од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, се исклучително корисни.

Само за потсетување, покрај советувалиштето во Прилеп, во рамки на проектот „Играј одговорно, во функција се и советувалишта во Скопје и Куманово. Вакво советувалиште наскоро ќе биде отворено и во Радовиш.

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорното приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.

ДВЛМ, како одговорна, а воедно и прва компанија од дејноста игри на среќа која сериозно е посветена на одговорното играње и почитување на регулативите, преку едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залага за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, истакнувајќи ја важноста од одговорно играње и одговорно приредување игри на среќа.

Битолчанец и Британец загина на магистралниот пат Битола-Прилеп, а Индиец е повреден

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај надвозникот за с.Кукуречани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, општина Кривогаштани.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д.(42) од Велика Британија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.

Додека, сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид, во присуство на јавен обвинител, извршила увидна екипа на СВР Битола.

Не заборавајте: Стрелките на часовникот одат еден час нанапред

Како и секоја година така и оваа година имаме промена од зимско во летно сметање на времето последниот викенд од март.

Во последниот викенд во март, односно оваа година летното сметање на времето почнува на 30 март во недела.

Така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе неколку години се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Втор дел од акцијата “Заедно средуваме – заедно уредуваме” во Битола

Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе
организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти март. Истата акција, која еднаш веќе беше спроведена во месец февруари, ќе продолжи и во месец април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:

Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб,

Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб.

Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за
справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.

Прилепскиот Основен суд доби четворица нови судии

Нови 49 судии низ државава беа избрани на вчерашната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

За судии на Основен суд – Битола избрани беа Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски.

За судии на Основен суд – Гевгелија беа избрани Ива Цоневска – Вангелова и Марта Спасовска.

Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми – Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален Садику беа избрани за судии на Основен суд – Гостивар.

За судии на основните судови во Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Свети Николе, Струга и Велес, избрани беа Наташка Атанасовска, Костадинка Крстевска – Петрова, Урим Јусуфи, Иван Стојанов, Даниела Младеновска – Митовска, Марина Мишева, Јасна Парталоска и Мила Цилакова.

За судии на Основен суд – Куманово беа Натали Колев – Бојковиќ, Бехар Амети, Арефат Весели и Арменд Мехмети.

Елена Балевска и Илсен Салиеска Патилоска беа избрани за судии на Основен суд – Охрид, додека во прилепскиот Основен суд – Филип Пашоски, Хари Караџоски, Петар Карагулески и Јане Јаковоски.

За судии на Основен суд – Струмица избрани беа Марија Маневска и Гордана Мачукова.

За судии на Основен суд – Тетово избрани беа Арлинда Османи, Емира Асани, Борче Костовски и Адмире Адеми.

За судии на Основен суд – Штип избрани беа Марија Михова и Дејана Дејановска.

Судскиот совет за судии на Основен граѓански суд – Скопје ги избра Маја Бошковска, Мартина Коцевска – Ролевска, Сања Анѓелеска, Ирина Нефтенова – Пешевска, Валмира Аџиреџа и Љира Бојко.

За судии на Основен кривичен суд – Скопје избрани беа Сања Лазова – Стојанова, Тереза Лазовска, Елизабета Постоловска, Maja Котевска, Билјана Шуплиновска – Јовевски и Санида Јашар.

На седницата членовите на Судски соверт истакнаа дека најголем интерес имало за судските места во скопските судови.

Николоски забрзано работи на воведување нови авиолинии: Се планира поврзување на Скопје со Прага и Охрид со Карлови Вари

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржа во Прага.

Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија и во рамките на приоритетите што ги реализира, се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.

Тој на средбата ги презентираше можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.

На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи.

Исто така Николоски на средбата ги истакна и потенцијалите на аеродормот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа се разговараше да се разгледа можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.

Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска оствари и средба со претставници на автомобилската компанија Шкода на која се разговараше за идна сорботка.

Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленарната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република

МинтИнс со нова понуда за своите корисници: Дополнотелно приватно здравствено осигурување по цена од 953 мкд/ месечно.

МинтИнс нуди доброволно приватно здравствено осигурување за само 953 мкд месечно, кое обезбедува покривање на медицински трошоци и здравствени услуги во приватни установи.

* Полисите на МинтИнс вклучуваат различни опции во однос на покритие, во зависност од избраниот пакет.

* Покриваат услуги како педијатриски прегледи, малигни заболувања, операции, комплексна дијагностика и други.

* Семејниот пакет нуди можност за дополнително вклучување на состојби за бременост и породување.

* Партнерски здравствени установи:

* МинтИнс има мрежа на партнерски приватни здравствени установи, вклучувајќи ги:
* ПЗУ Аџибадем Систина
* ПЗУ РЕ-МЕДИКА
* ПЗУ НЕУРОМЕДИКА
* ПЗУ Плодност, Битола
* ПЗУ Специјализирана болница Жан Митрев.
* и многу други.
* Начини на плаќање:
* Директна исплата на трошоците од страна на осигурителот кон избраната ПЗУ.
* Исплата по пат на рефундација кон осигуреникот за останати ПЗУ.

* Пакети:

* Индивидуален пакет
* Семеен пакет.
* Постојат минимален и максимален пакет.

* Достапност:

* Достапен е онлајн калкулатор на Mint App.

За подетални информации, на следниот линк: www.mintins.mk/zdravstveno-osiguruvanje/

(ВИДЕО) Прилепчанецот одличен во дресот на шпански Ваљадолид, заслужува редовен повик и во репрезентација

Eкипата на Ваљадолид, каде што настапува прилепчанецот Димитар Димитриоски, продолжува да ниже успеси во шпанската Асобал лига.

Во натпреварот од 20. коло, Ваљадолид дојде до четвртата последователна победа, триумфирајќи овојпат над Бенидорм со 30:28, а нашето лево крило Димитриоски беше помеѓу најдобрите на натпреварот.

Поранешниот репрезентативец на Македонија забележа четири погодоци од пет обиди, и по којзнае кој пат покажа со каков квалитет располага.

Неговиот Ваљадолид сега се наоѓа на шестата позиција на табелата и останува во игра за излез на европска сцена.

Нова тpaгедиja во Македонија: Две жpтви и едно тешко повpeдено лице во сообраќајка на влезот во Битола

Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп.

Во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притоa во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на градот Скопје и едно лице странски државјанин, додека повреденото лице, исто така странски државјанин е итно пренесено на лекување во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Екипи на СВР Битола и Јавен обвинител се на терен и ги истражуваат причините за несреќата, а сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Битола-Прилеп.

Николоски: Продолжува реконструкцијата на патниот правец Охрид – Св. Наум, ќе биде завршен до почетокот на туристичката сезона

Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката сезона, објави Вицепремиерот, Александар Николоски на својот фејсбук профил.

-Коловозот се реконструира и се предвидени одредени проширувања на коловозните ленти со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се олесни движењето за време на туристичката сезона, потенцира во објавата Вицепрениерот Николоски.

Продолжуваме со реконструкција на магистралните патиштата преку инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта.
Ја градиме Македонија, нотира во објавата Вицепремиерот, Александар Николоски.