Aко возите низ Прилеп и наидите на ваква креација на патот, не се залажувајте, во девет од десет пати се работи за дупка, шахта или било каков друг дефект на патот…
Европски, нема што….
„Sport Life“ обложувалници, четврта година по ред го организираа настанот на кој ги наградија своите најуспешни вработени. За нивните достигнувања и за професионалното ангажирање во текот на 2024 година, 70 вработени добија ваучери во вредност од 12.000 денари, коишто можат да ги искористат за одмор, патувања, шопинг во бројни трговски центри и за други услуги.
Наградените вработени беа избрани според јасно дефинирани критериуми, кои ги вклучуваа нивните резултати во различни сегменти на работниот процес во текот на годината, како и нивниот стаж и искуство во „Sport Life“.
„Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух во „Sport Life“ е наша приоритетна цел, и таа се одвива во текот на целата година. На крајот на годината само ги сумиравме резултатите и заеднички го прославивме успехот.“, велат од „Sport Life“.
„Sport Life“ е лидер во областа на спортските обложувалници и игрите на среќа, со повеќе од две децении искуство на пазарот. Компанијата континуирано инвестира во својот тим преку обуки, тренинзи и стипендии за образование. За постигнување на високи резултати, вработените добиваат редовни бонуси и награди, како и можности за кариерен напредок.
Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.
Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него. Неговите фанови велат дека Тоше има само ден на раѓање.
Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, а во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, бројни делегации и фанови ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење.
Во Крушево ќе присуствува и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој откако ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, ќе го посети и Спомен домот на Тоше.
Напладне во Спомен домот на Тоше, младите пејачи Нела Манческа, Дорис Димовска и бендот „Лок даун“ ќе изведат негови песни, а ќе настапат и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Домот на културата „Напредок-1869“ од Горна Орјаховица, Бугарија, под раководство на Аделина Колева.
Во холот на Домот на АРМ во Скопје, пак, денеска ќе се одржи крводарителска акција во спомен на хуманоста на Тоше Проески.
„Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје е и акцијата која се организира во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост“, се вели во соопштението на Црвениот крст на Град Скопје.
Како што посочуваат, на овие акции собрани се над 5.500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител.
Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“.
-Полициската професија не е само избор, туку е повик, завет кој секој еден од вас го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина, безбедни и сигурни. Почитувани идни колеги, благосостојбата и напредокот на едно општество се темелат на почитување на законите, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно во име на граѓаните, во име на својот народ, порача Тошковски.
Тошковски, исто така, порача дека се градат и ќе се градат нови полициски станици, како и дека се планира обновување на возниот парк на министерството, нови модерни и функционални униформи и материјално и техничко унапредување на сите организациони единици. Во унапредувањето на условите за работа, тој нагласи дека, ќе биде направено и преку редовно зголемување на примањата на сите вработени во МВР.
Помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски во своето обраќање пред 13-те тимови нови полициски службеници, им порача дека промоцијата е награда и показател на нивната работа, труд и вложување.
-Почитувани кандидати, да се биде полицаец не е само работа, тоа е професија која носи голема одговонрост. Нашите сограѓани секогаш ќе гледаат во вас, како за заради зачувување на индивидуалната, така и заради колективната безбедност. Носејќи ја полициската униформа станувате членови на едно големо полициско семејство. Тука сте не само за нашите сограѓани, туку и едни за други, порача Митковски.
На промоцијата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите полициски кандидати од генерацијата.
Во срцето на Прилеп, на бул. Гоце Делчев бр. 6-3, наспроти “Ла Страда”, oд неодамна работи продавницата на Bonatti, единствено место каде љубителите на квалитетната и елегантна долна облека можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.
Bonatti е бренд кој веќе долго време се препознава по својот модерен и иновативен пристап кон дизајнот, комбинирајќи стил, удобност и префинетост. Со врвен квалитет и внимание на секој детал, Bonatti создава парчиња што ги надминуваат сите очекувања. Без разлика дали станува збор за секојдневна долна облека или ексклузивни сетови за посебни пригоди, Bonatti секогаш успева да ги задоволи вкусовите на најпребирливите купувачи.
Новата продавница во Прилеп е совршено место за сите оние што сакаат да се чувствуваат убаво и самоуверено во својата кожа. Со широк асортиман на производи, вклучувајќи долна облека, пижами, аксесоари и други модни детали, посетителите ќе можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.
А сега е вистинското време! Во Bonatti на изненадувањата им нема крај! Искористете ги попустите до -20% на целиот асортиман, како и до -40% на одредени производи до 26.01.
Направете ја неодоливата комбинација, почестете се себе си или некој ваш близок со нешто посебно и удобно!
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е на врвот на листата на стрелци. Со шест гола во победата над Катар, капитенот на Македонија стигна до бројката 41, со што се пласираше пред Холанѓанецот Тен Велде, Данецот Матијас Гитсел и Катарецот Френсис Марк.
Останува уште еден натпревар во главната фаза, а бидејќи најдобрите екипи ќе имаат повеќе настапи пред крајот на првенството, тешко е да се очекува дека централниот бек на Еурофарм Пелистер ќе ја задржи лидерската позиција.
Filip Kuzmanovski leads TOP scorers at #HANDBALL2025 #Handball pic.twitter.com/0Y4jJ07XzV
— Handball Planet (@Handball_Planet) January 24, 2025
Koмпанијата “КДС Кабелнет” по којзнае кој пат ја покажа својата општествена одговорност, овојпат донирајќи две работни скали за потребите на Територијалната противпожарна единица Прилеп.
Ова е пример кој треба да го следат сите компании во нашиот град. Хероите во униформа заслужуваат да имаат соодветни алати и услови за работа, а освен надлежните институции, тука секогаш со помош се добредојдени и компаниите.
-Изразуваме голема благодарност до “КДС Кабелнет” од Прилеп за нивната донација на 2 нови работни скали, кои ке бидат од голема корист во нашата работа. Ова е голем гест за нас, но и за градот – напишаа од ТППЕ Прилеп.
-На 24.01.2025 во 00.50 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп, поради сомнение дека на ул.„Рампо Лефката“ во Прилеп со употреба на сила одзел предмети од паркиран автомобил.
Одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против Е.А. ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.
Во нови современи простории, лоцирани на улица “Партизанска” бр. 16, музичкото училиште “Матрикс” од Прилеп ја продолжува својата мисија за градење на бројни музички таленти. Во нивните училници досега блеснале голем број инструменталисти и одлични вокали, а сега поради големиот интерес, “Матрикс” воведува нова насока наменета за најмалите – МАТRIX KIDS.
Станува збор за група каде можат да се пијават дечиња од 4 до 7-годишна возраст, а ќе изучуваат теорија на музика, солфеж и хорско пеење. Низ тајните и убавините на музичките ноти ќе ги води Викторија Георгиоска, дипломиран соло пејач на Музичката академија во Скопје.
Наставата е предвидено да се одвива во групи по пет деца, програмата е забавна и освен што вашите најмали ќе научат многу за музичките правци, ќе започнат да го развиваат својот музички талент и сигурно да чекорат кон музичките скалила.
Целта е да се создаде модерен детски хор кој ќе настапува и ќе го претставува Прилеп на бројни манифестации и концерти.
Побрзајте, бројот е ограничен на три групи. Овозможете им на вашите најмали најсовремени услови за музички раст, развој и секако одлична забава и другарување.
Пријавувањата се во тек на телефонскиот број: 078278541 или во порака на ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА УЧИЛИШТЕТО МАТРИКС: https://www.facebook.com/matrixmuzickouciliste
Министерот за спорт, Борко Ристовски реализираше средбата со првиот човек на Општина Тетово, Билал Касами.
Од заедничкиот разговор, Ристовски и Касами донесоа замено решение за изгледот на спортската инфраструктура во Тетово.
Од средбата, Ристовски ги посочи следните работни активности во Тетово: изградба на терени со вештачки тревник во Спортскиот центар, реновирање на постојаното игралиште и поставување на монтажни трбини, како и терен со хибридна подлога.
Ристовски најави и нов фудбалски терен со вештачка трева и 100 столчиња во трибинскиот простор при Основното училиште „Лирија”, додека на друга локација ќе започне изградба на ново кошаркарско игралиште со современ под и терен за одбојка.
Прилепчани пак се’ уште чекаат на средување на проблемите со Универзалната сала и ставање на овој спортски објект во владение на општина Прилеп, ветување кое министерот Ристовски го даде на почетокот од мандатот.