дома блог страница 531

Општина Прилеп ќе оддели средства за семејствата на настраданите и повредените во кочанската тpaгедија

На 58-та седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи на ден 25.03.2025 година (вторник), прва точка на дневниот ред е донесување на Одлука за доделување на хуманитарна помош за повредените и настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Општина Кочани.

По примерот на повеќе други општини, и општина Прилеп се солидаризира со семејствата на настраданите и повредените од кочанската трагедија, па се очекува одлуката едногласно да биде поддржана од сите советници.

Покрај тоа, советниците на оваа седница ќе гласаат и по 25 други точки:

2. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година.
3. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот-Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп, за 2024 година.
4. Предлог-Одлука за утврдување на приоритетен проект финансиран преку Европска Инвестициона Банка во рамки на Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија.
5. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант.
6. Предлог-Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Прилеп.
7. Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за одредување на јавните паркиралишта на кои ќе се врши наплата на паркирање.
8. Предлог-Одлука за прифаќање на донација во ствари од страна на Комфи-Ангел ДОО Прилеп.
9. Предлог-Одлука давање согласност на Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година, на ЈКП “Пазари”-Прилеп.
10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈКП “Пазари” -Прилеп, за 2025 година.
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните (јавни) службеници за 2025 година во ЈОУДГ ,,Наша иднина’’ Прилеп.
12. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за расходовање на нефункционална оштетена и дотраена електронска опрема, на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”- Прилеп.
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуките за отпис-расход на расипаните, дотраени и неупотребливи основни средства, на ООУ “Добре Јованоски”- Прилеп.
14. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани- Прилеп.
15. Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутот на ООУ “Страшо Пинџур” с.Мало Коњари- Прилеп.
16. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ “Страшо Пинџур” с.Мало Коњари- Прилеп, за III (трето), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
17. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ “Круме Волнароски” с.Тополчани- Прилеп, за III (трето), VI (шесто) и IX (деветто) одделение.
18. Предлог-Правилник за измена и дополнување на Правилникот за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп.
19. Предлог-Решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески”-Прилеп.
20. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.
21. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ “Коцо Рацин”-Прилеп.
22. Предлог-Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на OОУ,,Добре Јованоски’’-Прилеп.
23. Предлог-Одлука за донесување на детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.10, фаза нацрт план, плански период 2021 – 2026 год., Општина Прилеп.
24. Предлог-Одлука за донесување на детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.14 и 2.15, фаза нацрт план, плански период 2024 – 2029 год., Општина Прилеп.
25. Предлог-Одлука за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП бр.42 и 43 (како дел од ДУП за УАЕ бр.7) во една градежна парцела (ГП бр.1), КО Прилеп, Општина Прилеп.
26. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп, за 2025 година.

Ова и во Африка го нема! Го реновирале станот, па целата старудија ја “тупосале” во паркот (Фото)

Несовесни граѓани направија депонија во паркот на улицата “Петта прилепска бригада”, по реновирање на стан.

-Вака се реновира стан на двосмерната ,, Петта прилепска”. Целиот мебел, инвентар, облека и друг отпад исфрлен во паркот. Се работи за двајца сторители оној кој го продал станот и оној кој го купил, според информациите од станарите. Несовесните граѓани се пријавени во Инспекторатот – напишаа од ЈКП Комуналец на социјалните мрежи.

Српскиот коментатор заплака за време на минутата молк за настраданите во Кочани (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Србија во Белград играше реванш од плејофот од Лигата на нации против селекцијата на Австрија, а коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, не можеше да ги задржи емоциите пред почетокот на мечот.

Видеото можи да го видите тука:

https://x.com/sportsscandals1/status/1903859575121477636?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1903859575121477636%7Ctwgr%5Ea6c6c79dcd2cef8b8cdd185944e6b27d645b94b1%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fsrpskiot-komentator-zaplaka-za-vreme-na-minutata-molk-za-nastradanite-vo-kochani-video%2F

(ВИДЕО) Еве како се веселеле приведените од синоќа во Прилеп

Во денешниот билтен со дневни настани, МВР информираше дека на подрачјето на Прилеп во изминатото деноноќие приведени се 12 лица, од кои едно е малолетно, поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост за трагедијата во Кочани.

Маркукуле од читатели доби видео од група млади луѓе кои кај Центарот за култура “Марко Цепенков” пуштале гласна музика и се забавувале, додека цела држава тагува по животите на нивните врсници и се моли за оздравување на повредените.

Независниот студентски сојуз го откажува утрешниот собир пред УКИМ

Од Независниот студентски сојуз, кој е организатор на најавените студентски протести, соопштија дека го откажуваат собирот пред УКИМ. Од сојузот, во испратеното соопштение велат, дека – биле огорчени, и разочарани, од политички влијанија, и мешање, во нивните, како што велат – искрени, и чесни намери.

„Денес сведочиме, за видео материјал, со кој, се потврдува – политичката вмешаност. Огромна, група на студенти, е цел на обид – за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме“, се вели во соопштението, на Независниот студентски сојуз. Оттаму информираат, дека – нивниот собир, закажан за утре, во 13 часот, пред платото на УКИМ се откажува, а за доплнителните чекори ќе известеле во наредниот период.

Прилепчанец фатен како краде во маркет

-На 22.03.2025 во 14.20 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ш. од Прилеп, кој извршил кражба од маркет во Прилеп.

Украдените предмети биле вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Што се’ шета на слобода! Малолетни девојки доживеале хорор на градскиот плоштад во Прилеп

-На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп, 37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.

Се асфалтира улицата “Никола Тесла” во Битола (ФОТО)

Општина Битола е во завршна фаза на реализација на проектот: Реконструкција на коловоз, мешовита канализација и водоводна мрежа на
улица „Никола Тесла“. Работните активности се одвиваа на потегот од поврзувањето со улица „Влатко Миленковски“ до спој со „Булевар 1 ви
Мај“.

Реконструкцијата на комплетната инфраструктура е во вредност од 9.826.756,09 денари, а инфраструктурното уредување во овој дел на градот
вклучува и реконструкција на улично осветлување во износ од 2.394.000,59 денари.

Ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа, дејствува во насока на подобрување на патната инфраструктура во централното градско
подрачје.

„Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – Tрогателна објава на сопругата на Андреј

Наталија Ѓорѓиеска вчера сподели дел од разговор со нејзината ќеркичка која е полна со емоции, но и со порака за тага за прераната загуба на таткото.

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна како за 7 години“.

Ова е пораката на социјалните мрежи од Наталија, сопругата на Андреј, кој пред една недела го загуби животот во трагичниот пожар во Кочани.

Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката во Кочани, кога се случи трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Изјавите на очевидци велат дека тој успеал да излезе од дискотеката кога се случил пожарот, но се вратил за да помогне и така починал.

Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана (родена на 29 ноември 2015).

За време на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 200 се повредени.

ПРОТЕЧЕ ВИДЕО: Планираат блокади и дестабилизација на државата? Ги обучува инструкторка од Србија

На социјалните мрежи се појави видео од групен разговор меѓу македонски и српски студенти кои се договараат како да предизвикаат немири на протестите во Скопје кои се закажани за утре. Он лајн состанокот го координира извесна Стача, студентски инструктор од Србија, а во „чатот“ учестуваат Кирил Митановски од Црвената младина на Левица кој вели дека е од партија.

-Еве ја лично не кријам дека сум од партија, вели водачот на утрешните протести.

Ѓорѓи Јачев пак се брани дека бил во партија, но оти не е и оти со Кирил се знае од таму.

–Тие луѓе што имаат такво искуство обично се качуваат на врвот, цели Јачев.

По првичното излагање на Кирил и Ѓорѓи во разговорот се уклучува Сташа која ги советува дека во прв ред треба да биде пленумот, а не поединци и оти не треба да се дозволи да се вклучуваат партиски активисти.

-Идејата на плеумот е да постои и кога некој ќе се исклучи. Пленумот е општествен контруктор, тело, а не луѓето. Ако некој ти каже ти си во партија, но ти не си никаков духовен водач. Проблем е ако вашите партиски личности го преземаат медиумскиот простор и се наметнуваат како водачи на револуцијата и да велат дека се еднакви но малку повеќе се појавуваме на телевизија и глумат кои се, како на пример Зоран Ѓинќиќ кој е битен и ја спасува земјата.Треба да спречите медиумско промовирање на поедници. Нас ни се случи да падна настрашницата што е директен еквивалент на јавните институции, вели во видеото инструкторката од Србија, Сташа.