дома блог страница 513

Детали за синоќешната несреќа кај прилепско Беровци во која камион прегази човек

-На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Раскошна бајка на брегот на прилепското езеро: Етно вила Св. Никола е вашиот број еден избор за најсреќните моменти во животот (ФОТО/ВИДЕО)

На само 7 километри од Прилеп, на самиот брег од прилепското вештачко езеро, зрачи со целата своја убавина вилата Свети Никола.

Со впечатлив етно стил, овој објект во изминатите две години донесе радост и незаборавни спомени за голем број луѓе, кои решија довербата за нивните најсреќни моменти во животот да им ја доделат токму нив.

Распространета на голем простор, вилата ја краси блескава чистота со прекрасно уредено зеленило, многу цвеќе, фонтана и мало црквиче кое го носи името на заштитникот на градот.

Етно мотивите и украсите во дворот го прават амбиентот уште потопол, ви прават да се чувствувате како да сте пропатувале низ времето, чиниш си дел од сценариото на некоја стара македонска народна приказна.

Простор каде секој елемент си го нашол своето најубаво место, па затоа тука дури и најпребирливите остануваат без зборови.

Вилата може да биде домаќин на 180 до 250 гости, а е отворена за секаков вид веселби, свечени и коктел настани, како и деловни прослави.

За цената ќе прашате, а богами и ќе се уверите дека е најниска во целиот регион. Целта е да се излезе во пресрет на што поголем број луѓе да ги прослават најсреќните мигови во животот со сите свои најблиски, а притоа џебот да не им остане празен.

Нивната понуда пак за оваа година е неодолива сама по себе. За само 20 евра по лице довивате:

-Избор на мени што вам ви одговара
-Неограничен пијалок
-Ваучери за невестински фустани
-Ваучери за роденденски и свадбени торти
-Ваучери за шминка и фризура за сите закажани свечености за понежниот пол

И секако искусен и културен тим на персонал кој ќе се погрижи целосно да уживате.

Сето тоа е резултат на една одлично смислена приказна и плод на одлични соработки кои се негуваат со најдобрите во градот во својата дејност.

И не грижете се, забава има и за најмалите. Освен што им стои на располагање целиот двор со зеленило, уживање ќе најдат и во детските реквизити – нишалки, трамболини, лизгалки…

Со еден збор СОВРШЕНСТВО кое нема да ве остави рамнодушни! Ќе понесете спомени за навек, ќе прераскажувате за најсреќните мигови во животот одново и одново, а вашите гости ви гарантираме дека ќе бидат среќни и задоволни.

Наш совет, не чекајте ниту миг доколку оваа година за вас е резервирана за некој среќен настан. Уште денеска завртете го телефонскиот број: 078 407 041 и резервирајте термин.

Тимот на етно-вила Свети Никола ве очекува!

Следете ги и информирајте се за сите новини и изненадувања на:

ФЕЈСБУК: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090589656955

ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/etno_vila_sv.nikola/

Најнова вест! Трагедија вечерва кај Прилеп, има и жpтва

Сообраќајот на регионалниот пат Битола -Прилеп кај м.в „Беровци“ кај БП „Макпетрол“ се пренасочува по стариот пат, соопштија вечерва од АМСМ.

„Од 20.10 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола -Прилеп кај м.в „Беровци“ кај БП „Макпетрол“ се пренасочува по стариот пат поради случена сообраќајна незгода со жртва“, стои во соопштението на АМСМ.

МАРКУКУЛЕ ДОЗНАВА дека камион прегазил човек од прилепското село Беровци.

Според нашите информации, се работи за повозрасен човек, роден 1950година, кој им подлегнал на повредите.

Ученици од Битола наградени со 6.000 долари – изработија уред за чист воздух (ФОТО)

Шест ученици од Техничкото училиште “Ѓорѓи Наумов” од Битола, под менторство на професорката Александра Колевска-Јовановски, освоија прво место на првиот Climathon одржан во Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.

Тие развија уред со напредни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, поврзан со апликација која овозможува следење на загаденоста во реално време.

Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, имплементиран од CEED Hub Skopje, во партнерство со Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола при Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Општина Битола – официјална страница.

Во победничкиот тим учестуваа учениците од СОТУ “Ѓорѓи Наумов”: Димитар Србиновски (IV-4), Ристијан Ристески (IV-9), Никола Алексовски (IV-9), Емилија Југовска (III-4), Христијан Атанасовски (II-6), Андреј Манасиев (II-6) под менторство на професорката Александра Колевска.

Тимот напорно работеше со цел да ја реализира идејата за иновативното еко решение со што ќе се придонесе за заштита на животната средина и енергетската ефикасност, како и за примената на обновливлите извори на енергија.

За карневалот “Прочка 2025”, три дена продолжено работното време на кафулињата и рестораните во Прилеп

По повод одржувањето на меѓународниот карневал „Прочка 2024“, работното време на угостителските објекти во градот се продолжува за 2 часа, согласно чл.23 од Законот за угостителска дејност: „Советот на општината, односно Советот на градот Скопје, за одредени туристички, културни и друг вид манифестации, содржани во годишните програми, можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, за угостителските објекти од ставот 1 на овој член, но во времетраење најмногу до три дена.

Продолженото работно време се однесува само за деновите на одржување на карневалот, односно од петок 28 февруари до недела 02 март 2025 година.

Одлуката за продолжувањето на работното време на угостителските објекти за меѓународниот карневал „Прочка 2025“ е донесена од Советот на општина Прилеп, на седницата одржана на 29.02.2016 година и таа се’ уште е со важност.

Објавена програмата на каневалот “Прочка 2025”: Втора година по ред ќе биде претставен обичајот “АМКАЊЕ”

Општина Прилеп и Здружението на граѓани „ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ“, како организатори на годинешното 23 издание на Kарневалот „ПРОЧКА 2024“, се подготовуваат за одржувањето на оваа значајна манифестација, која во изминатите години постигна голем успех во поглед на промоција на градот Прилеп во пошироки рамки.

Активностите ќе започнат на 28.02. со отворање на изложба, богатство од креации на маски/сурати, изработени од учениците во основните и средните училишта, под менторство на нивните наставници по ликовно образование и оделенска настава, кои се партнери во целокупната организација.

Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура Марко Цепенков, каде ќе бидат прогласени и најдобрите избрани маски, а стручна жири комисија ќе го спроведе изборот.

Во сабота на 01.03. на платото кај Градскиот Саат, втора година по ред предвидена е презентација на народниот обичај АМКАЊЕ од страна на Здружението Преродба. Истата ќе биде изведена во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со сет на DJ Robbie Ray.

Централен настан е дефилето на маски во недела, на кое ќе се претстават групни и поединечни маски од Прилеп и од други градови од Македонија, а стартот е од пред НУЦК Марко Цепенков. Трасата ќе се движи се до плоштадот Методија Андонов Ченто, каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика, а дефилето ќе биде збогатено со жонглери, акробати, кловнови, куклари и многу други изненадувања!

Традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист Понеделник“ заедно со здружението „Прилепски Мечкари“ ќе биде на 3 март, во понеделник, во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.

За најдобрите и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели соодветни парични награди.

РИСТЕСКИ: Собранието ги донесе измените на Законот, ова е голема работа за заштита на стандардот и интересот на граѓаните!

Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Законот за заштита на потрошувачите, со кои се предвидува. Сите големи, мали и средни трговци ќе имаат обврска на своите веб страни да ја објават цената на секој производ во сите маркет. Од оваа обврска се ослободени трговец-поединец и микро трговците, а треба да се имлементира во рок од 45 дена од стапувањето на законот во сила – информираше на социланите мрежи заменик министерот за економија и туд, Марјан Ристески.

-Ќе се создаде можност за креирање на апликација каде што цените ќе бидат достапни за граѓаните и на тој начин ќе одлучуваат каде ќе ги трошат нивните средства. Со носењето на овој закон постигнување три значајни цели: транспарентност во работењето на трговците, фер конкуренција и лесен пристап на граѓаните до цените. Овој закон досега успешно е имплементиран во Израел, Италија, Франција и Хрватска и во овие држави резултира со намалување на цените. Владата на Република Македонија го штити стандардот на граѓаните, нивниот интерес е наш приоритет! – напиша Ристески.

„Еве ти ја вратата, излези“: Кога Трајковски му ја покажа вратата на Солана

Maкедонија денеска одбележува 21 година од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија.

Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.

Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

Последен ден да поднесете барање за субвенции за инвертер клими во општина Прилеп!

Врз основа на Информација од Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер, Градоначалникот на Општина Прилеп го издава следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ/НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ГРЕЈНИ ТЕЛА СО ИНВЕРТЕР ЗА 2025 ГОДИНА

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека ЈАВНИОТ ПОВИК за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавка на грејни тела со инвертер за 2025 година, објавен на 17.02.2025 година, се прекинува заклучно со 26.02.2025 година поради исполнување на предвидениот број на барања и реализација на планираните финансиски средства. Комисијата ќе ги разгледа барањата доставени до 15:30 часот заклучно со ден 26.02.2025 година.

По завршувањето на постапката, Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање ќе изготви финална листа на граѓани кои го остваруваат правото на субвенционирање/надоместување на дел од трошоците. Листата ќе биде објавена на Веб-страницата на Општина Прилеп (www.prilep.gov.mk) и на огласната табла во Општина Прилеп.

Општина Прилеп им се заблагодарува на сите граѓани за искажаната заинтересираност и учество во јавниот повик.

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица.

Претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.

Првичната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.

На барање на македонските власти, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година, што ја водеше меѓународен тим предводен од Омер Кулиќ. И во нивниот извештај како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.

Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

Трајковски дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.

Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

За претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година. Должноста шеф на државата ја извршуваше до 26 февруари 2004 година кога загина во авионска несреќа во близина на Мостар.