Проследете го Велигденското послание на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар:
-На 18.04.2025 во 12.40 часот во ОВР Прилеп, 44-годишна жена од Прилеп, пријавила дека на улица во Прилеп, Ф.Б. со мобилен телефон ги снимал малолетната ќерка на пријавителката и нејзината малолетна другарка, по што едно од девојчињата го допирал по телото, а другото девојче физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од ОВР Прилеп.
Велика Сабота е Денот меѓу cмpтта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.
Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.
Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.
Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.
Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.
На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.
Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник.
Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.
Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.
Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.
Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето.
Добредојдовте во ТРОПИКАЛ, новата продавница за овошје и зеленчук во Прилеп. Се наоѓаат наспроти Здравствениот дом и имаат избор на здрава храна како никаде на друго место.
Шаренило на бои, внимателно одбрано и квалитетно овошје и зеленчук, и тоа буквално се’. Од сезонско, до егзотични овошја и зеленчуци од тропските краишта.
Свежо, природно, вкусно, TРОПИКАЛ ќе биде вистински партнер на секое семејство и ќе се погрижи да живеете здраво и квалитетно.
Сега дури и немате право на изговор, затоа што во TРОПИКАЛ ќе можете да пазарувате по најниски цени во цел град.
Наш совет е да ги посетите уште во текот на утрешниот ден и убаво да ја подготвите домашната трпеза во пресрет на Велигденските празници.
Во продолжение ви пренесуваме само мал дел од богатиот избор на вкусови:
Православните христијани во Корча, Албанија, масовно го прославуваат Велики Петок, а така беше и оваа година.
Попладнето на Велики петок, градот Корча беше исполнет со свечена и духовна атмосфера, бидејќи бројни православни верници, но и посетители од различни градови од земјата и странство се собраа да учествуваат на традиционалната церемонија на полагање под епитафот, еден од најважните обреди на Страсната недела.
На централниот плоштад, пред величествената катедрала на Воскресението Христово, беа обединети епитафите на шесте градски цркви. Овој момент создаде ретка глетка и посебно чувство на единство, бидејќи стотици луѓе се собраа да ја следат поворката со почит и посветеност. Во атмосфера на свеченост, придружена со меланхоличните звуци на црковните песни и заедничките молитви, церемонијата длабоко го одразуваше одбележувањето на Христовото страдање и жртва.
Поворката на епитафот, која го претставува симболичниот гроб на Христос, тргна од катедралата и продолжи по главните булевари во градот, застанувајќи на неколку симболични точки за да се моли.
Честитка од градоначаникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, по повод Велигденските празници:
-По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми во мое лично име и како градоначалник на општина Прилеп, да Ви упатам најсрдечни честитки со искрени желби за здравје, радост, мир и семејна хармонија.
Велигден е празник на воскресението, надежта и новиот почеток. Тој нè потсетува дека после секоја темнина доаѓа светлина, дека добрината, верата и човечноста секогаш имаат сила да победат. Во овие празнични денови, нека нашите домови бидат исполнети со љубов, разбирање и сплотеност.
Нека Велигден нè поттикне да бидеме подобри луѓе, да ги негуваме вредностите на нашата традиција, верата на нашите предци и нашиот македонски идентитет.
Да продолжиме со заедничка сила да го градиме Прилеп како достоинствен и модерен град – со грижа за сите генерации, со почит кон културното наследство и со верба во иднината.
Од срце Ви посакувам празниците да ги поминете во благосостојба и спокој, опкружени со Вашите најблиски.
Витаминка АД Прилеп уште еднаш го потврди својот статус како еден од најпочитуваните и најпосакуваните работодавачи во земјава, добивајќи ја престижната награда „Најпосакуван работодавач во категорија производство на храна“ за 2024 година од страна на порталот Vrabotuvanje.com.mk.
Ова признание е резултат на независно истражување спроведено од страна на порталот, каде што илјадници испитаници имаа можност да ги изразат своите ставови и искуства во однос на компаниите во Македонија. Според резултатите, Витаминка се издвојува како компанија која нуди стабилна работна средина, постојани можности за професионален развој, грижа за вработените и позитивна корпоративна култура.
„Витаминка се грижи за своите вработени и постојано инвестира во нив. На крај на денот финансиите не се најголемиот ресурс на ниту една компанија туку луѓето кои секој ден одбираат да се надоградат и да станат подобра верзија на себеси. Особено сме горди на ова признание, бидејќи доаѓа директно од луѓето – оние што нè познаваат, нè следат и имаат доверба во нашата работа и вредности. За нас, ова е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат“, изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.
Компанијата и понатаму останува посветена на создавање на стимулативна работна атмосфера и на поддршка на личниот и професионалниот раст на своите вработени. Преку постојани инвестиции во човечки ресурси и современи работни практики, Витаминка ја зацврстува својата позиција како еден од лидерите не само во прехранбената индустрија, туку и како пример за општествено одговорна и развиена организација.
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија нуди студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија.
Кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16ти мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање во јуни. За повеќе информации ве молиме прочитајте на страната на амбасадата https://www.mk.emb-japan.go.jp/itprtop_en/index.html
За дополнителни информации: [email protected]
На 22 април 2025 / вторник/ од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи целовечерниот концерт „Враќање“ на кој ќе настапи Трио Интерарт.
Емилија Ристевска Стефановска – флејта,
Александар Стефановски – флејта,
Татјана Божиновска – пијано
На програмата се дела од:
D. Schostakovich,
E. Doppler,
S.Petrovski,
A.B. Furstenau,
B.I. Clarke