дома блог страница 2887

Охрид ќе биде преполн за Нова година: Еве како се движат цените во Балканскиот Ерусалим

Охридските хотелиери и угостители ги привршуваат подготовките за што поуспешен пречек на гостите кои ќе решат тука да ги минат новогодишните празници, уште повеќе што најавите укажуваат на зголемен интерес кај туристите за дочек на Новата 2020 година на охридското крајбрежје.

Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници слични на изминатите години, со цени до 160 евра за три дена со свечен дочек на Новата година, зависно од понудата и категоријата на објектот.

Речиси распродадени се сместувачките капацитети на хотелите „Инекс“, „Силекс“, „Гранит“, „Метропол“, „Белви“, „Милениум Палас“, а најбројни и овојпат ќе бидат гостите под соседството, пред се Бугарија и Србија. Ќе има и гости од Црна Гора, Косово, Грција, како помал број гости од Полска, Словенија, Турција.

Во некои од хотелските капацитети се уште има слободни места, но бројот секојдневно се намалува поради се поголемиот интерес со приближувањето на празниците. Она што е можеби поразлично од минатото е што се поголем број гости ги менуваат навиките да бараат слободни места во последен миг, односно навремено прават резервации за тоа каде ќе ги минат празниците.

Организирано Новата година ќе се чека и во охридски ресторани, со цени слични на минатогодишните, до 50 евра со богато мени и неограничен пијалок. Има и поевтини понуди, но зависно од бројот пијалоци, понудата, забавата, реномето на локалот. Дел од угостителите ќе работат според варијантата на отворен влез, со редовни цени на храната и пијалоците.

Забава ќе има и во ноќните барови и кафулињата кои одат со најразлилни понуди. Како пример, „Ликвид“ новогодишната забава ја нуди за 999 денари со влез, апетисани, овошје, два пијалоци и одлична забава.

Кога станува збор за домашните гости, тука пред се доаѓаат оние кои имаат свои станови и куќи во Охрид така што не се очекува позначајна заработка кај приватните станоиздавачи и издавачи на соби. Кај нив цената на сместување изнесува од 400 денари за легло и од илјада до над три илјади денари за апартман дневно, зависно од локацијата, големината, бројот на легла и категоризацијата.

Што се однесува на дочекот на отворено, оваа година за забавата на Градскиот плоштад ќе бидат задолжени Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“. Понудата дополнително ќе биде збогатена со лизгалиштето на мраз поставено веднаш до плоштадот.

Инаку, градот е веќе свечено украсен, чаршијата блесна со реквизити, светлечки украси се поставени и на дел од улици во централното градско подрачје, така што се е подготвено за „најлудата“ ноќ во годината.

Пред нас е најдолгата ноќ во годината: Се смета дека е магична, искористете ја

Во астрологијата, Сонцето ја претставува виталноста на мажот, неговите специфичности и духовните компоненти. Периодот на краткоденицата е обнова на енергијата. Овој ден треба да се искористи за планирање на нови идеи кои треба да се реализираат во наредната година.

Овој ден поволно е елката да се украси со жолти, златни, црвени и портокалови украси, бидејќи тие носат богатство и просперитет во нашата куќа.
Според древната легенда, сите желби и мисли во ноќта на зимската краткодневица ќе бидат исполнети.

Уште од минатото, краткоденицата е симбол за почетокот на следната фаза во животот на човекот.

Според верувањата, зимската краткоденица е ден кога Сонцето повторно се раѓа. Овој ден е идеален за разни обреди и ритуали, бидејќи го обележува раѓањето на новиот живот.

Саморазвојот, стекнувањето на духовен развој и многу други постапки кои се прават во овој ден, имаат благотворно влијание на човечкиот живот.

Зимската краткоденица, а посебно ноќта, е идеално време за анализа, нови планови и желби, односно промена која е во состојба да донесе подобрување на секоја личност, искористете ја.

Мицкоски најави покачување на пензиите два пати годишно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со порака до пензионерите од денешниот народен собир.

-За пензионерите ветувам враќање на стариот модел, каде што два пати годишно растеа пензиите. Тоа што им го укина Зоран Заев заедно со Мила Царовска. Раст на пензиите според трошоците за живот и порастот на просечната плата во Македонија, два пати годишно. Се обврзуваме дека тоа ќе го направиме, порача тој.

Магија на Ноле: Дали е ова најдобриот поен? (Видео)

Вториот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се подготвува за следната сезона. Пред празниците, Ноле игра егзибициски мечеви во Абу Даби. На мечот против Кашанов, Србинот го изведе можеби најдобриот удар. По неколку размена на удари на мрежа, Ноле успеа да врати топче од позади грб.

Погледнете.

Влатко Миладиновски сними нова прекрасна композиција и видео спот и ја посвети на сите Македонци кои живеат во странство (ВИДЕО)

Влатко Миладиноски посвети песна на сите македонци кои живеат надвор од родната земја. “Се вратив сине” доби и спот, кој се снимаше во Швајцарија, а дел и во Македонија – oбјави порталот “Естрада Плус”

Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон да се вратат назад да живеат и творат во Македонија. Каде и да се, низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја. Токму ова, го отпеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата песна “Се вратив сине” – пишува порталот.

Изјавата на Миладиноски за песната и спотот прочитајте ја ТУКА

Скопјани правеа жива елка за Гинис, ќе почекаат за официјална потврда дали го cpyшија рекордот

Плоштадот „Македонија“ денеска беше местото каде што скопјани се обидоа да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов најави дека снимките од настанот ќе бидат испратени, по што ќе се чека одговор дали е срушен Гинисовиот рекорд.

-Заедно со скопјани се обидуваме да го срушиме Гинисовиот рекорд за најголема елка направена од живи луѓе. Благодарност до сите скопјани што учествуваа во оваа предновогодишна манифестација бидејќи идејата на сите ни е иста, а тоа е нашиот град да биде градот каде е направена најголемата жива елка во светот, изјави Шилегов.

Тој информира дека се направени дронски снимки од настанот, кои ќе бидат испратени и ќе се чека одговор.

-Направени се снимките тие ќе бидат пратени. Очекуваме деновиве да добиеме одговор дали успеавме да го срушиме Гинисовиот рекорд. Стариот е околу 4.020 лица. Ние таргетиравме 5.500. Не успеавме да ја стигнеме таа бројка, но во секој случај по она што го видов од дронските снимки, мислам дека успеавме да го надминеме рекордот. Да почекаме тоа да биде и официјално, рече Шилегов.

Формирањето новогодишна елка од луѓе, како што соопштува Град Скопје, е дел од програмата на „Винтерленд“.

Настанот е биде збогатен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и „Нонстоп“.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година.

Мислеше дека ќе биде лесно: Се обиде да ограби старица, но вако нешто не очекуваше (ВИДЕО)

Надзорните камери снимиле необична сцена во Велика Британија кога една девојка се обидела да ограби баба која подигнувала пари од банкомат.

Тоа што следело за многумина било изненадување. Бабата Доерен Џонс храбро се одбранила од непознатата жена.

„О, не! Нема да ги земете моите пари. Премногу работев за нив“ – рекла бабата во некое интервју, пренесуваат од „Klipland“.

Госпоѓата Џонс за време на инцидентот се ноѓала на улицата High Street во Блекхилт каде што околу десет часот наутро се обидела да ја подигне својата пензија.

На снимката се гледа како непознатата жена ѝ приоѓа и прво нешто ѝ зборува, а потоа нагло се обидува да ја турне за да ѝ ги земе парите.

Жената не знаела дека се обидува да нападне погрешна жртва.

Погледнете го видеото:

Еуфорија: “НИКОГАШ северна, само МАКЕДОНИЈА”, грмеше денеска во “Јане Сандански” (Видео)

Попладнево во спортската сала “Јане Сандански” во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ под мотото “Обновата доаѓа”, одржа голем народен собир.

Во преполната сала се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, а непосредно пред неговото обраќање присутните во еден глас загрмија: “Никогаш Северна, само Македонија”.

Погледнете:

Македонскиот Олимписки Комитет си го смени името

Македонскиот олимписки комитет со одлука на Собранието на оваа спортска организација, си го смени името и од денеска се вика Олимписки комитет на С. Македонија, или скратено ОКСМ.

ОКСМ си го смени и статутот, а промената беше направена по барање на Интернационалниот олимписки комитет, и во координација со ИОК.

Сега Собранието ќе брои 53 членови, од кои 29 ќе бидат од спортски федерации кои се од олимписки спортови, додека останатите делегати ќе бидат од спортови кои ги нема на олимписката програма.

Васил Тупурковски кој е претседател уште од формирањето во 1992 година, останува на чело до Олимписките игри во Токио следната година, а за потпретседатели се поставени претседателите на боксерската и кошаркарската федерација, Примислав Димовски односно Перо Антиќ.

Салата “Јане Сандански” исполнета до последно место: Присутните во еден глас “Никогаш Северна” (ФОТО/ВИДЕО)

Салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде денес ВМРО-ДПМНЕ организира собир, е преполна.

Свое обраќање во моментов има претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

преполната сала пред обраќањето на Мицкоски грмеше во еден глас: “Никогаш Северна, само Македонија”.