дома блог страница 2886

Карлеуша како ceкcи баба мразица: Од ова нејзино издание боли глава (ФОТО)

Јелена Карлеуша им ја разгоре фантазија на бројните фанови со новата фотографија што ја објави на социјалните мрежи. Позира во минијатурна проѕирна долна облека, а на главата носи новогодишна капа.

„Мил, Дедо Мраз, можам да објаснам“, напишала познатата пејачка.

Фановите ја затрупале со коментари и и порачале дека изгледа многу добро.

Еве ја и фотката:

Велешанец се обидел да запали kaзино

На 22.12.2019 во 01:00 часот во Велес на ул.„8 Септември“ бил лишен од слобода Б.Ќ.(56) од Велес, бидејќи се обидел да предизвика пожap во kaзино.

Додека се обидувал да опожapи дел од инвентарот во казиното, тој бил спречен од полициски службеници и бил пpиведен во полициска станица.

По целосно pacчистување и документирање на случаjoт, пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк.

Дpaма во клиничката болница во Битола, пpиведен жител од прилепско

На 21.12.2019 во во СВР Битола бил пpивeдeн Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пpиjaва на бomбa.

Според пpиjaвеното, тој во 14.17 часот од непознат број, телефонски пpиjaвил бomба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пpиjaва, а по пpeземени мepки утвpден бил идентитетот на лицето кое се јавило.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат во дневниот билтен на МВР.

На детската радост и нема крај: И подарија „најлош“ подарок, а нејзината реакција им ги стопи срцата (Видео)

Родители сакале да се пошегуваат со својата ќеркичка па и го подариле „најлошиот Божиќен подарок досега“.

Но, тие беа изненадени од нејзината воодушевена реакција, која потоа стана хит на социјалните мрежи.

Американскиот влогер на Јутјуб каналот Lgndfrvr и ’даде на ќеркичката Арија завиткана банана, а нејзината реакција беше бесценета. „Банана, банана“, извикува воодушевено девојчето.

„Ова е најслатката реакција што покажува дека како родител може да направите одлична работа “, е само еден од коментарите.

Скоро 100.000 луѓе го гледале видеото само на Јутјуб, а откако тоа стана вирално, YouTuber се пофали со него во своето последно видео.

“И СДСМ почна да се срами од придавката Северна?”

Иако нивниот лидер, министрите, пратениците и функционерите во секоја прилика се служат со новото државно име и постојано го потенцираат, тоа за жените на СДСМ во Прилеп очигледно не важи.

Имено, Форумот на жени при ОО СДСМ Прилеп во пресрет на празниците организирале хуманитарна акција за собирање на топла облека, обувки, покривки, постелнина на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови.

Па еве што напишаа:

“Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денеска ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце”.

Акцијата истовремено се одвиваше во сите градови на Македонија во организација на општинските форуми на жени на партијата.

Целта на акцијата беше да се обезбеди топла облека, обувки, покривки, постелнина на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови. Форумот на жени од СДСМ Прилеп и оваа година ја покажа својата солидарност и хуманост.Хуманитарните активности ќе продолжат и деновиве со хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Благодарност до сите што помогнаа во реализирањето на нашата активност”.

(Видео) “Мисли дека не го гледам”: Погледнете како изгледа кога човек ќе биде “нападнат” од лав

Ова видео стана вистински хит на социјалните мрежи и ќе видете зотшо штом го погледнете.

Швајцарецот Дин Шнајдер, кој живее во Јужна Африка повеќе од две години, волонтира во центарот Хакун Мипак, во кој се чуваат лавови, зебри, антилопи, хиени и бабуни, сите во посебен простор.

Шнајдер е бизнисмен кој одлучил да се пресели во Јужна Африка и да изгради пријателство со многу диви животни.

“Мисли дека не го гледам”, вели тој во видеото, а потоа лавот го “напаѓа” на најсладок можен начин.

(Видео) Хрватска во бело, но не поради снег: Град паѓал половина час, интервенирале и пожариникарите

Силно невpeме, попратено со град вчера зафати дел од Далмација од Биоград до Книн.

Нajлошо било во Пакоштани, каде град паѓал и половина час, а поради голема количина на град интервенирале и пожарникарите.

Силен дожд го погоди и северен Јадран, на неколку мерни станици измерено е повеќе од 200 литра дожд на квадратен метар.

Денес се слави Зачнувањето на Света Ана: За многу години!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9-ти декември. Денеска е Зачнување на Света Ана.

Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана Црквата ги нарекува богоотци.

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица.

Свети Јоаким поживеа на земјата осумдесет, а Ана седумдесет и девет години и се преставија кај Господ.

Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак жените кои имаат проблем со зачнување треба да одат во манастир да се молат. Некои таму остануваат и по три дена.

Постои обичај, мајките со женските деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел и просо за да ја зачуваат куќата од зли духови.
Жените не работат во текот на денот, а некои бдееат цела ноќ додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат велат: Слушам, слушам петле, свое чувам селско збирам“.

Фотографија која ќе ви го pacпapчи cpцeто: Девојче си ги гpee смpзнaтите нозе на аycпух од автобус

Српскиот портал „Телеграф“ сподели објава од Фејсбук групата „Глас Пазара“, која ќе ви го pacпарчи cpцето.

Ова девојче има само една желба – да се стопли, а не му е важно на кој начин.

-Таа си ги грее ноџињата на ауспух. Господе смилувај им се на сиромашните и бегалците ширум светот! А, ние сме неблагодарни на овие благодети што ги имаме, на греењето на дрва, на пелетите, на струјата, и сакаме да јадеме ова или она…, пишува под фотографијата.

Се сеќава ли некој на оваа легендарна прилепска продавница?

Одама се произведувало ракија и вино, но и безалколни пијалоци во државната фирма “Црвени стени” со визбата на улицата “Ленин” и со магацинот со огромни буриња во близина на катната гаража.

По ослободувањето, Комитетот решил да никне фирма за преработување грозје во вино и ракија и да го пакува. Тешко одел бизнисот со прибирање грозје од приватните лозја.

Впрочем, прилепчани се тутунари, а не и лозари, уште помалку мајстори за вино. Не им е позната енологијата. Планот, сепак, нужно било да се остварува со кавадаречко грозје, кое се преработувале и во ракија и се продавале алкохолни пијалоци во неколку дуќани. А виното, се нудело и на литар, наливно.

Фирмата, видела не видела дека не може да се носи со тиквешките визби, се ориентирала на безалкохолни пијалоци. Првин, по рецептот на познатите газозаџии, Чешларовци и Сугаревци, полнела газоза во шишиња. Потоа го проширила асортиманот со сокови од екстракт од портокал – оранжада.

Во малата конкуренција добро кинисало производството сокови, но и тој бизнис како винарството пропаднал со времето на Пепси.

Извор: “Неделник Зенит”