Пред нас е најдолгата ноќ во годината: Се смета дека е магична, искористете ја

Во астрологијата, Сонцето ја претставува виталноста на мажот, неговите специфичности и духовните компоненти. Периодот на краткоденицата е обнова на енергијата. Овој ден треба да се искористи за планирање на нови идеи кои треба да се реализираат во наредната година.

Овој ден поволно е елката да се украси со жолти, златни, црвени и портокалови украси, бидејќи тие носат богатство и просперитет во нашата куќа.
Според древната легенда, сите желби и мисли во ноќта на зимската краткодневица ќе бидат исполнети.

Уште од минатото, краткоденицата е симбол за почетокот на следната фаза во животот на човекот.

Според верувањата, зимската краткоденица е ден кога Сонцето повторно се раѓа. Овој ден е идеален за разни обреди и ритуали, бидејќи го обележува раѓањето на новиот живот.

Саморазвојот, стекнувањето на духовен развој и многу други постапки кои се прават во овој ден, имаат благотворно влијание на човечкиот живот.

Зимската краткоденица, а посебно ноќта, е идеално време за анализа, нови планови и желби, односно промена која е во состојба да донесе подобрување на секоја личност, искористете ја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.