Мислеше дека ќе биде лесно: Се обиде да ограби старица, но вако нешто не очекуваше (ВИДЕО)

Надзорните камери снимиле необична сцена во Велика Британија кога една девојка се обидела да ограби баба која подигнувала пари од банкомат.

Тоа што следело за многумина било изненадување. Бабата Доерен Џонс храбро се одбранила од непознатата жена.

„О, не! Нема да ги земете моите пари. Премногу работев за нив“ – рекла бабата во некое интервју, пренесуваат од „Klipland“.

Госпоѓата Џонс за време на инцидентот се ноѓала на улицата High Street во Блекхилт каде што околу десет часот наутро се обидела да ја подигне својата пензија.

На снимката се гледа како непознатата жена ѝ приоѓа и прво нешто ѝ зборува, а потоа нагло се обидува да ја турне за да ѝ ги земе парите.

Жената не знаела дека се обидува да нападне погрешна жртва.

Погледнете го видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.