дома блог страница 2888

Три работи кои мора да ги направите пред Нова година

Десет дена пред Нова Година, започнуваме да анализираме што сме направиле годината што изминува и што ќе правиме во годината што следи.

И токму затоа, убаво е да се направи кратка листа која ќе не мотивира и инспирира за поубава година.

1. Листа на најголемите достигнувања во 2019 година!

Листата на одлуки за новата година не мора секогаш да има работи кои сте ги направиле погрешно или пак цели кои не сте ги оствариле, а сте требале. Напротив, пописот кој сите ние треба да го направиме е оној на кој сме горди и кој ги содржи сите убави работи во годината која заминува.

2. Листа на се она што сте благодарни

Нова година е време кога размислуваме што мора да смениме во животот. Но, пред да почнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе се гордеете. Направите попис на работите кои ви се случиле во 2019 година, а на кои може да бидете благодарни и насмејте се!

3. Листа на работи на кои ќе се веселите во 2020 година

Запишете пет работи (мали или големи) кои едвај ги чекате во Нова година. Како на пример венчавката на пријателката (или сопствената), продолжението на филмот или серијата кое го чекаш со нетрпение, можеби дипломата, патување за годишен одмор.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: „Обновата доаѓа“- народен собир организиран од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира голем народен собир.

Настанот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток во 14 часот.

„Правда, Принципи, Промени, Победа за Обнова на Македонија! Ова се нашите вредности, ова е патот за нова надеж и шанса за Република Македонија. Салата Јане Сандански е подготвена за Обновата!“, порачува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

На собирот ќе се обрати партискиот претседател Христијан Мицкоски.

Настанот можете да го следите во живо, од 14 часот, на линкот кој ви го пренесуваме во продолжение

Овој хороскопски знак ќе биде најсреќен во 2020 година

Кога станува збор за астрологијата, 2020 година ветува големи промени, нови почетоци, но и предизвици.

Сепак, еден знак апсолутно ќе доминира во полето на среќата, а наредниот период ќе му донесе незаборавно искуство во животот. Ако сте родени во знакот на Јарец, припремете се за феноменални настани кои ќе ви ги донесе годината која е пред нас.

Јупитер, планетата на среќата и богатството на 2-ри декември влегува во знакот на Јарец и ќе се движи низ него во текот на целата наредна година. Со оглед дека Јупитер со својот транзит оплеменува по еден знак секоја година (секоја година поминува низ еден хороскопски знак), нема повторно да биде активен во знакот на Јарец сè до 2032 година.

Јупитер симболизира експанзија, раст и напредок. Во комбинација со планетата на Јарецот – Сатурн, кој претставува ограничување, одговорност и обврски, во 2020 година сите видови на лимити ќе бидат “побиени”, а во наредните 12 месеци Јарците ќе доживеат рапиден успех кој ќе се одрази на сите полиња.

Ваквата позиција на планетите на Јарците ќе им донесе здрава доза на оптимизам. Потполно исполнети на сите полиња, ќе имате шанса да си ја вратите самодовербата низ нови прилики кои ќе ги добиете на професионално поле, а хороскопот вели и дека ќе сретнете една личност која ќе има огромно влијание врз вас и ќе ве промени на подобро.

Животот тотално ќе ви се промени, ќе ви се отворат нови хоризонти и потреба за авантура, а воедно ќе постигнете и хармонија помеѓу душата и телото.

Затоа, Јарци – припремете се за неверојатна година и искористете ги сите потенцијали кои таа ги пружа.

(Видео) За многу кратко време ќе ги објавиме доказите за “Peкет” кои водат до Заев: Сеуште им даваме шанса на пpaвоcyдните opгани

Потпретceдателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за материјалите поврзани со случајот „Рekет“ кои ги најави лидерот на пapтијата, Христијан Мицкоски.

Николоски рече дека тие материјали се доставени до нив од свипкачи на кои, како што рече, им е преку глава од кpиминалот и kopупцијата.

„Тие документи говорат за далеку поголема инволвиpaност, лично на Зоран Заев, и на луѓе околу него, од ова што сега е познато во jaвноста. Имајќи предвид дека cyдскиот процес почна, ние се уште даваме шанса на пpaвосудните органи, сите овие факти да ги презентираат во cyдот. Доколку не го направат тоа, а како што ми стои сега, мислам дека нема да го направат, за многу брзо, кога велам многу брзо, мислам на недели а не на месеци или години, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде приморано да излезе во jaвноста и да ги презентира истите“, рече Николоски.

Во однос на изјавата на Орце Камчев кој демантиpaше вмешаност на Заев, Николоски прашува дали премиepот навистина пријавил во Обвинителството за организиpaн kpиминал и kopупција, алудирајќи на тоа дека нема koпија од пријавата, како и дека баш поради тоа решил да го тужи.

„Уште една пpoвокација. Дали Зоран Заев ќе сведочи во „Рekeт“? Досега не сме го виделе дека е поканет да сведочи, а некако ниту самиот не се нафаќа јавно да понуди да сведочи. Зошто не излезе во јавност и да каже – јас би сакал да сведочам и да кажам што знам“, рече Николоски.

На забелешката дека тоа е работа на обвинителството или на одбраната, Николоски рече дека ниту едните ниту другите не би го викнале бидејќи им е страв од него, па затоа најдобро би било сам да понуди да сведочи.

„Мислам дека не го прави тоа затоа што многу лесно може од сведок да стане обвинет, и затоа се обидува вака да се испepeе, мене да ми поднесува тyжби, да прави пр дека тој пријавил а не пријавил и да не се појавува во cyдскиот спор“, рече Николоски.

Николоски вели дека постојат материјали поврзани со случајот „Рekет“ коишто водат до Заев.

Ова е навидум обична елка, но погледнете подобро од што е направена (ВИДЕО)

Погледнете го божиќното дрво направено од илјадници Лего коцки.

Дрвото е високо 8 метри, а дури и подароците под „елката“ се направени од популарните коцки.

Изработката на ова божиќно дрво траела неколку недели, само ангелот на врвот од елката е изграден од 4,000 коцки.

Пулексенија Јованоска од Прилеп избрана за најдобра спортистка во индивидуален спорт на “Вечер за жени во спортот” (Видео)

Синоќа во хотелот “Мериот” во Скопје по втор пат се одржа манифестацијата “Вечер за жени во спортот”.

Манифестацијата има за цел промовирање на женските успеси во спортот кај нас, а е во организација на граѓанската организација “Такт”, која се залага за унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт.

Спортски статуетки за достигнувања во спортот се доделија во 12 категории, а во категоријата најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година беше избрана Пулексенија Јованоска од Прилеп.

Нејзиното обраќање на манифестацијата можете да го проследите во продолжение:

Кај нас чекаме на донација од некоја фирма, а еве како тоа се прави во Србија (ФОТО)

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, вчера присуствуваше на примопредавањето на 20 противпожарни камиони и 60 теренски возила на Секторот за вонредни ситуации, кои министерството за внатрешни работи на Србија ги набави со цел унапредување на работата на пожарникарите.

Министерот притоа истакна дека вкупно од почетокот на 2019 година, Министерството за внатрешни работи на Србија, набавило 46 противпожарни спасувачки камиони, 185 теренски возила, 19 комби возила и 54 патнички возила за сите организации на Секторот за вонредни ситуации.

Покрај набавката на возилата, министерството набавило и 2.350 комплетно нови интервенти униформи за секој пожарникар во државата.

Maкедонија одново има победник: Даниел Кајмаковски по втор пат победник на шоуто “Твоето лице звучи познато”

Даниел Кајмаковски и Ивана Петерс се победници на суперсезоната од шоуто “Твоето лице звучи познато”.

Синоќа се одржа финалната вечер на едно од најгледаните шоуа на Балканот, а нашиот Даниел Кајмаковски е по втор пат победник, откако неговиот заеднички настап со Ивана Петерс доби најмногу гласови преку СМС пораки.

Даниел И Ивана во финалето се претставија како Нели Фуртадо и Џејмс Морисон, а за победата освоија чек во вредност од 25.000 евра. Тие настапуваа како тим од третата сезона на ова популарно шоу.

Овие пари тие ќе ги донираат за лекување на двегодишно момче од Србија, за кое во текот на емисијата дознале преку веб сајтот “budihuman.rs”.

Во жири комисијата во финалната вечер беа и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, како и еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Харис Џиновиќ.

Прилепските гимназијалци ставија маски и излегоа на пpoтecт: “И нас ни смета” (ФОТО)

Средношколците од СОУ Гимназија “Мирче Ацев” од Прилеп, се приклучија на протестот против аерозагадувањето наречен “Зелена револуција”.

Учениците останаа на настава, но го искажаа својот револт носејќи заштитни маски со порака “И нас ни смета”.

-Аерозагадувањето е сериозен проблем за кој мора да се преземе нешто во најскоро време – велат учениците од прилепската гимназија.

Учениците биле поддржани и од дел од наставниците и директорот.

Стевананџија: “Колега, не се плашете, нема казна ако речете Македонија од говорница” (Видео)

На денешната седница на Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија му реплицираше на колегата пратеник од СДСМ, Далибор Богдановски.

“Посреќни сте кога од оваа говорница ќе изговорите Северна Република Македонија со акцент на првиот слог? Што толку ве исполнува Северна Република Македонија? Зошто? Која е казната ако речете Република Македонија? Граѓаните не сакаат да го слушаат тоа име”, рече меѓудругото во својата реплика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.