дома блог страница 2854

Најубавото нешто што ќе го видите денеска: “Фан Продукција” на прекрасен начин ги долови насмевките на 500 деца (Видео)

По четиринаесетти пат вчера во Прилеп се организираше манифестацијата “Божиќен ручек”, a организатор е “Детската Амбасада за сите деца во светот”.

Овој настан повторно на едно место собера 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада.

Христовото раѓање и оваа година беше одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки.

Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата одново предизвикаа воздишки кај сите присутни и на најубав начин го доловија раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.

Настанот на најоригинален начин го долови Зоран Пиловски од “Фан Продукција”. Ова со сигурност е најубавото нешто што ќе го видите денеска:

Eвропската куќа на ракометот во пресрет на ЕП го претстави Кире Лазаров со видео од кое боли глава

Eвропската куќа на ракометот направи одлично видео за нашиот капитен Кире Лазаров и неговите досегашни успеси на европските и светските првенства, како и Лигата на шампионите.

Роден е на 10.05.1980 година, а деби настапот за Македонија го имал на 23.09.1998 година против Белгија. Во кариерата има одиграно 204 натпревари за Македонија и има постигнато 1431 погодок.

Повеќе од 20 години е репрезентативец на Македонија, а во својата кариерата ги држи рекордите за најмногу постигнати голови на едно европско и светско првенство.

На Европското првенство во 2012 година, Кире постигна 61 погодок, а на Светското во 2009 година дури 92.

Кире е прв играч во Лигата на шампиони кој стигнал до бројката 1000 погодоци и го држи рекордот на најмногу постигнати голови во фазата “Фајнл фор”.

Има посетено над 500 спортски натпревари ширум Европа: Интервју со најголемиот македонски тифоз и вљубеник во спортот (Фото галерија)

Во пресрет на Европското првенство во ракомет кое стартува во петок, направивме интервју со Наце Митев, Македонец од Струмица кој е еден од најголемите наши тифози. Во својот живот има посетено над 500 натпревари во фудбал, ракомет, хокеј…. Гледал голем број европски гиганти, а со цело срце навива за Барселона и РК Вардар. Ги разгледавме неговите фотографии на социјалните мрежи и единствено може да се каже дека овој човек е полн со љубов за спортот, но и за својата татковина која редовно ја промовира виорејќи го македонското знаме и сонцето од Кутлеш.

1. Наце на колку натпревари досега си присуствувал надвор од Македонија?

– Најпрво би ги поздравил вашите читатели, сите верни и страсни вљубеници во спортот. Бројката на проследени натпревари е голема и надминува над 500.

2. За кој клуб навиваш?

– За најдобрите ФК Барселона, често ги следам натпреварите во живо, и сум член на единствената официална пења на ФК Барселона во Македонија “ПБ Сис Копес Струмица“. Исто така омилен клуб ми е и РК ВАРДАР.

3. Кој натпревар од оние кои си ги гледал би го издвоил како највозбудлив?

– За мене секој еден натпревар без разлика од која лига е, претставува посебно доживување. Ги има повеќе, но еден со сигурност можам да издвојам, а тоа е полуфиналниот натпревар помегу РК Вардар и Барселона во Келн, кога РК Вардар се пласираше во финалето и потоа ја освои шампионската ЕХФ лига и по втор пат не израдува.

4. Чии навивачи според тебе се најжестоки и најпожртвувани за својот тим?

– Најжестоки и најпожртвувани без конкуренција можам да ги издвојам навивачите на Борусија Дортмунд или “жолтиот ѕид“, и заслужуваат голем респект. Но, во оваа конкуренција би ги додал и фановите на Унион Берлин, “U.N.V.E.U“.

5. На секој натпревар каде што одиш го развиоруваш македонското знаме, како и сонцето од Кутлеш. Што значи тоа за тебе?

– За мене како горд Македонец е огромна чест и задоволство, но на некој начин чувствувам и обврска да ја претставувам и промовирам Македонија, истакнувајќи го државното знаме, но и нашето национално знаме со сонцето од Кутлеш. И сакам да испратам порака на еден мирољубив начин “НЕ ИМАЛО, ЌЕ НЕ ИМА“, на некој начин потсеќање за сите оние кој сакат да ја уништат Македонија.

6. Си успеал ли досега да се запознаеш со некоја позната фудбалска ѕвезда или тренер?

-Тоа е предноста на големите натпревари, со повеќе светски имиња се имам сретнато. Меѓу кои тренерот на Ливерпул и актуелен европски шампион Јирген Клоп, најпосакуваниот дефанзивец на сите времиња Хавиер Занети од кој добив и автограм, светскиот шампион во Формула 1 Себастиан Фетел, од кого исто така добив автограм.

7. Што претставува фудбалот за тебе, какви чувства ти предизвикува присуството на стадионите?

– Фудбалот претставува една бесконечна дружба и пронаоѓање нови пријатели од различни земји, чувствата се неопишливи, кој будат емоци и големи дози на адреналин, со тоа што негативната енергија ја оставаме на стадионите и си заминуваме со полни батерии и нови спомени. За жал денес во време на еден тон негативни влијанија, ретко се доживуваат сите овие чувства на едно место и во исто време.

8. Што се планираш да проследиш во Новата 2020 година?

– Во 2020 планирам да продолжам најмалку со исто темпо, да ја започнам со Европското првенство во ракомет и да ги бодрам нашите ракометари во Виена, сите бундеслигашки натпревари на Хофенхаим и Франкфурт, бидејки имам сезонски карти, како и неколку натпревари на Маинц 05 и неколку натпревари на Барселона. Е сега тоа ми е голем проблем што на ист датум се поклопуват финалињата на Лигата на шампиони во фудбал и ракомет, па тешко е да се одлучам дали да патувам во Келн и да го бодрам РК Вардар, или да патувам во Истанбул и да ја гледам Барса. И се разбира ракометните бундеслигашки натпревари каде настапуваат голем број наши ракометари.

9. Освен фудбал дали има и други спортови кои редовно ги следиш?

– ДА. И тоа стално ги следев натпреварите на Рај Некар Ловен каде настапуваше нашиот Филип Талески, сега ги следам натпреварите на Лудвигсхафен и Мартин Томовски, Формула 1 кога се одржува во Германија, кога сум слободен и нема други спортски активности ги следам и натпреварите во хокеј на шампионот на Германија “Адлер Манхајм“, кога има во близина моторни спортови, сум присутен и на тие настани. Слеам и женски ракомет.

10. Од твоите фотографии може да се забележи дека имаш голема колекција на шалови и дресови. Колку парчиња имаш собрано досега?

– Со моите дресови и шалови сум и емотивно врзан. Ме враќаат назат во времето кога сум присуствувал на одреден натпревар, секој си е приказна сама за себе. Колекционер сум на шалови, а моментално мојата колекција брои 94 шала. Исто така колекционер сум и на Дресови ги имам повеке од 40 од кои неколку ми се поклон од спортистите.

-За крај им ја честитам Новата 2020 година на вашите читатели со желба за здравје, среќа и безброј убави мигови. Сакам да упатам апел до сите навивачи и спортски љубители “Спортот не трпи насилство“, разубавете го со фер навивање дури и кога губите.

Семакедонскиот поздрав ќе “блеска” од нашите херои на ЕП во петок

Maкедонија во петок со почеток од 20:30 часот против Украина го започнува својот пат на Европското првенство во ракомет.

Македонија игра во групата Б, каде освен со Украина ќе се сретне со Чешка и домаќинот Австрија.

Според првичните прогнози оваа група ни гарантира успех и пласман во втората фаза од првенството.

Во петок играме со најслабата репрезентација во групата каде од нашите момци ќе се очекуваат сигурни бодови.

Вториот натпревар црвено-жолтите го играат во недела со почеток од 16:30 часот против Чешка, а во вторник со почеток од 18:15 часот играме со домаќинот Австрија.

Од нашите момци се очекува како и секогаш жестока борба и бодови од секој натпревар. Ова е група во која со сигурност можеме да го заземеме првото место, а веруваме дека капитенот Кире Лазаров и дружината се подготвени за ваков предизвик.

МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА!

Бадник кој ќе се памети засекогаш! Македонија досега нема видено нешто вакво! Ова е убавина за срце и душа (Фото+Видео)

Небојша Петревски професионален фотограф од Гостивар со неговиот тим минатата година го доловија најубавиот Бадник кој Македонија некогаш го видела.

Прекрасниот настан се одржа во Гостивар, каде најпрво дента голем број деца ја поведоа бадниковата поворна низ улиците на градот, а вечерта имаше и бадникарски огномет од црквата Св. Богородица.

Ова е нешто што не се гледа секогаш, а благодарение на професионалноста на Небојша, Боби Лазарески, Александар Нешкоски и Оле Петровска, има што да видеме.

Настан како овој заслужува да биде споделен со публиката безброј пати!

Уживајте:

(Видео) Ноќевање во Чepнобил и доручек во познатата централа: Влегувате на сопствена одговорност!

Чepнобилската нykлeapна kaтacтpoфа од секогаш го привлекувала вниманието на јавноста, а по емитувањето на играната серија, местото на центрлата стана сериозна туристичка дестинација.

Меѓутоа, знаете ли како изгледа ноќевање во Чepнобил, што ќе ви послужат за доручек и како со решетки се спречуваат туристите да лутаат надвор од хотелот?

Токму за оваа атмосфера раскажува Виктор Шимуниќ.

“Во зоната на отворено не смее да се јаде и пие алkoxoл. Пушењето е дозволено само на посебно означени места. Ништо не смее да се спушта на подот. Поради можно pyшeње, забранет е влезот во зградата. Забрането е да се земаат било какви предмети од таа зона. Ништо не смее да се допира. Исто така, забрането е да се престојува во целата зона без придружба”.

Садио Мане го воодушеви светот со својата изјава: “Доаѓам од мало село и сигурен сум дека сите сега ме гледаат” (Видео)

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, вчера беше избран за најдобар африкански играч за 2019 година. Ова е прва награда за него како најдобар на континентот, а изминатите две години, наградата му припадна на неговиот соиграч од редовите на Ливерпул, Мохамед Салах.

Оваа сезона, Мане има одиграно 19 натпревари во Премиер лигата и забележано 11 голови и осум асистенции. Тој до наградата дојде со 477 гласови, односно 152 гласови во однос на Еѓипјанецот.

-Искрено, повеќе сакам да играм фудбал отколку да држам говор пред волку луѓе. Среќен сум и горд во исто време. И благодарам на мојата фамилија. Ова е голем ден за мене и сакам да му се заблагодарам на народот во Сенегал кој гласаше за мене. Доаѓам од малото село Бамбала и сигурен сум дека сите ме гледаат во моментов, истакна Мане при добивањето на престижната награда.

Алфа ТВ ексклузивно ги објави имињата на новите началници во МВР

12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа екслузивно го објавува списокот на рокадите.

1-Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски

2-СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски

3-СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски

4- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров

5-СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов

6-СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески

7-оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев

8-началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски

9-оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.

10-помошник министер на одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски

11- оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески

12. Помошник министр на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.

Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.

Абдула: “Градоначалникот на Прилеп со сопругата и пријателите за новогодишните празници престојуваа во Сараево”

Градоначалникот на Општина Прилеп за новогодишните празници престојувал во Сараево.

“Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски со пријателите престојуваше во Сараево за време на новогодишните празници, па остваривме средба. Сараево традиционално има добри односи со овој град од југот на Северна Македонија.

Разговаравме за актуелната ситуација во двете земји и инстатиравме дека постои волја за длабока соработка, и покрај слабата сообраќајна поврзаност”, напиша градоначалникот на Сараево на Фејсбук.

Очигледно на Јованоски не му пречи Северна како што не именувал неговиот колега од Сараево…

ДИК: Гласање во дијаспората само ако се пријават над 6.700 избирачи

Гласање во дијаспората за предвремените парламентарни избори ќе може да се спроведе доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи.

-Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората, појасни претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

Средствата кои се предвидени за оваа намена, рече, ќе се потрошат само доколку се исполни условот за да се организира гласањето во дијаспората.

На минатите избори, во двата круга, потсети Дерковски, за гласање во дијаспората биле потрошени скоро 28 милиони денари.