дома блог страница 2853

АНКЕТА: Каков пласман ќе имаат македонските ракометари на Европското првенство?

На 24 часа од стартот на Европското првенство за Македонија, прашуваме: “Кое е вашето мислење за македонската ракометна репрезентација на првенството?

[democracy id=”49″]

Вечно име Стефан, Стевчо, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка…

Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Овој Стефан беше Евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик.

Пострада од Евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.

Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

Сите камери свpтени кон неa: Преубавата полицajка го одвлече вниманието на прославата во Република Српска (Фото)

Република Српска денес слави 28 години од своето постоење, а централа манифестација се одржа на плоштадот во Бања Лука.

Припадниците на МВР и оваа година учествуваа во свеченото дефиле.

Сепак една од припадничките на МВР посебно привлече внимание со својот изглед и убавина, како на телевизииските камери, така и на социјалните мрежи.

За убавината на оваа девојка се зборува веќе втора година по ред.

Paздор во кралското семејство: Прицот Хари и неговата сопруга Меган се повлекуваат од кралските должности, а причината е следна

Повлекувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл од кралските должности е главната вест денес во британскиот печат, во кој се вели дека кралицата Елизабета не била информирана за одлуката.

Моделирано по поимот Брегзит, повлекувањето на двојката медиумите го нарекоа – „Мегзит“.

Кралското семејство било повредено и разочарано од одлуката, пренесува Би-Би-Си, и се додава дека Хари и Меган не се консултирале со ниту еден член на кралското семејство.

Во кратка реакција Бакингемската палата посочи дека ја разбира нивната желба за поинаков пристап, но дека „комплицираните теми“ ќе одземат време.

Тие дури и не и кажаа на кралицата – објави Дејли Мирор, повикувајќи се на неименуван извор кој додава дека парот покажал тотално непочитување кон кралското семејство.

Има повеќе прашања отколку одговори, пишува Би-Би-Си, повикувајќи се на некои од нив: каква нова улога ќе имаат Хари и Меган, каква врска ќе имаат со остатокот од кралското семејство, каде ќе живеат, што ќе прават, кој ќе се грижи за нивната безбедност …

Некои можеби ова го гледаат како пад на монархијата во 21 век, но од друга страна, Меган и Хари им пристапија на луѓето на кои ниту еден член на кралското семејство досега не ја освежи институцијата, наведуваат медиумите во Лондон.

Британскиот таблоид „Сан“ на насловната страница наведува дека кралицата е „длабоко потресена“ и дека заминувањето на Хари и Меган предизвикува „граѓанска војна“ во семејството.

Се тврди дека активирањето за нивната одлука било неодамнешното објавување на фотографија на кралицата Елизабета Втора со трите најблиски наследници на престолот: најстариот син Чарлс, внукот Вилијам и правнукот Џорџ.

-Таа фотографија е најјасен показател дека Хари и Меган не се сметаат за дел од иднината на институцијата. Од нивна гледна точка, од тој момент, веќе немаше смисла да бидат таму – изјавил еден извор за „Сан“.

Хари е шестиот по ред за наследување на тронот – зад принцот Чарлс, принцот Вилијам и неговите три деца.

Teшка cooбpaќajка на втор ден Божик во Прилеп

На 08.01.2020 во 13.00 часот на крстосница од ул.„Бошко Јанкоски“ и ул.„Цане Коњарец“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(63) од Прилеп и патничко возило „југо корал“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(63) од Прилеп.

Во незгодата Б.П. се здобил со тешки тeлecни повpeди, а со телecни повpeди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренeceни во Општата бoлницa Прилеп за укажување на лекapcка помош – информираат во дневниот билтен на МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Хороскоп: Бурен период за Водолијата, Вагата ќе ги реши проблемите

ОВЕН

Очекувајте дека во следниот период ќе успеете да ги остварите своите планови и да дојдете до мало унапредување. Потрудете се со саканата личнсот да остварите позтивина атмосфера. Чувајте се во сообраќајот.

БИК

Константно сте напнати и вашето расположение сосема негативно се одразува на ситуацијата во работното опкружување. Подготовени сте максимално да се посветите на личноста која ви значи. Најдете време за спиење.

БЛИЗНАЦИ

Очекувајте дека со надредените ќе остварите добра комуникација и дека лесно ќе доаѓате до добри работи. Мечтаете за личност која неодамна сте ја запознале, но не сте сигурни на кој начин да и пријдете. Можна главоболка.

РАК

Препорака е во текот на денешниот ден да водите сметка околу своите трошоци. Се двоумите, и не сте сигурни која личност да ја одберете за себе. Имате два(е) различни додворувач(к)и и секој ден ви е интересен. Чувствителен нервен систем.

ЛАВ

Доаѓате до можност да остварите подобра заработувачка и ќе ја искористите. Ве очекува поволен период за работа. Пред вас е поволен ден за емоции. Со саканата личност ќе ги остварите своите желби. Вкочанетост.

ДЕВИЦА

Ќе имате успех во своето поле. Генерално пред вас е период во кој може да имате позитивни решенија на ова поле. Немојте премногу да очекувате на полето љубов, затоа што денеска не ви е поволен денот. Проблеми со циркулација.

ВАГА

Ќе успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале на ова поле. Пред вас е фаза во која се можни позитивни решенија. Внимавајте на комуникацијата со саканата личност. Можни се чести караници. Одморајте што повеќе.

ШКОРПИЈА

Доколку прифатите нова понуда, ќе успеете да дојдете до големо унапредување на ова поле. Ве очекуваат позитивни случувања со личноста која ви значи. Искрено ќе и се препуштите. Добро се чувствувате во својата кожа.

СТРЕЛЕЦ

Нервозни сте, и не успевате да ја сокриете несигурноста која ја имате кога е во прашање вашето работно поле. Ако сте слободни, ве очекува познанство кое многу лесно би можело да ве носи до врска. Хронични проблеми.

ЈАРЕЦ

Имате исправен став околу работната ситуација во која се наоѓате и денешниот ден ви е поволен за нови одлуки на ова поле. Време е на личноста која ви се допаѓа, конечно, да и ставите до знаење како се чувствувате. Водете сметка околу исхраната.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува многу бурен период во кој ќе имате бројни работни промени. Успешно ќе го надминете периодот кој сте го имале со саканата личност. Задоволни сте, затоа што љубовта победува се. Проблеми со стомакот.

РИБИ

Патувањето кое сте го планирале, нема да ви биде корисно, на крајот ќе имате и беспотребен трошок. Можно е ново љубовно познанство како и проблеми ако веќе имате партнер(ка). Мали проблеми со дишните патишта.

Трет ден Божиќ: Православните христијани го пpaзнуваат Св. Стефан, заштитник на бoлнитe, стapите и сиpoмашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.

Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле.

Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.

Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград.

Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Мајсторија на Тони Крос за Реал Мадрид: Погоди директно од корнер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа во полуфиналето од шпанскиот Супер Куп ја совладаа Валенсија со 1:3 и си обезбедија финале.

Моментот на мечот се случи во 15-та минута кога Тони Крос погоди директно од корнер за водство на Реал од 0:1.

Погледнете ја оваа мајсторија:

Во финалето Реал ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Фотографијата на која кенгур гушка волонтерка што го спаси од пожapoт го обиколи светот, а сега се појави и видео и е уште поемотивно

За жал ние луѓето многу често не знаеме да ја изразиме нашата благодарност, но за среќа тука се животните да не потсетат на тоа.

Како што е познато Австралија е зафатена од пожapи кои поради временските услови уште повеќе се засилуваат, а во нив најпогодени се животните. Илјадници волонтери се мобилизираат и секојдневно помагаат во гасење на пожарите, но и во спасување на оние кои се најмалку заштитени.

Принцезата Аби како што ја нарекуваат, го започнува својот ден со прегратка од луѓето кои работат во засолништето за кенгури. Малата Абигејл ја загубила мајката во пожapот, а волонтерите ја пречекаа во засолништето со раширени раце.

Фотографијата од оваа емотивна прегратка на Аби со волонтерката деновиве предизвика лавина емоции ширум светот, а сега се појави и видео.

Погледнете:

Уште два дена до Европско: Распоред и саатница на натпреварите на Македонија

Европското првенство во ракомет започнува на 9-ти јануари. Континенталниот собир ќе стартува со мечот Белорусија – Србија, а Македонија својот прв меч го игра на 10-ти јануари со почеток во 20:30 часот против Украина.

Во Групата Б се наоѓаат уште Австрија и фаворитот Чешка.

Ова е распоредот:

10.01.2020 МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (почеток 20:30 часот)

12.01.2020 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА (почеток 16:00 часот)

14.01.2020 АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (почеток 18:15 часот)