Најубавото нешто што ќе го видите денеска: “Фан Продукција” на прекрасен начин ги долови насмевките на 500 деца (Видео)

По четиринаесетти пат вчера во Прилеп се организираше манифестацијата “Божиќен ручек”, a организатор е “Детската Амбасада за сите деца во светот”.

Овој настан повторно на едно место собера 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада.

Христовото раѓање и оваа година беше одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки.

Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата одново предизвикаа воздишки кај сите присутни и на најубав начин го доловија раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.

Настанот на најоригинален начин го долови Зоран Пиловски од “Фан Продукција”. Ова со сигурност е најубавото нешто што ќе го видите денеска:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.