Алфа ТВ ексклузивно ги објави имињата на новите началници во МВР

12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа екслузивно го објавува списокот на рокадите.

1-Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски

2-СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски

3-СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски

4- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров

5-СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов

6-СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески

7-оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев

8-началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски

9-оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.

10-помошник министер на одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски

11- оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески

12. Помошник министр на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.

Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.