дома блог страница 2851

Спасовски: Студентските домови да заличат на затвopoт во Куманово

Во емисијата „Утрински брифинг“ на “Слободна ТВ” интервју имаше Марјан Спасовски-Ефто директор на Казнено-поправната установа – затвор Куманово.

При своето интервју посочи дека студентите можат да позавидат на условите кои ги имаат затворениците во затворот.

-Јас би посакувал студентските домови во најмала рака барем да се приближи на затворот Куманово. Не знам каква е моментално состојбата за она што имам прилика да слушнам мислам дека можат да ни позавидат на условите кои ги имаме тука, истакна Спасовски.

Чудо во манастирот Св. Ксенија: Гулаб, симобол на Светиот дух, застана на Светата чаша (Фото)

Во манастирот Света Ксенија, во грчкиот град Алмирос, вчера за време на литургијата, кога монасите извикаа „Кога Ти, Господи, се крсти во Јордан …“, една гулаб, бегајќи од рацете на свештеникот, леташе над него и застана на Светата Чаша (Светата тајна Причест) на престолот. Чудо!

Гулабот е симбол за Светиот дух. Кога Исус се крштевал во реката Јордан се појавил бел гулаб.

Според евангелијата, откако Јован го потопил Исуса во реката Јордан и го крстил, од небото врз Исус се слегол Светиот Дух во вид на гулаб и се отворило небото, и Божјиот глас проговорил: Ти си синот мој возљубен. Овој настан се нарекува богојавление.

Во Евангелието според Лука Светиот Дух се појавува во форма на гулаб, па од тогаш гулабот е познат симбол во христијанската уметност за Светиот Дух. Вообичаената претстава е отворено небо над Исус и гулабот кој слегува врз Исус.

Извор: “Denesen.mk”

(Видео) “Џинот” на Вардар со “пpoeктил ја paзнece” одбраната на Шпанците

Данис Кристопанс и Летнија беа поразени од Шпанија со убедливи 33-22 на стартот на Европското првенство. Данис Кристопанс беше одличен, но неговите седум гола од десет обиди не беа доволни да се приреди изненадување.

Победата отиде на сметка на актуелниот првак, но голот на мечот го има токму вардарецот. Кристпанс испрати вистински пpoekтил и покажа дека џин од 215 см и 135 кг може да прави чуда. На крајот беше прогласен за играч на натпреварот.

Ведро и студено време, викендов дожд и снег

Времето во Република Македонија наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 1, а дневната од 6 до 13 степени.

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Совети за девојките: Еве како да преспиете со фризура, а да не ја растурите

Доколку сакате да ви потрае фризурата, следете ги овие совети.

Сите го имаат доживеано истото: сме ја исфенирале коса или сме направиле локни, но на крајот од денот мораме да преспиеме со оваа фризура. За и утредента да ја имате истата фризура, ти подаруваме неколку совети како да спиете, а да не ја расипете.

Доколку вашата коса нема добра подготовка во вид на стајлинг производи и алатки (стајлинг креми, пена, правилна големина на четка, добра температура на апаратот со кој правите локни), таа ќе се расипе за време на спиењето. Лакот за коса умее да биде прилично лош и да ја оштети вашата коса, па така наутро можете да се разбудите со сплеснати локни.

Пред спиење нанесете малку бебешка пудра или сув шампон околу линијата на косата. Овој трик ќе ви помогне да се упие вишокот влага од ноќното потење, кој предизвикува кратките влакна да се местат околу лицето. Наутро нежно исчистете го вишокот.

Кога се миете или нанесувате креми и серуми, тргнете ја косата настрана од лицето, за да го избегнете секое наводенување на истата. Во тоа може да ви помогнат плишените ленти за коса, кои ќе ти ја соберат косата од лицето. Уште еден супер совет е носење на капа за туширање.

Доколку сакате да го сочувате волуменот на локните, едноставно замотајте ја косата околу глава и зацврстете ја со шнолич. Наутро ќе имате преубави меки локни.

Кога ќе станете и ќе видите дека сте успеале да ја сочувате фризурата ќе мора и да ја освежите. Додајте им волумен на локните или пак на правата испеглана коса, со анти – фризз спреј за коса.

Извор: “Netpress.com.mk”

Маркукуле од Виена: Вака изгледаше првиот тренинг на ракометните херои пред денешниот дуел (Фото)

Македонските ракометни херои вечерва со дуел против Украина од 20:30 часот, го започнуваат шестиот настап на Европските првенства во ракомет.

Нашите момци синоќа го имаа првиот трениг и подготвени ќе го дочекаат денешниот дуел во кој според обложувалниците се големи фаворити.

Хендикеп за нашиот состав е повpeдата на Велко Марковски, која ја заработи на подготвителните дуели во пресрет на првенството.

Сепак, кај ракометарите владее една позитивна атмосфера и подготвеност за најновиот предизвик.

Во групата Б Македонија ќе се сретне уште со Чешка (недела 16:30ч.) и домаќинот Австрија (вторник 18:15ч.).

Виена е македонски град: 3.000 бројна Фаланга ќе ги запоседне трибините во поддршка на Македонија!

Преку Фејсбук групата Makedonier in Deutschland (Македонци во Германија), нашинците се огранизираат за денешниот прв натпревар од групната фаза на ЕП за Македонија.

“Почнувајќи од утре очекуваме Фалангата да ја освои Виена. Збирно место пред натпреварите е Cafe KiliS”, пишуваат ракометните љубители во оваа група.

Според информациите од трибинтие во салата “Штадахале” во Виена, македонските ракометари ќе имаат поддршка од најмалку 3.000 фанови.

Македонија првиот натпревар од групата Б го игра вечерва против Украина со почеток од 20:30 часот.

Прилепчанецот е хит во Лидс: Почнаа да му цртаат графити низ градот (Фото)

Eзѓан Алиоски, македонскиот репрезентативец кој е роден во Прилеп, сезонава растура во Чемпионшип лигата во Англија.

За својот клуб Лидс, Алиоски сезонава е речиси стандарден првотимец и има постигнато 5 погодоци и 2 асистенции. Тој е еден од омилените кај навивачите, па низ градот се појавија и графити со неговото име.

“Го сакаме Алиоски”, пишува на еден од графитите.

“Aко дадеш ас ќе ти купам ќебапи”: Ноле доби понуда од трибините за време на натпревар (Видео)

Машката тениска репрезентација на Србија оствари нова победа на новоформираниот АТП куп, а најголемо внимание привлече вториот рекет на светот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го совлада Кристијан Харин со 6:3, 6:3. Еден потег против Чилеанецот го насмеа популарниот Ноле, како и целата публика.

За време на вториот сет се подготвуваше да сервира, а од трибините стигна понуда.

“Ако направиш ас, ќе ти купам ќебапи”, порача еден од навивачите.

И самиот Ѓоковиќ се насмеа и одговори: “Задржи ги брате, не јадам јас”.

Ракометарите тргнаа на првиот тренинг, во автобусот ечи „Ја излези Ѓурѓо“ (ВИДЕО)

Борко Ристовски, нашиот репрезентативен голман на „Инстаграм“ сподели каква е атмосферата во автобусот додека одат кон салата, а во автобусот се слуша песната “Ја излези Ѓурѓо”.