Ведро и студено време, викендов дожд и снег

Времето во Република Македонија наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 1, а дневната од 6 до 13 степени.

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.